Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Великани и карикатури

Лабина Митевска

Во долгиот период на транзиција се судрија духовното и материјалното, при што победи пониското. Не смее да остане така, оти имаме одговорност кон идните поколенија

Многу често она што ме вадело од памет е неоснована ароганција, недолично однесување, однесување на доминантност, на желба да се понижи соговорникот, на некаква изнасилена претенциозност и вообразена големина. Овие карактеристики се на мали луѓе кои не знаат дека големината е во едноставноста.

Минатата недела бев на еден фестивал во Словачка, каде што на мое големо изненадување, неколку дена беа присутни многу значајни големи луѓе, ѕвезди, уметници за кои како мала сум сонувала да ги видам или запознаам. На фестивалот беа исклучителни уметници, како што се Јиржи Менцел, Кристофер Зануси, вечната муза на Бергман, прекрасната дива Лив Улман, и легендарниот Омар Шариф. Станува збор за луѓе со неверојатно искуство, со многубројни признанија, со многу знаење, со забележителни кариери и ликови кои секој граѓанин на светот ги препознава. Прекрасно е да се посматраат овие фасцинантни луѓе. Неверојатно е да се гледа нивната едноставност, нивната скромност и почит кон својата публика, кон секое човеково битие на оваа планета. Прекрасно е да се доживее искреноста со која тие зборуваат, пристапуваат и ги доживуваат нештата. Неверојатна е нивната енергија која ја носат со себе. А кога ги набљудуваш од страна, сфаќаш дека навистина нема ништо поубаво од благороден и искрен човек. Човек кој знае искрено да се насмее.

Тоа беше повод да се потсетам дека во матниот транзиционен период во Македонија си создадовме не само целосно неоснован систе�� на вредности и на начин на вреднување, туку што во тој матен период создадовме и огромен број карикатури во нашето општество. Карикатурални ликови кои сосема неосновано се наметнаа како некакви великани на нашето живеење овдека. Независно дали зборуваме за карикатурални бизнисмени, политичари или уметници или за некаква си комбинација, многу често од сите три профили. Парадоксално е што сите ние сме заслужни за нивното создавање и, што е најстрашно, сите продолжуваме и натаму да ги негуваме овие наши уникатни ликови.



Она што е поразително е што од поголемиот дел од овие карикатури на денешнината ни зависи живејачката во нашата мала Македонија. Ни зависи живеењето од нив од речиси секој аспект. А тие карикатури од великани се великани во нашето општество не поради нивното знаење или образование, нивната елоквентност или неверојатни успеси, туку едноставно поради нивните сомнително стекнати пари, а сомнително е и колку навистина пари имаат ако се цени според она што се трудат да го прикажат преку чудниот и сомнителен начин на нивното јавно трошење. Својата локална величина ја црпат и од некаква си моќ, поточно поврзаност со политичката гарнитура, која во тој момент ја води нашата земја. Тоа се карикатури од великани кои станале тоа што се благодарение на нивната снаодливост, бескрупулозност, корумпираниот систем на вреднување и добивање. А овие карикатури кои се „шлаат“ по Македонија и ги гледаме во нивните кобајаги блиндирани автомобили, во познатите кафулиња, ресторани, дискотеки, се луѓе кои се сосема неписмени, без никаква општа култура и познавања. Затоа и ги понижуваат оние кои се поумни од нив. Тие се сосема неискрени, а немаат никакви, ама баш никакви квалитети. Но, токму тие, за жал, се транзициските великаните на Македонија. И трагично е што дозволивме со години нивната ароганција да расте, што дозволивме тие да се поставуваат над секого, што дозволивме тие да бидат оние кои ја градат Македонија, кои ги воспоставуваа системите на вредности, кои ги диктираа правилата. Во овој глобален свет веројатно многу полесно човек би дошол до Бил Гејтс отколку до некое наше забегано бизнисменче или директорче. Тоа навистина застрашувачки изгледа.

Страшно е кога имаш можност да запознаеш навистина големи луѓе, големи творци кои го менувале и го менуваат светот и кога гледаш и сфаќаш кои се великаните кај нас и на Балканот. Кои се оние кои на нашите идни поколенија ќе им бидат идоли. Идоли засновани само на материјални придобивки и богатства, без трошка духовност. Оттаму, најверојатно, произлегоа голотијата и простаклакот во турбофолкот кој преживеа две децении и се прошири низ целиот Балкан, насекаде во локални верзии, која од која повулгарна и попроста. Не сакам да судам за цели народи, но факт е дека насекаде околу нас се најпопуларни се најдиректните пренесувачи на пораката и задоволувачи на мечтите. Со прости текстови, прости ритми, вулгарен изглед и видеоспотови кои отсликуваат некаков суперкич и кич-луксуз.



