Број 3359  понеделник, 16 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Божидар Димитров фатен во корупција

Бугарскиот министер за дијаспора си прикачил и научна титула што не ја заслужува

СОФИЈА - Бугарскиот министер за дијаспора, Божидар Димитров, профитирал од матни договори за издаваштво, тврди бугарскиот неделник „168 часа“. Неделникот објави дека во последните неколку години контроверзниот министер и познат историчар склучил договори со општините во југоисточна Бугарија за издавање книги што ги напишал тој, и кои биле објавени од фирмата „Акшена 2007“, од која една третина е сопственост на неговата ќерка Марија Димитрова. Луксузните изданија посветени на историјата на секоја од општините ги чинеле локалните администрации меѓу 15.000 и 60.000 бугарски лева. Една од историските книги, наводно, била ��дново печатена, бидејќи била критикувана од локалните историчари за „многу правописни, фактички и стилски грешки“, а сите според неделникот биле „со многу сјајни фотографии и малку текст“.

Неделниот весник му дал наслов на написот, употребувајќи игра на зборови со името на Димитров и неговите познати изјави по откривањето на наводните останки на свети Јован Крстител во Созопол, при што тој ги нарече Бугарите и бугарските археолози „зае…ни (факинг) луѓе“. Грубиот превод на насловот во „168 часа“ на англиски јазик е „Факидар Факеров“.

Неделникот, исто така, пишува дека академската титула на Димитров што ја добил на бугарската Академија за науки во 1985 година е „виш научен соработник, втор степен“ и дека не треба да се нарекува „професор“, како што е познат. „Тој тврди дека никогаш не се нарекувал професор, па така тоа звање мора само да се залепило на неговото име“, се наведува во написот. (Софиска новинска агенција)

Пасош и за донации

СОФИЈА - Новите измени на бугарскиот Закон за државјанство овозможуваат луѓето што донирале многу средства во културни институции да станат државјани на Бугарија.

Во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“, министерот за бугарската дијаспора, Божидар Димитров, истакна дека американски и канадски државјани веќе добиле бугарски пасош со таа постапка.

Донациите мора да бидат над 100.000 евра и наменети за бугарска културна институција. Инвеститорите со над 1 милион бугарски лева, исто така, добиваат привилегиран третман, како и луѓето кои се истакнати во истражувачка област или спорт.

Со оваа одлука Бугарија тргна по стапките на Црна Гора, која минатата недела објави дека ќе им даде државјанство на сите оние што ќе внесат над 500.000 евра инвестиција во земјата, а што беше дочекано со гнев во Германија, од каде што побараа укинување на визниот режим за оваа земја. (Н.Р.).


#
Статијата е прочитана 5494 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 16.08.2010 00:37:14
Слични хора,имаме и кај нас ,со иста таква крвна група.Само тие не смеат да се анилизират.
Од: jas
Датум: 16.08.2010 08:44:33
Сега му е мајката овие "нашите"Бугарчиња да дигнат глас да си го одбранат министерот кој им даде пасоши.Прво во Европа ке го брани Спаска оти таму и работи а после Љубчо ке дејствува од страна на "интелектуалната" елита за да го одбранат човекот. Местенки му прават. Абе тиквари,гледате ли оти има Господ,Сите ке одите таму каде што сте и заслужиле.
Од: Ти
Датум: 16.08.2010 09:55:25
"овие "нашите"Бугарчиња" - Ако можеле Прличев,Делчев,Мисирков,Шапкарев,Жинзифов,браќа Миладинови...да се декларираат како Македонски Бугари-можеме и ние.
Од: МИЦОВ и ЛОТАР
Датум: 16.08.2010 10:14:44
Живеам во ненормална држава. Да професоре Бугарите се китат со македонски дејци како и другите соседи.Страна 127. Доволно е да се посочи дека повеке од 1/3 од населението во Бугарија е со македонски корени. Дека едни од најзначајните историски и современи личности исто така. Макед јазол стр50. Македонците како ретко кој народ рано го манифестираа јазикот. Браќата од Солун . Траутман го цитира царот Михаил. Вие од Солун имате чист словенски дијалект. Трудот на овие браќа зрачи во Русија Србија Хрватска и др. И Турско-Татарските Бугари ги озари зрак од оваа култура. Од Татари им остана само името Бугари.
Од: cile
Датум: 16.08.2010 10:47:58
nemi e jasno od sto od textot proizleguva korupcija?
Од: Dejan
Датум: 16.08.2010 12:46:44
Tolku od legendava,trese gluposti kaj ke stigne. Baska nitu Profesor ne bil.....cirkus TurkoMongolski
Од: приправник
Датум: 16.08.2010 13:57:13
Сличности има сегдека.Само треба за нешто да те бива,за титула,лесно.Изгледа Димитров некаде ја утнал.Инаку скоро секаде се покажа дека најпрвин треба да се влегува без титула,заради избегнувањето на технолошките вишоци.Зашто ако не те бива,државата зошто да си прави арч,безпотреба.
Од: До Мицов и Лотар
Датум: 16.08.2010 14:05:40
Да, 1 / 3 од бугарите се со македонско потекло, но тоа воопшто не значи дека се Македонци. Германците кои се вратија од Казахстан, Русија, Романија, Чешка итн. исто така имаат странско потекло. Ова значи ли дека не се Германци. Мојот дедо по мајчина линија е од Вардарско, но никогаш не рекол дека е Македонец. Па дури и да е Македонец, тогаш македонскoто е само 25% во мене. А остатокот?
Од: goksi
Датум: 16.08.2010 15:31:24
sakal da kaze konflikt na interesi
Од: До до Мицов Лотар и сл
Датум: 16.08.2010 15:52:07
Ај да нема расправии да се регистрираат партии во двете држави па освестените и тие што сакаат демократија е нели. Братче се плаши Бугарија од ОМО Пирин. Бар 300.000 брзо ке се освестат. А не закочи Грција. Исто намерно ни држите берлински зид. Македонци по потекло има повеке и од Грци и од Срби. Народот е асимилиран ама тука е.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Манастирот Бигорски добива автентичен лик
Морален помор
Иванов и Рамковниот
Својата жена ја сметал за луда
Загубената среќа
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (10)
Посложенa процедура до бебе од епрувета
Aпсолутистички развој
Наезда од муви во Црвени Брегови
Карикатура
Пеколна пустелија
Македонија чекор поблиску до Литванија
Стил
Магазин