Германскиот суд ја осуди жената обвинета за убиство на две нејзини бебиња кои ги чувала во фрижидер
БЕРЛИН - Германскиот суд ја осуди на повеќе од четири години затвор жената обвинета за убиство на две нејзини бебиња чии тела ги чувала во фрижидер. Моника Халбе (44) беше осудена за убиство на две бебиња родени во 1988 и 2003 година. Нејзе не и' се судеше за смртта на третото девојче кое починало во 1986 година поради тоа што за него е поминато премногу време. Таа негираше дека ги убила бебињата, и напомена дека ги чувала во фрижидер, бидејќи сакала тие да бидат покрај неа. Трите мали трупа биле пронајдени во мај од синот- тинејџер на Халбе кога тој барал пица во фрижедерот во подрумот на семејниот дом во Веден, во близина на Франкфурт. (Би-Би-Си)
|