Брoj 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter
Економија

НБМ ќе продава 16 отсто од акциите на Стопанска банка - Битола

Народна банка на Македонија ќе продава 16,29 отсто од акциите во Стопанска банка - Битола, чиј сопственик е Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола. Овие акции НБМ ќе ги понуди на продажба преку Македонската берза, по пат на јавни берзански аукции. Објавата за продажба може да се види од веб-страницата на централната банка, а била објавена и во неколку дневни весници.

„Согласно со Законот за банки, член 137 и 138, гувернерот донесе решенија со кои се спроведува продажба на акции од Стопанска банка - Битола, сопственост на ЗК ’Пелагонија‘ - Битола од страна на НБМ“, се вели во објавата на НБМ.

Согласно со Законот за банки, НБМ има право да донесе одлука за продажба на акции на одредена банка доколку оцени дека соодветниот акционер не ги исполнува условите за да поседува акции во банка.

Според наши сознанија, во овој случај, сопственикот на акциите, односно ЗК „Пелагонија“ – Битола, ги исполнува условите да биде акционер во банка, но не го испочитувал законскиот рок од шест месеци во кој сите акционери морале да се релиценцираат, односно да добијат нови согласности за поседување акции во банка. Тој рок истекол на крајот на мај и НБМ во тој случај морала да се раководи од законот и да ги даде на продажба овие акции.

Ќе се продаваат 389.779 обични акции и 1.198 приоритетни. Номинална вредност на една акција е 3.000 денари. Банката има основна главнина од 1.172.931.000 денари или околу 19 милиони евра.

Ќе се продаваат три пакети од по 5,43 проценти. Ќе се продава по принципот се' или ништо. Пакетите на акциите ќе се продаваат на аукции кои ќе стартуваат од 17 ноември годинава. Почетна продажна цена на акција изнесува 8.899 денари. Ако на јавната берзанска аукција никој не ја прифати почетната цена, на следната акциите ќе се понудат по цена која е за 10 отсто пониска од почетната и ќе се продолжи со намалување на продажната цена за уште 10 отсто, се' додека еден или повеќе инвеститори не изјават подготвеност за купување на понудените акции. Акциите понудени за продажба се плаќаат во готово. На јавните берзански аукции ќе можат да учествуваат само лица кои од гувернерот ќе добијат претходна согласност.

Стопанска банка - Битола од поодамна е во потрага по реномирана странска банка која во неа би влегла како стратегиски партнер. Наши извори од НБМ велат дека продажбата на овие 16 отсто од акциите нема да биде пречка банката да најде реномирана бренд странска банка, која би ја купила. (Н.Н.Ф.)

 


Статијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар

Од: читачот
Датум: 09.06.2008 08:16:26
" Ќе се продаваат 389.779 обични акции и 1.198 приоритетни " Каков гаф !!!!!! Н.Н.Ф би требало да се извини на јавноста затоа што се работи за 63.381 обични акции, а бројките од 389.779 и 1.198 се однесуваат на вкупниот број на акции, а не на оние кои се на продажба.........И новинарите толку знаеле да читаат соопштенија, ако им треба толкување, нека прашаат т.н. експерти.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Г-8 земјите, Кина, Индија и Јужна Кореја загрижени за скапата нафта
Албанската влада пред одлука за изградбата на ТЕЦ на јаглен
Грчките медиуми тврдат дека ќе се стави клуч на „Космофон“
Ниедна фирма не е целосно ослободена од банкарски гаранции за увоз
МЕПСО првпат ги продаде сите ноќни вишоци струја
„Лукоил“ сака да се шири во Македонија