Се задушија 11 ученички во Кина
ПЕКИНГ - Во Кина 11 ученички починаа во нивната соба од труење со јаглероден моноксид откако запалиле оган за да се стоплат, објавија вчера државните медиуми. Во понеделникот вечерта 12 девојчиња беа затруени во нивното училиште во областа Дингбијан, во провинцијата Шанкси, објави државната новинска агенција Ксинхуа. Единственото преживеано девојче е во сериозна здравствена состојба. Труењето со јаглероден моноксид е вообичаена појава во руралните области на северниот дел од Кина во текот на зимата кога температурата може да се спушти под нулата, па луѓето горат јаглен за да се затоплат. (Ројтерс)
|