Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

За ненајавена прошетка на Водно, казна 2.000 евра

Ако некој сака да се прошета на Водно, ќе треба да се јави во ЈП „Паркови и зеленило“ и да ја најави посетата

Александар Пешев

Секој што сака рекреативно да пешачи во парк- шуми или планински предели мора да извади соодветна дозвола. Ненајавените посетители на шумите во земјава ќе бидат казнувани. Висината на казните се движи од 1.000 до 2.000 евра.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека оваа забрана за движење во шумите е превентивна мерка против летните пожари, а забраната би требало да трае до 30 септември годинава, а во зависност од временските услови ќе престане или ќе се продолжи. Во овој период во шумите ќе можат да се движат само рекреативци, но доколку претходно се најават кај претпријатието што стопанисува со шумата. Сите други активности, како на пример берење печурки, чаеви или палење скари и излети се забранети. Од Министерството информираат дека покрај пешачките патеки во шумите ќе бидат поставени табли кои ќе ги информираат рекреативците до каде смеат да се движат.

Граѓаните ќе треба да се најавуваат кај претпријатијата кои се надлежни за стопанисување со парк-шумите, за што ќе бидат отворени посебни телефонски линии. На пример, ако некој сака да се прошета на Водно, ќе треба да се јави во ЈП „Паркови и зеленило“ и да ја најави посетата. Без најава, посетителот ќе биде прогласен за прекршител на забраната и ќе треба да плати казна.

За контрола на шумите се задолжени службите на „Македонски шуми“, шумската полиција и шумската инспекција.

Дел од граѓаните сметаат дека ваквите мерки се претерани.

„Јас го доживувам тоа како класично ограничување на слободата на движење. Не ми е јасно како ќе се регулира тоа. Ако треба да се јавув��м кај некои служби, искрено се надевам дека работат за време на викенд, затоа што тогаш пешачам на Водно“, вели планинар-рекреативец.

Од Министерството ја гледаат оправданоста на оваа мерка во придонесот за спречување на појава и ширење шумски пожари кои минатата година ја опустошија земјава. Во летото 2007 година околу 4.000 хектари шума беа уништени од шумски пожари. Неофицијално, материјалната штета лани се проценуваше на 15 милиони евра.

Планинарските друштва бараат воведување добра организација за имплементацијата на оваа мерка. Мила Искреновиќ од планинарското друштво „Македон“ вели дека добрата страна на оваа мерка е можноста за отворање евиденција за тоа колку планинари се присутни на одредена локација.

„Сепак, морам да напомнам дека ние не сме тие што не се грижат за шумите и што предизвикуваат пожари. Ние се грижиме за природата и во наш интерес е да ги зачуваме шумите“, вели Искреновиќ.


Статијата е прочитана 2636 пати.

