Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Костовски ќе бара референдум за црквата и за спомениците

Аларова ќе оди на Уставен суд поради измените во „Мал ринг“

Сања Наумовска

Градоначачникот на Скопје, Трифун Костовски, ќе бара да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за решенијата за изградба на споменици и фонтани во центарот на градот, коишто ги усвои Општина Центар на последната седница на Советот. Градоначалникот смета дека со оваа одлука на жителите на Скопје им се загрозени правата за уредување и хуманизација на просторот и за заштита на животната средина.

Костовски вчера најави дека ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд за оцена на уставноста и законитоста на актот со кој се менува Детаљниот урбанистички план за „Мал ринг“ што го усвои Советот на општината.

Во образложението Костовски вели дека со измените на планот, општината крши уставни начела кои се дел од темелните вредности на уставниот поредок. Поточно, според градоначалникот на Скопје, измените на ДУП за „Мал ринг“ се донесени и покрај тоа што Градот нема дадено позитивно мислење, со што се прекршува процедурата предвидена во законот за Град Скопје.

Исто така, новите решенија од изменетиот план се во спротивност со одредбите во Генералниот урбанистички план на Скопје, со што практично, Општина Центар ги надминува своите надлежности.


Заради тоа, градските власти во процесот на разгледување на измените на планот неколкупати предупредуваа дека нема да издадат позитивно мислење без кое ДУП-от не може да помине во следната фаза на одобрување во Министерството за транспорт и врски.

Спорниот ДУП, предвидува црква на плоштадот „Македонија“, три бетонски острови со врби во водите на Вардар а се п��тврдуваат и педесетината спомен-обележја и споменици кои ќе се градат на плоштадот и околу него, како и на левата страна на Вардар на „Карпошово востание“. Виза со новиот план добија и четирите скулптури на лавови, кои е планирано да се постават на мостот „Гоце Делчев“. ДУП предвидува и изградба на две деветкатници од левата страна на Вардар, наменети за државни институции. Едната пред објектот на Комерцијална банка, во која ќе се сместат Архивот на Македонија и Археолошкиот музеј, а другата наменета за Уставниот суд, е планирана во близина на МНТ.


Статијата е прочитана 1235 пати.