Не треба да се чудиме зошто театрите ни зјаат празни, зошто кината ги затворивме, зошто концертите на сериозна музика се посетени од едни исти луѓе, истите што ги среќаваме и на отворање на ликовна изложба или на џез. Тоа е публиката, една иста, малобројна, затоа печатиме книги во тиражи од од најмногу петстотини примероци. Затоа пропаѓаат неделници и дневни весници, затоа што нема публика. Тоа е така зашто великаните на нашето време се неписмени, невоспитани, арогантни карикатури кои се наметнаа со својата агресивност и вулгарност. Наметнаа сфаќање дека со чесен труд, со знаење и со отворено натпреварување не се добива ама баш ништо. Успеваат единствено таквите како нив и затоа за нив другите се будали, неспособни, кукавици, кои немаат смелост да подмитуваат или да земаат мито, да се богатат на туѓ грб и тоа јавно да го манифестираат како животен успех.

Институциите на системот треба да се погрижат повторно да се воспостави граѓанството кое изумре во овие две транзициски децении. Да се возобнови културното, градското, интелектуалното, универзалното, за да може да му се спротивстави и да не се влетува во партиските стапици.

Човечката величина е во едноставноста, но за да зборуваме за човечност, ни треба човечно општество, а тоа во овие услови на преживување е истиснато на дното. Во изминатиот период духовното и материјалното се судрија и победи она пониското, но не смееме да оставиме така да биде уште долго време. Имаме одговорност кон идните поколенија, одговорност која ги надминува приземните страсти и алчност.

(Авторката е актерка и продуцентка)


Статијата е прочитана 917 пати.