Испрати коментар

Од: boki
Датум: 11.07.2008 00:12:35
kolku samo treba covek da ja ceka taa dozvola... nego imam prasanje do drzavata: MOZE DA IDAM DA MOCAM ... odnapred blagodaram
Од: Никола
Датум: 11.07.2008 00:25:56
Како тоа немало попаметни превентивни мерки? Да речеме, поставување камери на критични места. Со ова можат луѓето да се демотивираат за пешачење, што би можело да биде штетно за нивното здравје. Дали некој ќе работи и за време на виекнди и државни празници, за да добијам дозвола? Што ако некој ја искрши таблата што кажува до каде е дозволено да се шета без дозвола? Јас ќе плаќам 2000 евра, зашто сум се нашол некаде без да знам дека е забрането? Дали на њеб страната на министерството за земјоделство (или на друго соодветно место) ќе бидат објавени телефонските броеви од сите претпријатија што даваат вакви дозволи и шумата за која ја даваат, или ќе треба да губам време во нивно наоѓање? Се надевам дека нема да има непотребни компликации или дека уставниот суд ќе ја оспори оваа одлука!
Од: Göran
Датум: 11.07.2008 00:37:39
Da se sprecat pozarite treba ama ne preku dzebot na narodot. Samo toj sto si ja saka iskreno tatkovinata ima da doprinese mnogu povece otkolku ogranicuvanjata za site. Minimalna odstapka: Sekoe javuvanje cini pari. Znaci telefonskite broevi treba da bidat besplatni za najava. I sto ako nekoj se prijavi vo tudjo ime? Totalitarnosta steti na zdravjeto.
Од: lorija
Датум: 11.07.2008 00:47:29
bog da cuva. abe ima li vo drzavava makar eden politicar koj go koristi mozokot.
Од: Vasko
Датум: 11.07.2008 01:24:02
Ako e ova tocno togas Makedonija e edinstvenata zemja sto ima vakva merka. Naravoucenie, ako si majmun, ne ti treba dozvola, ako si covek ti treba dozvola
Од: Petar
Датум: 11.07.2008 01:47:10
G-din Ministere sekoja Vi cest, ja otkrivte nepostoeckata zemja a i mnogu ste pameten go izmislivte najdobrijot zakon no vo nekoja zemja vo koja e samo vo vasata glava i sega ste glaven fraer. Site za se ke mora da ve prasaat Vas koga i kade ke odat. SUPER izmislivte policiska drzava. Dali znaete za ogranicuvanje na SLOBODATA ili za toa ste ja preskoknale taa lekcija. G-din Ministre kako e mozno da si donesete zakon vo ovaa zemja postojat li gragani ili samo utki koi na sekoja Vasa glupost ke recat amin. Vie li ke mi kazete kade da se dvizam i koga E za toa ke pocekate ili Vie dumajtemu se. Da ne treba so zakon koj ke go donesete i kade samo da setame neli e ova vremeto za koe Vie kazuvate deka e komunizam koga imalo ogranicuvanja. No togas vakvi guposti ne im teknuvale. Zastita na sumite treba da vovedite da ne gi secat vasite javni pretprijatija koi ki opustosija. g-din Ministre zosto ne nabavite zica i gi obikolite site sumi a i po nea mozi da pustite struja, zamislete koi biznis???
Од: vaskomilevski
Датум: 11.07.2008 02:27:49
kaedonci neka ne VE iznenaduva ovaa odlukazosto moze i beter da dojde ke gi prodadat i planinite eden den zakonodonesuvaci pocnete da razmisluvate pred vakvo nesto da donesete kako sto kazaa predhodno jas ke se prijavam po imeto vase i ....... ponatak sto?
Од: mitko dava bolji predlog
Датум: 11.07.2008 02:41:49
Lugeto da se drzat vo kafez od 1 mart do 1 oktomvri. Taka ke ima uste pomalku pozari. Da se pustaat samo na nekolku saati koga ke treba da glasaat za VMRO.
Од: Ljuboten
Датум: 11.07.2008 04:45:34
Vratnickiot Atar pocnuva od Vardar na jug pa se do Brezovica i Strpce na sever, Ce Ti treba 18 saati da go pominec [opkruzis], atarot na Vratnica, Istoriski toa e imot na selo Vratnica, ako taa stavi takvi merki , Vratnica treba da bide Poreznik na site sto pominuvaat niz nivnata zemja.
Од: Pavel
Датум: 11.07.2008 07:13:26
Dali ovaa merka ne e direktno povrzana so telefonskite javuvanja na graganite -rekreativci, so koi pak, indirektno se inkasiraat paricki vo necii dzepovi? Ovaa zabrana mora da padne na Ustaven sud. Mnogu e apsurdna!
Од: Peter
Датум: 11.07.2008 07:16:25
Merkata e vo red; postoi Pesacka Zona kade sto e dozvoleno pesacenje; isto taka treba najstrogo da se zabrani palenje ognovi i skari na drzavno zemjiste , ne samo vo letniot period; toa sto se pravi za badnik, 2 maj i slicno e nevidena rabota; sekade vo svetot postojat predvideni mesta da se napravi skara, a se plaka minimalen nadomest...kaj nas, zemi iskrsi granki i pali ogan...
Од: lofe
Датум: 11.07.2008 07:43:39
