Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Споменици како плева

Билјана Ангеловска

Советниците од Центар уште еднаш си ја „заработија“ дневницата. Освен претставниците на опозицискиот СДСМ, сите други послушно кренаа раце за последните, најнови измени на ДУП "Мал ринг", со кои се озаконува изградбата на црквата на плоштадот, но и на уште неколку споменици што ќе се постават во централното подрачје. Ова е втор пат во девет месеци да се менува ДУП „Мал ринг“, кој заедно со измените на ДУП „Голем ринг“ (заради стокатниците), се дел од годишната програма на Министерството за транспорт за изработка на приоритетни планови.

Што е толку приоритетно во „Мал ринг“, станува јасно ако се погледнат седниците на Општина Центар во последниве месеци, на кои редовно се носат одлуки за изградба на спомен-обележја. Нема седница на која не се одлучува за подигање на најмалку два споменика. Така, досега е решено да се изградат споменици на Александар Македонски, во кругот на Плоштадот, на Гоце Делчев и Даме Груев пред Камен мост, еден споменик пред Собрание (Никола Карев на коњ), на цар Самуил пред „Тренд“, на Ченто пред „Дал-Мет- Фу“, споменик на воин на првото ниво на кејот, еден споменик отспротива, на Карпош пред „Ибни Пајко“ четири скулптури на лавови, две скулптури на улица „Македонија“, три (врби) во Вардар. Ако се имаат предвид и црквата, музејскиот комплекс, како и 39-те скулптури од млади автори, тогаш навистина станува претесно во секој поглед.

Празниот плоштад, како што често некои го опишуваа центарот на Скопје, со овие идеи треба да се претвори во музеј на отворено. Само што овој пат, за жал, уметничката нишка ќе се изгуби во големите амбиции, па сето тоа има огромни шанси да стане невиден кич на отворено.


Статијата е прочитана 637 пати.

Испрати коментар

Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 11.07.2008 01:40:05
Аман бе скопјанци,што се дешава с’с вас? Да не једете бунику па сте побеснеле к’ко некад задружни волови, у пролече. Па на секое ќоше ќе дигате споменик до споменик. Те коњи, те волови, те голуби, те лавови, те мечки... А овам за нас бебе и за нашу Секулицу ништо? Нели е и срамота и гр’ота. Па несмо ми Бога с’с камења гаѓале! Затој да ве потстимо. К’д неќете да ни отворите факутет-два како у окоуна села, тогај и ми смо људи, граѓани, демократи и ми смо од они 500000 гласачи, САКАМО ДАНИ ДИГНЕТЕ СПОМЕНИК, на ни биде куде чесму да га гледамо сваки д’н. И споменик да ни биде на МАГАРАЦ зашто магарци ни избегаше по Скопје и Куманово. И овај што беше сам наш, нема га, се е по Скопје. Ови немци сечев струју и не питуев за кога си гласае. Такој. пошто магарци држев говоре и даев изјаве на телевизију по Скопје,и к’д за два - три д’на ни пресечев струју ќе се ужелемо да видимо магарце а њи ќе ги нема. Затој дигнете ни споменик, с’с време, да си ѓи гледамо сваки д’н а не да ги замишљамо, аб
Од: Pirin
Датум: 11.07.2008 02:39:32
biljana biljana a ti sigurno posakuvas na plostadot da se gradat dzamii i spomenik na ali i vojvodata taci togas sigurno ne bi pisuvala a sega tie polesno da napises po opsiren tekst so kritiki, do koga so kritiki protiv sebe , ajde biljana ako ne se tie spomeni mozebi tvoeto ime ne ke bese biljana.
Од: kole
Датум: 11.07.2008 09:29:56
VMRO-vcive zapnale da gradat spomenici kako da se na norma... sto da pravis... koga mu davas drzava da ti vodat decurlana... rezultatot e takov kakov sto e... 50 spomenici, 145 fiskulturni sali, 3 stokatnici... 2 muzei i se taka so red... DECINSKA RABOTA...
Од: d-dorf
Датум: 11.07.2008 10:03:03
Eve sega uste edna moznost i pricina ,da se izgradi uste eden spomenik za PRINCOT i PRINCEZATA, od Himalaja, kako direktni pomomci na Aleksandar, Inaku neobicaeno e vo svetot da se pronajde posle 2300 god. izgubenata rodbina. Ako neka se gradat spomenici , nee nisto loso ,pa makar bilo toa i vo sekoja kose. Eden den arhiolozite ke gi otkrijat sie spmenici , kako novinarkata sto gi otkri direktnite naslednici na Aleksandar- i ako e toa posle tolku vekovi,!! Ama vazno se otkri .Nasite pokolenija ke ima so sto da se gordejat, i ke go nemat denesniot problem so grcive za dokazuvanje na nasiot Indetitet . Spomenicite se najdobar svedok na sekoja istorijata; PA ZATO NEKA SE GRADAT SPOMENICI. I eden den ke ima poveke spomenicite odosto luge, i gradot ke slicuva na GROBISTA- kaj da se zavrtis se spomenici. Lele , lele, ako se povampirat eden den site sto imat spomenici ,napraeno od strana na Vldata ,sto li se ke se sluci ne bi sakal da znam , A veruvam i VIE gos.Angelovska ?
Од: Makedonija
Датум: 11.07.2008 12:32:01
Добро е да се гради ,лошо да се руши .Како не ви е срам на Скопјани,уште на референдум да давате за црква,па секој плоштад на главен град има црква или некој споменик по што ке се разликува.Богами Никола Груевски заслужува вие скопјаните во раце да го носите,ви го разубави градот,сите пари се кај вас.Мислам дека треба да се позанимава и со насво Македонија,пошто СК не е само Македонија.Инаку Премиерот е за поздравување,мислам дека веке влезе во историјата на доброчините во МК.Вреди и нему еден споменик да ми изградите и да му се молите вие скопјани.Поздрав до премиерот.Има започната црква во КИ,да се доврши грев е да не се добрши,а не да не се прави.Штом се рекло се прави црквата.Срекно......
Од: pusiket
Датум: 11.07.2008 14:05:22
Namesto vladata da otvori nekoja fabrika kade lugeto ce mozat da izvadat korka leb taa se zanimava so izgradba na nekakvi si spomenici.Se razbira nikoj ne e protiv toa no vo edna drzava kade narodot edvaj svrzuva kraj so kraj nie uporno odime kon toa da ja istakneme nasata griza za kulturataKAKO NE IM E SRAM NA grujo so kompanijata da ja vodat drzavata vo lagi i iluzii a se razbira i odreden broj na gragani privrzanici na grujo seto toa go opravduvaat. SRAMOTA !!!!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Костовски ќе бара референдум за црквата и за спомениците во центарот
Образованието ќари најмногу од ребалансот - 24,4 милиони евра
Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор
Претходен број
Зденко
Брзи прсти во Собранието
Драмата на Егејците (11)
Привремено суспендиран директорот на Депозитарот
Нимиц ги собира реакциите од неговите последни предлози
За ненајавена прошетка на Водно, казна 2.000 евра
Џепчиште увезува работна сила од Тетово, Лешок...
Принц и принцеза наместо НАТО и ЕУ
Великани и карикатури
Verbatim