Испрати коментар

Од: blaze
Датум: 11.07.2008 03:56:51
Gi citam kometarite na avtorkata veke nekolku pati i iskreno ne znam taka poradi zvucnosta na imeto ocekuvav poveke....no iskreno G-gice Mitevska i recnikot i stilot vi se podprosecni. P.S.Znam deka znaete mnogu poznati faci i toa postojano go naglasuvate no ne im se tolku voodusevuvajte.Poveketo vo domasna atmosfera se "better" od nasite. zavrsen citat moj"Ednostavnosta e site luge da gi gledas ednostavno".
Од: rezim
Датум: 11.07.2008 05:05:57
Labina, da znaes samo kolku vistina ima vo ovoj tvoj tekst.
Од: Strumica
Датум: 11.07.2008 07:07:47
Eh, Labina, Labina...Tokmu taka e...I ova e edna od prichinite poradi koi jas zaminav fizichki od Makedonija , no sepak duhot i moeto srce se seushte tamu, nadevajki se deka , sepak, rabotite ke se se pomestat vo pozitivna nasoka na ovoj plan. No, naprotiv, se vloshuvaat i sekojdnevno se povekje mladi lugje , ne mozejki da go izdrzat sekojdnevieto vo takov sistem na izmesteni vrednosti se obiduvaat na sekoj nachin da zaminat...Neshto seriozno mora da se stori i promeni na ovoj plan, ili...
Од: od Germanija
Датум: 11.07.2008 08:54:48
Se slozuvam so Blaze, za nekoj koj e vo intelektualna i tvorecka elita ,kako Mitevska so svoeto zvucno ime, stilot i recnikot se navistina podprosecni, a i strukturata na esejite. Zatoa, ne moze ni da se vidi dali temata e dobro obrabotena odnosno koja e voopsto temata.
Од: mene
Датум: 11.07.2008 09:26:56
Одамна не сум прочитал толку добра анализа на изместените вредности на нашево општество. Трогателно е кога ја читаш реалноста составена во добар текст. Но ете дојде време од тие луѓе-карикатури да зависи егзистенцијата на многумина. А со отварањето на приватните средни училишта и факултети, ситуацијата има тенденција на влошување. Се купуваат дипломи, каријери, се купуваат и продаваат животи. Многу сиромашни, а талентирани деца остануваат на маргините на ова општество, само затоа што имаат родители кои живеат чесно од својот труд. Парите, најчесто нечесно стекнати, се ставаат над се. Над знаење, талент, над сите човечки доблести(скромност, чесност,работливост,вистинољубивост). Многу интелектуалци останаа без егзистенција или се на работ на егзистенција. Ова болно општество ги покоси. Лабина, продолжи и понатаму да пишуваш за вистината. Тоа ќе биде наша духовна поткрепа.
Од: emil
Датум: 11.07.2008 09:43:26
Do Blaze i Gospodinot od Germanija. Po Vaseto, mislevte li vie deka gospogicata Mitevska trebase da upotrebuva stilski figuri za da ja dolovi vistinata? Ili vaseto niveau e tolku nisko pa nemozevte da ja svatite sodrzinata? Na ednostaven no mnogu jasen nacin ni ja dasde porakata da se borime protiv pojavata na istknuvanjeto i vrednuvanjeto na nevrednostite sto oligarsite so svoite sinovi i kerki go prezentiraat vo Makedonija. Eden apas ne moze da bide intelektualec, a eden vistinski intelektualec ne moze da gi gleda ovie devijacii indeferentno. Vi blagodaram gospogice za vasite sugestii, go delam vaseto mislenje iaku ova sto se diskutira ovde voopsto nema da stigne do pogodenite zosto tie voopsto ne citaat. Edinstveno sto citaat toe " Playboy "
Од: Gordana
Датум: 11.07.2008 10:19:03
Mnogu ja cenam akterkata i imeto me privlece da ja procitam kolumnata. Arna ama, pocnav i ne mozev da ja docitam. Premnogu mi e zaglavena vo opstost. Kako bi bilo koga na ovaa tema bi gi analizirala "Ednooki"?!
Од: marija
Датум: 11.07.2008 11:13:08
Prekrasen tekst. Tie koi go osporuvaat kvaliteto na tekstot, se onie koi se opishani vo nego kako podprosecni. Ne ja razbrale porakata vo nego.Zalno, no vistinito.Sto narod sme so vakvi izrodi! Zatoa i ne moze da odime napred zasto samo kritizirame bez osnova.Krotikata e dobra ako e potkrepena so dokazi. Teskona Makedonija so vakvi kritizeri!
Од: Vlatko Makedonski
Датум: 11.07.2008 11:21:14
Во овој глобален свет веројатно многу полесно човек би дошол до Бил Гејтс отколку до некое наше забегано бизнисменче или директорче. Тоа навистина застрашувачки изгледа. Apsolutno tochno,poprvo kje dojdesh do Spilberg,otkolku do Stole Popov,ili do Paolo Koeljo,otkolku do Venko Andonovski!!! Bravo za prekrasnata statija Labina,komplimenti od najvsok tip od mene za tebe(inache iskreno ne mi se dopagjash kako akterka,smetam deka daleku si potalentirana da pishuvash i da analizirash so umetnichkoto oko) Kolku do teatrite-pa normalno koga drogata e poevtina,od samiot vlez na edna teatarska pretstava.Povekje se isplati da se izdrogirash i svetot da ti stane rozov,otkolku da popadnesh na nekakva "pretstavichka" i da zalish za zaludno potroshenite pari!
Од: unwritten24
Датум: 11.07.2008 11:49:45