daj pocnete da se zanimavate so po pametna rabota dali na ministerot za zemjod i sumrstvo mu falat pari uste on izleda ne e ukral pa ne znae kako da si seme pa normanlo koga e glup kako tocik
Од: Makedonec vo EU
Датум: 11.07.2008 08:16:29
Bog da cuva :) Ovoj predlog e duri i podobar od imenuvanje na gradskiot park vo Skopje spored George Bush :)) Ova mora da e ideja na pra-pra-pra...vnukot na Aleksandar Makedonski od Pakistan i negovata princeza :)))
Од: scotland
Датум: 11.07.2008 08:34:00
Prestanetesoi tie gluposti pred cel svet da fati da vi se smee. Niedna drzava vo svetot ne gi sprecuva sumskite pozari so zabrana za dvizenje na gradjanite. Na kogo samo mu tekna da im zabranuva na 30.000 Skopjani vo sabota i nedela da se kacuvaat na Vodno?
Од: Планинар од Водно
Датум: 11.07.2008 08:44:47
Луѓе, што ни` се случува? Нов бисер на мудроста, од колекцијата на „Малиот Ѓокица“. „Буцко“ продолжува да размислува. А, имаат подршка и од „Македон“ (на кои планини ли одат?!), кои, пак, барале да знаат каде, колку планинари има?! Среќни се простите луѓе, оние, кои мислат дека демократијата не се јаде, па што-ќе-ни-е. Ќе ми каже ли некој каде да земам ДОЗВОЛА за да одам во недела на Водно. И, уѓте едно прашање: Смеам ли да одам на Водно без ПОРТОКАЛОВА маица?
Од: Воднопешак
Датум: 11.07.2008 09:00:22
бла бла бла
Од: NIKOLA
Датум: 11.07.2008 09:41:47
Konecno nesto sto e po vistinksa merka, edinstven nacin kako da se zastiti drzavata e samo radikalni resenia inaku so "demokratski sredstva" se vide deka ne biva, bez razlika edno tel.javuvanje ne e tesko za toj koj saka iskreno da se proseta po prirodata. Mene mi odgovara red i poredok makar nekogas toa i bi mi go ogranicilo dvizenjeto, kako sto e naprimer so bezbednosnite merki vo Zapadnite zemji..
Од: sumarka
Датум: 11.07.2008 09:43:46
Dali toj sto go pisuvase tekstot voopsto primeti deka lani ne izgorea 4.000 tuku 40.000 ha! Barem informiraj te se pred da odite vo javnost ako nisto drugo vie da ne se blamirate, 15 milioni evra steta ne nastanuva od 4.000ha. 40.000 ha e povrsina odprilika kolku ohridsko ezero!
Од: Skopjanka
Датум: 11.07.2008 10:12:05
Svesni li se koj bes i gnev sozdavaat vlastite kaj svoite gragjani? Kaj ni treba viza za sekade vo stranstvo , pa uste i za sopstvenata zemja t.e. grad?! Toj sto ja smislil ovaa glupost vednas da si dade ostavka i javno da im se izvni na site gragjani.
Од: dren
Датум: 11.07.2008 10:25:11
Какви се овие огромни драконски казни ако се шеташ во шума? како се научи власта а нешто малку згрешиш одма 2000 евра казна?!
Од: Cone
Датум: 11.07.2008 10:38:07
Mislam deka definitivno ova go ima samo kaj nas koe nema da ne dovede so ovie represivni merki do EU, iako ja podrzuvam Vladata vo celost no ne i so prekrsuvanje na slobodata na dvizenje. Postojat merki kako sto se delovi oznaceni za spremanje na skara, dvizenje ili zgolemeni nadzorski oblasti kade e potrebno da se grizat ne samo za licata koi se posetiteli tuku i za prirodata.
Од: Prilepcanec
Датум: 11.07.2008 10:43:58
Gospoda,pa bugjetot se polni po silnite udari po glava na zitel,a ne da recis so nekoe proizvodstvo,so nekoj plasman,so nekoj osvoen pazar vo stranstvo od kade ke ima priliv na sredstva vo bugjetot.Site ari se bukvalno od gragjanite na Vladata gi rasporeduva po svoe naogjanje.Znaci,nam na nasiot prag ni se postavuva precka-da ne izlezeme od doma.A pekame-zosto drugite drzavi ne ne pustaat vo nivniot atar.Pa ne merat spored odnesuvanjeto kon nas na nasata Vlada-znaci ne sme lugje koi mozat pristojno da se odnesuvaat.Taka ne prikazuva nasata Vlada.
Од: скопјанец
Датум: 11.07.2008 10:44:00
А луѓето со коли што одат на Водно? Ќе има рампа доле кај Кочо Рацин, и од другата страна кај Нерези? Не верувам дека размислувале дури и ваква идиотска забрана да биде сеопфатна, туку онака од прва, меѓу два шмрка кока им се видело као добра идеја... као патриотските каси.
Од: zoran
Датум: 11.07.2008 11:05:19
a da kupevte kanaderi namesto da gi sprecuvate lugeto da se rekreiraat?
Од: Branko
Датум: 11.07.2008 11:22:28
Од Министерсто за шумарство, водостопанство итн, ми рекоа дека надлежен за Водно (за издавање дозволи за одење на Водно) е Паркови и зеленило и ми дадоа телефон (3070122 или 3070113). Упорно се јавувам од 09:00 до сега 11:20 ама цело време телефонот е зафатен. Не знам како ќе се доаѓа до дозволите ???!!!!!!!
Од: od valeri od kocani
Датум: 11.07.2008 11:29:57
