Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Поранешниот в.д. директор на „Охридско лето“ именуван незаконски

Министерката за култура во период од шест месеци двапати именувала ист директор, активности што не се во согласност со Законот за култура

И покрај ветувањата на министерката за култура дека новиот директор на „Охридско лето“ ќе биде избран по формирањето на новата Влада, тоа не се случи. Годинашното 51. издание на големата и значајна културна манифестација заврши, а таа се' уште го нема својот капетан. По двата конкурса за избор на нов челник на манифестацијата, министерката за култура како в.д. директор го назначи Илија Мојсоски, за културната јавност непозната, но според тогашните изјави на Канческа-Милевска, личност со соодветно образование зад себе.

Деновиве државниот ревизор излезе со податоци за некои неправилности во работата на „Охридско лето“. Покрај голем број недоследности во финансиското работење на фестивалот, кои се однесуваат на минатата година, особено внимание е посветено на незаконското назначување на изборот на Васил Зоровски, кој два пати едноподруго е избран за в.д. директор.

Минатата година, пред самиот старт на јубилејното 50. „Охридско лето“, Министерството за култура го смени тогашниот директор Тони Симоновски, а за в.д. го постави Зороски. Во меѓувреме, Министерството распиша два конкурса за директор на „Охридско лето“, од кои на првиот се пријавија 12 кандидати, но не беше избран ниту еден, со образложение дека се бара човек со исклучителни менаџерски и уметнички квалитети, кој најдобро би знаел да раководи со манифестацијата со светско реноме. Вториот конкурс за избор на нов директор е во тек, а се' до конечното назначување со „Охридско лето“ ќе се справува в.д. директорот, охриѓанецот Илија Мојсоски, вработен во институцијата „Охридско лето“, кој доби мандат од шест месеци.

Во препораката на Државниот завод за ревизија стои дека минатата година министерката за култура во период од шест месеци двапати го именувала истиот директор, Васил Зоровски, активности кои не се во согласност со Законот за култура. Наведените законски акти, стои во извештајот на ДЗР, не предвидуваат можност за повторно именување вршител на должноста директор на установата. „Со ваквото постапување, раководењето на установата е доверено на лице кое нема статус на директор“.

Минатиот месец, министерката за култура поднела забелешки, но ДЗР ги одбива како неосновани. Од Министерството за култура велат дека оваа институција, од причини утврдени со Законот за култура, пред истек на мандатот го разрешила директорот на „Охридско лето“. „Согласно со Законот за култура, Министерството за култура распишува јавен конкурс за избор на директор и именува в.д.. Во конкретниов случај, со оглед на тоа што министерот за култура на објавениот конкурс не изврши избор на директор, повторно именува вршител на должноста директор. Согласно со Законот за култура, никаде не е пропишано дека министерот за култура нема право на повторно именување на вршител на должноста в.д. директор, односно во конкретниот случај министерот за култура со цел да не дојде до прекин во работата на установата, презел активности на повторно именување на вршител на должноста в.д. директор и тоа од редот на вработените со мандат до избор на нов директор на установата, односно најдолго за шест месеци, поради што и нема никаква повреда на одредбите од Законот, а најмалку во оцената за прашањето што се однесува на легитимитетот на вршење на функцијата“, вели Анита Јовановска, портпаролка на Министерството за култура.

Во извештајот на ДЗР, пак, стои: „Точна е констатацијата дека во Законот за култура никаде не е пропишано дека министерот за култура нема право на повторно именување вршител на должноста директор, но децидно е утврдено дека вршителот на должноста се именува за време до изборот на директор, а најдолго за шест месеци. Овластениот државен ревизор ги респектира, но не ги прифаќа објаснувањата за причините на неизвршен избор на директор на установата, поради тоа што Министерството за култура не распишало јавен конкурс веднаш по именувањето вршител на должноста (14.6.2010), како што е утврдено со Законот за култура, туку на 6.10.2010“.

Дали и 52. издание на најголемата културна манифестација во земјава ќе го дочекаме без директор или според практиката што се установи во последниве години тој ќе биде назначен пред самиот старт, не се знае. Но, развлекувањето и на првиот, а еве сега и на вториот конкурс за избор на директор на „Охридско лето“ начнува дилеми, провокации, многу прашања од типот дали одложувањето на конкурсот е од политички причини или навистина се чека на човек од културата, човек што е запознаен со работата на фестивалот и кој, освен познавање во делот на маркетингот и организацијата, треба да поседува знаење и умешност за основните потреби на фестивалот во уметничка и естетска смисла.


#
Статијата е прочитана 1089 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Спектакуларно отворање на јубилејните „Струшки вечери на поезијата“
Списанието „Акт“ посветено на поетскиот фестивал
„Предел“ - изложба на Драган Најденовски на „Бит-фест“
Гран-при за рускиот пијанист Илја Готсдинер на „Езерски бисери“
Рецитал на триото „Интерарт“ во Осло

"""