Профил
Гордана Деан Поп-Христова
ГОДИНИ - 50
ПРОФЕСИЈА - кореографка и професорка по современ танц
ОБРАЗОВАНИЕ - Средно балетско, Медицински факултет, а моментално сум на постдипломски студии по културологија
ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ - никогаш успехот не ми е мотив. Го работам тоа што го сакам и што можам најдобро да го сработам. Успехот си доаѓа како последица, иако зависи и од надворешните околности, затоа не се оптоварувам премногу со оваа тема.
РАБОТНА ОКОЛИНА - имам среќа да работам со млади луѓе, и тоа со музика и танц во креативна атмосфера.
РАБОТНИ ПРЕДИЗВИЦИ - кога сум во улога на професор, предизвик ми е да им ја пренесам љубовта кон танцот на учениците. Како кореограф, предизвик ми е да создадам автентично дело.
ШТО ТЕ РАДУВА - кога ќе освоиме награда во странство зашто со тоа придонесуваме не само за танцот туку и создаваме позитивна слика за Македонија.... |