Брoj 2734  петок, 11 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Нимиц ги собира реакциите од неговите предлози

Димитров треба да ја пренесе пораката дека повеќето негови последни предлози не се прифатливи за нашата земја

Македонија останува во преговорите за името, но нема да прифати компромис кој ќе значи чепкање во националниот идентитет. Вака подготвен вчера попладне по македонско време во Њујорк требаше да се сретне македонскиот преговарач Никола Димитров со посредникот од ОН во спорот Метју Нимиц. Новата рунда преговори, која овој пат само ќе биде сослушување од страна на Нимиц на позициите и одговорите на Скопје, а в понеделник и од Атина, на неговите последни предлози кои тој им ги достави пред две недели.

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски еден ден пред средбата во Њујорк единствено изјави дека „ние сме дел од тој процес и ќе го дадеме нашиот придонес и во оваа рунда“.

Димитров, придружуван од Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, требаше да му ја пренесе на Нимиц и пораката од последната средба на државниот врв дека повеќето од неговите последни предлози не се прифатливи за нашата земја, но е нејасно дали освен тоа, тие ќе достават и наши барања до него.

По македонската делегација, в понеделник со Нимиц ќе се сретне и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, по што се очекува тој да даде нов предлог за решавање на спорот околу името во почетокот на идниот месец.

„Целта на оваа средба е да се одржи работна сесија фокусирана на елементите за изнаоѓање можно решение за спорот“, изјави портпаролката на ОН Мишел Монтас, во пресрет, како што се наведува, на техничките консултации, нагласувајќи дека „не се очекува заедничка средба или изјава“. (Т.Г.)


Статијата е прочитана 1757 пати.

Испрати коментар

Од: od makedonka
Датум: 11.07.2008 03:55:46
ova cela situacija okolu imeto me potseka na turskoto ropstvo koga gi zimale nasite dca i gi pravele turci, ili pak amerikancite im gi zimale decata na indijancite i gi pravele amerikanci taka sega i so god. unazad grcite sakaat da gi snema makedoncite, no sega ziveeme vi 21vek i znaeme kako da si go odbranime identitetot,nie postoime kako MAKEDONCI nasata drzava se vika MAKEDONIJA i nasiot jazik e MAKEDONSKI i nema pravo niedna druga drzava da ja menuva ovaa vistina.
Од: Nancy
Датум: 11.07.2008 04:45:14
Ma neznam sto vi ja matat glavata ovi luge, ako im treba rabota neka barat rabota vo nivnata zemja a ne da ne prekrstuvat kako da se vikame gorna,dolna,severna ili juzna toa Makedonija i nie sme Makedonci a ako ne im odgavara TOO BAD.
Од: pameten
Датум: 11.07.2008 05:52:39
но нема да прифати компромис кој ќе значи чепкање во националниот идентитет. A kakov e nacionalniot identitet? Sekako soglasie nema. Nema slobodna diskusija. ASNOMshtinata ili smrt
Од: Коле Мангов, судија
Датум: 11.07.2008 10:25:17
По редовниот дел, според -во резолуцијата 817, дека ние ги исполнуваме условите за прием, стои дел во кој се вика дека оваа држава ќе биде примена во ОН со привремено име ПЈРМ, и стои импликација дека ние ќе преговараме со Грција за уставното име. Тоа се бескрајни и нелегални услови за кои, преку Генералното собрание на ОН, мора да бараме објаснување од Меѓународниот суд на правдата во Хаг – вели Јанев. Според него, со тоа е направено пречекорување на овластувањата при прием на Македонија во ОН, бидејќи не смее да се постават дополнителни услови освен пропишаните за земја која сака да биде дел од организацијата.
Од: republika torbesija
Датум: 11.07.2008 10:36:34
,,Da zivee republika ,,Donija,, ,,Da zivee republika ,,M-Donija,, ,,Da zivee republika ,,M-Torbesija,,
Од: Mima
Датум: 11.07.2008 12:42:02
И сега глумат македонштина откако направија коалиција со ДУИ!?!? Толку тивко се нафрли само информацијата за потпишувањето на двете нови земји во НАТО!Ама сигурна сум дека тоа е така за да не не преоптоварат нас обичните смртници со веста-АЛБАНИЈА Е ВО НАТО,А НИЕ НЕ СМЕ!?!?Каква катастрофа,само си тапкаме во место и се маваме по гради.Толку сум разочарана од изминатиов период.И разочарана сум што ова со МАКЕДОНШТИНАВА е само една маска ,којзнае за што!?Ама по обичај времето ќе ни покаже за што!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Костовски ќе бара референдум за црквата и за спомениците во центарот
Образованието ќари најмногу од ребалансот - 24,4 милиони евра
Бошкоски ослободен, за Тарчуловски 12 години затвор
Претходен број
Зденко
Брзи прсти во Собранието
Драмата на Егејците (11)
Привремено суспендиран директорот на Депозитарот
Споменици како плева
За ненајавена прошетка на Водно, казна 2.000 евра
Џепчиште увезува работна сила од Тетово, Лешок...
Принц и принцеза наместо НАТО и ЕУ
Великани и карикатури
Verbatim