Dodeka vo site zemji narodot go povikuvaat da izleze vo priroda kaj nas treba odnapred da se prijavuvame i da bideme kazneti dokolku ne sretnat vo planinite neprijaveni. Za mene toa e golema glupost.Sto se odnesuva do pozarite sovesnite gragani i ljubitelite na prirodata i na planinite se najgolemite cuvari ,i nikogas nema da zapalat ogan tamu kaj sto e rizicno.Ovoj moj komentar e najdobronameren i treba da se pozamisli sekoj koga izleguva vo priroda a so kaznite nema da se postigne nisto. POZDRAV
Од: Читател
Датум: 11.07.2008 11:56:48
Неспособноста на надлежните за откривање на подметнувачите на пожари или барем на превентивно делување со патроли на шумската полиција и сл. се компензира со мерки не својствени ни за Албанија во вреемето на Енвер Хоџа. А што е со оние „излетници„ што одат на Водно за партија секс на брзина во кола ? Колку е дозволата за нив ?
Од: NZ
Датум: 11.07.2008 12:01:26
Vo zapadniot svet postojat planinarski kucicki na odredeni koti kade si go vpisuvas imeto i vremeto koga si pominal.Taka znaat koj bil i koga i dali istiot uspeal da se vrati nazad taka da ako ne se potpisal na vracanje planinarska sluzba ce se aktivira da go/gi locira.Em e pod moto za sigurnost na rekreativcite em se znae koj koga i kade bil.
Од: Patrioti obedinete se
Датум: 11.07.2008 13:07:30
Hrvatite vikaat 3 budali mozat da nadjacaat 2 pametni. Hrvatite ne zabranuvaat dvizenje vo sumite, znaat deka 99% od pozarite se podmetnati i so zabranite nisto nema da se spasi. Hrvatite ke vlezat vo NATO i EU, nie vo AFRIKA napred VMRO , SDSM zapocnaa, vie doebete - samo napred vakvi destruktivni stalinisti ima samo uste vo Afrika i Latinska Amerika.
Од: Eli
Датум: 11.07.2008 13:21:20
Поголема глупост не сум слушнала. Дали јас во недела кога ќе се разбудам во 6.00 и во тој момент ќе одлучам дека е ден��к како создаден за рекреација на Водно, треба прво да одам по дозвола во не знам каде, а таму ќе ме пречека насмеан службеник кој веднаш ќе ја издаде дозволата и ќе ми пожели убав ден??? Можеби треба во викенди лично министерот да ни ги дава дозволите, така најубаво ќе има контрола каде сме? Од каде само ги добиваат овие генијални идеи?
Од: rekanec
Датум: 11.07.2008 13:37:42
e i ova go procitav.ne se pravete nenormalni politicki ne zakopavte.ne zatvorivte ko vo logor za izbeglici.uste ova ni fali da covek ne moze da proseta.e ulavi be.ke vise sme cel svet ako razbere.tesko nami so docekavme.
Од: dimitar
Датум: 11.07.2008 13:44:23
Изгледа ќе треба да го затвориме утрински. МАКЕДОНИЈА на МАКЕДОНЦИТЕ!!! ВМРО!!!
Од: Читател1
Датум: 11.07.2008 13:51:37
За овие некултурни и несовесни луѓе и ова е малку. Самите си ги палиме своите природни богатства. Ниту Грција ниту ниедна друга држава не ни се криви што не сме во ЕУ. Ваков народ е само за во камено време.
Од: jimmy1
Датум: 11.07.2008 14:45:36
Eh uste ova ne go imav slusnato. Navistina dali politicarive imet barem malku mozok za da razmislat, ama kako sto se gleda nemaat nitu trunka. Toa e sramota, ako imame dobar i soncev vikend da ne mozeme da go iskoristime toj vikend vo prosetka niz ubavinite na prirodata. Me interesira dali i koga vladata ke vovede da se vadi dozvola za mocanje??? Dokolku zapnale ovie nepismenjaci na takvo nesto, treba da napravar rampa i tuka na lice mesto da se dava takva dozvola, a ne da se ceka taka da recam VIZA za prosetka. Kako sto gledam poveketo od tie vo vladata treba da se prekfalikuvaat vo ovcari i da im se dade po eden krljak i so ovcite, zost i pokraj nivnoto skoluvanje na naucike nisto.
Од: Joko
Датум: 11.07.2008 15:27:01
imam bolje predlog -potrebno e samo vladata da obezbedi normalno od pari na narodot edno trlo i da plati ovcar za da moze narodot i vizuelno da zalici na ovca posto i taka do sega ne tretiraat kako ovci samo so ne im davame volna ali oni ipak ne strizat kako so sakaat....p.s. pa ova go nema ni u zimbabve!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Костовски ќе бара референдум за црквата и за спомениците во центарот
Образованието ќари најмногу од ребалансот - 24,4 милиони евра
Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор
Претходен број
Зденко
Брзи прсти во Собранието
Драмата на Егејците (11)
Привремено суспендиран директорот на Депозитарот
Споменици како плева
Нимиц ги собира реакциите од неговите последни предлози
Џепчиште увезува работна сила од Тетово, Лешок...
Принц и принцеза наместо НАТО и ЕУ
Великани и карикатури
Verbatim