Испрати коментар

Од: petre
Датум: 11.07.2008 00:15:31
u majkatase javi ovoj sto ke ni gradese te metro te tramvaj. a sto ti preci crkva na ionaka prazen polstad, izvini?
Од: dejan
Датум: 11.07.2008 00:30:26
mozese istoto da go napravi i so restoranot sto go gradi vo gradski park.pa sea site mu se krivi
Од: Vera
Датум: 11.07.2008 00:54:45
Ako ima referendum ke padne vo voda planot za gradenje crkva.A bas i sakam da ima referendum da se uverat deka na graganite ne im e potrebno toa
Од: protivnik na glupavata ideja
Датум: 11.07.2008 01:48:28
Prviot komentator Petre se chudi zashto da ne se gradelo na "ionaka prazen ploshtad"? Dali Petre znae deke ploshtad znachi tokmu toa - prazen del, vo koj eventualno ima fontani i urbana oprema, odnosno mesto kade shto narodot moze da se sobira duri i vo pogolem broj. Ajde neka mi kaze Petre, kako ke se sobiraat graganite po razni povodi(proslavi, demonstracii i slichno) na prostor koj ke bide "natiskan" so eden kup objekti. Vo drugi gradovi ima ploshtadi koi sobiraat masa od mnogu iljadi luge. Ovde i toa malo parche shto ostana ke go donamalat. Vo ovoj grad ima tolku slobodni povrshini, ama nekoj uporno ne pravi site idioti i po sekoja cena saka ama bash tamu crkva.
Од: dejan
Датум: 11.07.2008 05:55:21
e bas i da ima referendum ke se gradi
Од: emil
Датум: 11.07.2008 08:18:14
E mnogu ke bide licno koga ke se izgradi. A na vrvot na kambanarijata , namesto krst, predlagam da go postavat spomenikot na Gruevski. Da se znae brate koj ja napravi crkvata. Taka so eden kursum dva zajaka. Em ke se molite na gospod za da vi bide podobro, em ke se molite na Gruevski zosto imata golemo poverenie vo nego pa i svetec eden den ke go napravite. Ne e budala Gruevski . Toj si pravi istorija, budali se tie sto go podrzuvaat.
Од: Ivo
Датум: 11.07.2008 08:47:34
Poddrshka za referendum !!! Ni stavija krst na Vodno (Skopje za da lici na grob) - nikoj ne ne prasha, nema smisla i crkva da opnat na ploshtad !! Toa samo moze da zbori za populizmot na Vladata i infantilnosta na Nacijata ! Crkva na ploshtad vo 21 vek??? Gospode, napomosh !!!
Од: Скопјанец
Датум: 11.07.2008 08:48:15
АМА МУ ТЕКНА!! До сега што чекаше?
Од: dardan
Датум: 11.07.2008 09:49:07
Namesto da se raboti vo pravec na sozdavanje na edno civilizirano,sekularno evropsko opshtestvo na toj nacin mozhe da se smiruva situacijata vo sovremenite multikulti drzhavi kade zhiveat lugje od razlicni religi tie gradat sekade religiozni objekti kako vo 15vek.
Од: Ani
Датум: 11.07.2008 10:52:34
Мислев дека секој го знае значењето на зборот плоштад и важноста од голема и пространа површина. Значи за тие што се во заблуда, според дефиниција: Плоштад е пространа јавна површина каде разни заинтересирани страни имаат можност да спротистават различни социо-политички, економски, културни, здравствени и други концепти, програми и/или идеи. Уништувањето на плоштадите низ историјата се има случувано од страна на оние кои не ги поддржувале спротивните ставови (т.е. демократијата), со цел да се спречи народот да превземе одредени мерки против владетелот. Кога веќе се споменува Трифун Костовски мислам дека е најрелевантниот човек да покрене референдум против изградба на црква на плоштад. Ова го кажувам од две причини. Првата е дека како градоначалник тоа е негова должност, а втората е дека било кој друг да се зафатеше да направи ваков референдум ќе го прогласеа за антихрист. Мислам дека него неможат да го прогласат за антихрист бидејќи на само 200 м подалеку направи црква.
Од: mene
Датум: 11.07.2008 11:18:10
До "protivnik na glupavata ideja", го советувам да излезе од Македонија малку и да разгледа некои од плоштадите на светските метрополи, ќе се увери декла скоро на сите има цркви. Кај беше Трифун да распише референдум пред да го дигне ресторанот-хотел во сред парк, што демек ќе бил новиот Кермес. Него, ај уште малку ќе го потрпиме Трифун, па ќе може да влезе во историјата како најкатастрофален градоначалник кој ништо не правел освен лични интереси и бизнис кој Скопје воопшто го имало и ќе го има.
Од: Roki Balboa
Датум: 11.07.2008 11:23:11
Edno pratenicko: Dali e ispravno so narodni pari da se gradi crkva?
Од: Goce Viena
Датум: 11.07.2008 11:49:34
kostoski kazi mi sto preci crkvata vo centar na viena stefansdom zar ne e taa simbol na gradot,sramota e ti da bides protiv da grad Skopje poubavo izgleda so crkva fontani pa daj ti nesto izgradi ako mozes da se razubavi Skopje ko ke pojdam tamo trotoari nema ,dupki kolku sakas po ulici,kupista gubre nasekade,prematari na kameni most i sto ti ne drugo a ti mi se fakas za nesto....
Од: Vlado Perth
Датум: 11.07.2008 11:54:28
kakov apsurd 650000 gragani se pod siromastija a Grujo ke gradi crkva podeli na siromastijata nekoe denarce extra pa posle ako ostane nesto nemam protiv da se gradi crkva.
Од: Ицо
Датум: 11.07.2008 12:07:22
Кога веќе имаме на една страна армии стечајци, технолошки вишоци, безработници сиромаштија и други очајници, на друга страна тајкуни, лопови, криминалци итн., ни фалу уште една црква во центарот на Скопје , за да има каде сите тие да му се молат на господа бога секој за своите потреби!!!
Од: A. Nikolov
Датум: 11.07.2008 13:03:16
Diktatorot na sila ne pravi grshnici.Ne sme protiv gradenje crkvi koga verata ni e hristijanska potochno pravoslavna.Za crkvi gradenje ima dosta drugi prostori vo Skopje i vo drugi gradovi.No crkvite ne treba da gi gradi vladata.Crkvite treba da se gradat od crkovni sredstva sto gi donira narodot.Diktatorot i 100 crkvi da izgradi nemoze da se izbavi od grevovite shto gi nanesuva na makedonskiot narod.A ako e tolku darezliv neka gradi od svoi pari.A ovoj prostor shto saka ,ne odgovara ke go zadushi ploshtadot..Sigurno se plashi da nema mesto kade narodot ke se sobira na mitinzi.Isto taka moze da gradi crkvi i po drugite gradovi niz Makedonija.Parite koi se sobirat vo drzavnata kasa se od celiot makedonski narod a ne samo od republika skoje(normalno deka i vaka ke ne narekuvaat).Prosti im boze deca se neznaat shto pravat.
Од: Petar
Датум: 11.07.2008 13:46:23
Do Roki Ne e ispravno brat, ne e..ama ete, toa ti e toa

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Образованието ќари најмногу од ребалансот - 24,4 милиони евра
Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор
Претходен број
Зденко
Брзи прсти во Собранието
Драмата на Егејците (11)
Привремено суспендиран директорот на Депозитарот
Споменици како плева
Нимиц ги собира реакциите од неговите последни предлози
За ненајавена прошетка на Водно, казна 2.000 евра
Џепчиште увезува работна сила од Тетово, Лешок...
Принц и принцеза наместо НАТО и ЕУ
Великани и карикатури
Verbatim