Кoj? Каде? Како?
Ефективно
Локица Стефановиќ за својата книга „Умно тело“ прави оригинални промоции. Повозрасните жени во чекор ја следат Локица. Без препотување - до ефект
Родниот крај
И врапчињата знаат колку Баже Груевски си го сака Лазарополе, колку пее за својот роден крај, кавали, чупиња... Потребен ли ви е поголем корпус деликти од фотографијата?
Како вино
За Ани Малинкова важи она што се вели за виното. Како што минуваат годините таа е се' поубава, поинтригантна и - попивко.
Мајстор
Чисто така од ќеф, Александар Микиќ од дрво прави чуда - фигури, маски и што не. Знае со кое - како треба, има фат и не џабе го викаат - експерт за дрво
Трансформации
И покрај тоа што не спаѓа во мажи што го трошат вишокот енергија на мускули, Алек Наумовски знае да одглуми лут борец. Вистински махер за трансформации!
|