|
|
|
|
|
|
„Предел“ - изложба на Драган Најденовски на „Бит-фест“
Во галеријата „Магаза“ во Битола, вечерва во 20,30 часот во рамките на „Бит-фест“, ќе биде отворена изложба на слики на уметникот Драган Најденовски. Изложбата е насловена „Предел“ и, како што вели Лилјана Христова, ликовна критичарка, открива извесна мистика на скриени чувства, на фрагменти од еден волшебен сон, на несекојдневна глетка и визуелна перцепција. Основна насока во оформувањето на креациите на Најденовски претставува мирното и природно поврзување на внатрешниот и надворешниот свет на авторот прикажан низ слоевито откривање на суптилните емоции изразени во еден миг од моментот на личното доживување. Тој се обидува да направи поврзување на сите сегменти од природата со вешто поставување одредени топли ликовни ефекти врз ладната заднина, но со колористични полиња што ги разграничуваат духовните и просторни граници.
Драган Најденовски е член на ДЛУБ - Битола, самостоен ликовен уметник. Учесник е на повеќе групни изложби низ земјата и во странство, на меѓународни манифестации на графика, како и многубројни меѓународни ликовни колонии. Добитник е на повеќе награди и признанија. |
#
|
Статијата е прочитана 225 пати.
|
|
|
|
|
|
|