Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Гран-при за рускиот пијанист Илја Готсдинер на „Езерски бисери“

Рускиот пијанист Илја Готсдинер ја освои наградата Гран-при на осмиот Меѓународен арт-фестивал „Езерски бисери“ што се одржа во Струга. Наградата е парична и изнесува 1.000 евра.

На годинашното издание на фестивалот „Езерски бисери“ учествуваа околу петстотини млади уметници од Русија, Казахстан, Украина, Белорусија, Ирска, Малта, Србија, Бугарија, Македонија... Нивните изведби ги оценуваа две стручни комисии составени од врвни музички имиња и балетски уметници од повеќе држави.

Првите два натпреварувачки дена и' беа посветени на класичната музика, додека останатите два беа натпревари во кореографија (фолклорни танци, класичен балет и современ балет), како и за естраден вокал, фолклорен вокал, народни инструменти, декоративна и применета уметност и дизајн.

За лауреати на фестивалот во различни дисциплини беа прогласени кореографскиот ансамбл „Ритам балет“ (Русија), ансамблот за народни танци „Снегири“ (Русија), вокалната група „Ауен“ (Казахстан), хорскиот театар „Академија“ (Русија), танцовиот ансамбл „Славјански лик“ (Русија), танцов театар „Калипсо“ (Русија).

Македонските претставници оставија одличен впечаток кај жирито и кај публиката. Меѓу лауреатите беше и ансамблот за удирачки инструменти „Сонант“, кој ја имаше честа да го отвори гала-концертот.

Пијанистот Илја Готсдинер од Москва одржа и концерт на класична музика пред црквата „Св. Богородица“ во близина на хотелот „Бисер“ во Струга.


#
Статијата е прочитана 216 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Спектакуларно отворање на јубилејните „Струшки вечери на поезијата“
Поранешниот в.д. директор на „Охридско лето“ именуван незаконски
Списанието „Акт“ посветено на поетскиот фестивал
„Предел“ - изложба на Драган Најденовски на „Бит-фест“
Рецитал на триото „Интерарт“ во Осло

"""