Лабина, сакам конкретни имиња! Зошто се плашиш да ја споменеш нашата таканаречена "елита", Искомплексирани политичари и политичарки, почнувајќи од Јанкуловска, која ја затвори пола држава, па се до Шеќеринска, која се претставуваше какао втор Исус на изборите, а потоа не го поднесе поразит и си замина од сцената. Кога веќе зборуваш за турбо фолкот, можам да ти кажам дека во Велес конкретно, попрво би отишле на плава или црна со цицки, отколку на панк рок бенд како Паркети, на чиј концерт бевме само јас и братучетка ми. Цеца е настан, а Паркети остануваат непознати за скоро цел град. Додека пак текстовите на плавите или црните со цицки имаат една едниствена порака: Патот до машкото срце е преку сексот и женското понижување, преку кубење коси на замислените ривалки. Секогаш знаеш да одбереш тема која е привлечна за читање, тоа го ценам, но треба да поработиш на структурата на есеите. Можам да те насочам кон некои структури, кои би дале поголема смисла и лесна читливост на твојот есеј
Од: Daniela
Датум: 11.07.2008 12:35:27
Многу често она што ме вадело од памет е неоснована ароганција, недолично однесување, однесување на доминантност, на желба да се понижи соговорникот, на некаква изнасилена претенциозност и вообразена големина. Овие карактеристики се на мали луѓе кои не знаат дека големината е во едноставноста. Ova e pocetokot na kolumnata.... i jas im go preprakam na onie sto vo komentarite ukazuvaat deka ne bilo stilski, ocekuvale poveke. Koj im brani ? Neka napisat nesto pa da procitame.
Од: Makedonka
Датум: 11.07.2008 12:37:00
Labina ti blagodaram na ubaviot text. Za moment me vrati so mislite vo Makedonija. Se sekavam na mojot "nepismen" gazda kojsto bese poln so sebe (duri ocekuvase da go vikam G-ne direktore:))) ne si ja poznavase firmata. A zosto bi ja poznaval koga imase kako mene izlezeni od Univerzitet koi mu ja vodea za minimalna plata. Bidejki bev nemokna nesto da promenam si zaminav. I prv pat vidov sto znaci da si direktor so znaenje koe nesebicno se prenesuva na vrabotenite. Raj, ako sakas da ucis i da se nadograduvas. Prv pat vidov deka direktorot posle rabota odi vo pab so svoite vraboteni i se odnesuva isto so sekoj od niv bez razlika sto rabotat. A nasite "nepismeni" polni so sebe biznismeni uste dolgo ke "setaat masni" niz MK.
Од: od gjumbir!
Датум: 11.07.2008 12:43:36
Izvini labina!bi bilo korisno da si gi citas i komentarite pod tvojot tekst.ne deka se site vredni,neli?kako i da e.zborot mi bese deka vo seto toa sto go nabroja od arogancija i tn. se karakteristiki koj sto i ti gi imas vo sebe sise opisa sebe si!nemas ti moralen legitimitet da gi obvinuvas lugeto ko tebe.ti se zapisa na istorija na umetnost neregularno.vsusnsot ti tamu ne se zapisa,ednostavno se pojavi!! i odnekade , odednas stana cesna i vospitana..kade si ja procisti TI tvojata podlost? proseta svet i mislis deka e toa dovolno za da go plukas ona sto si i ti?..nemas moralen legitimitet,ke povtoram uste ednas ti da go plukas ona sto go imas vo sebe si!!!
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 11.07.2008 13:40:04
Лабинче, чедо мое се ти е убаво и на место. Ама има едну работу на коју и Ти, можеби не си имала место, да напишеш. Таа стауна публика која е мауку и која иде на концерти на озбиуна музика, на изложби итн. не се формира на стари години. К’ко с’г бате Стојанче ќе идев на изложбу па и Ѕинго да му нареди. Значи треба још на младе године, у основну школу, оние предмети за ЛИКОВНО, МУЗИКА, ФИЗИЧКО воспитание или кој знае к’кво с’г се казуев, ДА СЕ ИЗУЧУЕВ ПОШТЕНО И К’КО ШТО ТРЕБА. А не, за пример, у наше Секулицу, пред 20-30 године к’д имаше осмолетку, дојде еден даскал и почна деца да ги учев по цртање што е светло, што е сенка, некаква трета димензија, дубина итн. Сите му се смеев и ојде се даскау. Ткој беше и с’с музичко. Е туј е проблем.У школо и дома. Види златно девојче онај ТРЕНДО, ногу убаво облечен, одело, кравата, ципеле како покојни Тито, у онај квиз к’кви питања поставља. Уместо да пита што написае Конески, Јанески, Шопов, кој е Кузман Капидан, која е Неда, за што казује Петре

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Костовски ќе бара референдум за црквата и за спомениците во центарот
Образованието ќари најмногу од ребалансот - 24,4 милиони евра
Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор
Претходен број
Зденко
Брзи прсти во Собранието
Драмата на Егејците (11)
Привремено суспендиран директорот на Депозитарот
Споменици како плева
Нимиц ги собира реакциите од неговите последни предлози
За ненајавена прошетка на Водно, казна 2.000 евра
Џепчиште увезува работна сила од Тетово, Лешок...
Принц и принцеза наместо НАТО и ЕУ
Verbatim