Списанието „Акт“ посветено на поетскиот фестивал
Најновиот број на списанието за книжевност и култура, „Акт“ целосно е посветен на „Струшки вечери на поезијата“. Во него е поместено уводно обраќање на директорот на манифестацијата, Данило Коцевски, кој се навраќа на почетоците на фестивалот, разоткрива кога првпат се одржал поетски портрет во црквата „Св. Софија“, а се споменува и еден интересен момент. Имено, првпат наградата „Браќа Миладиновци“ била доделена во 1963 година на Матеја Матевски, годинашниот лауреат на наградата „Златен венец“. Понатаму е поместена поезија од Матеја Матевски, како и раскази, есеи и поезија од македонски и странски автори.
|