Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Тајландскиот премиер доби забрана за занимавање со политика

Уставниот суд донесе и одлука за распуштање на партијата на премиерот Вонгсават

БАНГКОК - На тајландскиот премиер Сомчаи Вонгсават му е забрането да се занимава со политика во следните пет години, а неговата партија вчера беше распуштена, вовлекувајќи ја земјата во подлабок хаос и зголемувајќи ги стравувањата од насилни реакции од страна на поддржувачите на власта. Партиските членови ветија дека „ќе продолжат понатаму“ и ќе формираат друга влада во почетокот на следниот месец. „Сите ќе се преселиме во нова партија, Пуеа таи, и ќе бараме гласање за нов премиер на 8 декември“, изјави Џатупорн Промпан, парламентарец од редовите на ППП за Ројтерс.

Уставниот суд, исто така, донесе одлука за распуштање на две други партии од шестпартитната коалиција на Сомчаи поради изборни нерегуларности на изборите што се одржаа во 2007 година и им забрани на нивните лидери пет години да се занимаваат со политика. Судската одлука го зголеми ризикот од избивање судири меѓу владините сојузници облечени во црвени кошули, кои се собраа пред судот кога беше прочитана судската одлука, и илјадници антивладини демонстранти, облечени во жолти кошули, кои ги блокираа двата аеродрома во главниот град.

Неколку часови пред донесувањето на судската одлука, едно лице беше убиено, а 22 повредени по истрелувањето граната кон демонстрантите кои го зазедоа домашниот аеродром „Дон Муанг“. Веднаш немаше реакција на судската одлука од Народната алијанса за демократија (ПАД), чии симпатизери извршија инвазија врз двата главни аеродрома во Бангкок кон крајот на минатата недела во „финалната битка“ за соборување на Сомчаи. ПАД одби да преговара додека Сомчаи не си замине. Тие го обвинуваат Сомчаи дека е марионета на својот зет, соборениот премиер Таксин Шинаватра.

Околу 250.000 странски туристи се оставени на цедило од еднонеделното мирно заземање на аеродромот „Дон Муанг“ и на поголемиот меѓународен аеродром „Суварнабуми“. Воздушната каргоиндустрија речиси целосно е приземјена, што ја чини земјата стотици милиони долари. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 103 пати.

Испрати коментар

Од: вмк
Датум: 03.12.2008 00:53:18
Оддавно се мислев што би требало на овие наши политичари за овие 17 години да им се изрече како казна..е сега видов дека постоела таква казна ЗАБРАНА ЗА ЗАНИМАВАЊЕ СО ПОЛИТИКА..а уз пат да им се одземе сиот неправилно стекнат имот за сиве овие години,што го лажеа и осиромашуваа Македонскиот народ...На тој зинго и 1оо стапови по грб поради Кратово,на останатите протерување и забрана за бавење со политика...одземање на целокупен имот...надвор од Македонија да почнеме да дишеме воздух...срамоти едни и веднаш да се повика ЕУ комисија да е превземе Македонија под своја заштита....Македонија е славно име и не треба да го валкаат гнаси....Позз. до утрински
Од: verag
Датум: 03.12.2008 09:33:51
Може ли некој да замисли нешто вакво во Македонија/ Уставниот суд да донесе нешто против Владата?Никако,овој суд дури и за веронаука не се осмелува да каже дека еднаш решавал,и решил дека на веронаука не и е место во училиштата.Мизерна држава,каде и УстВНИОТСУД Е СТАВЕН ПОД ВЛАДАТА,И НЕ СЕ ОСМЕЛУВА ДА БИДЕ ПРОТИВ НЕА.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Шварценегер- Калифорнија во банкрот
Од колера во Зимбабве умреа 500 луѓе
Индија бара да и' бидат испорачани 20 милитантни бегалци
Во етнички судири во Карачи убиени четири лица
Обама избра „дрим тим“ за надворешната политика
Косовски Албанци протестираа против планот за распоредување на Еулекс
Се задушија 11 ученички во Кина
Германскиот суд ја осуди жената обвинета за убиство на две нејзини бебиња кои ги чувала во фрижидер