МЕПСО првпат ги продаде сите ноќни вишоци струја
На последната аукција на ноќни вишоци електрична енергија, за периодот од 9 до 15 јуни, МЕПСО продаде 2.450 мегават-часа струја и првпат досега, откако се одржуваат аукциите за продажба на ноќните вишоци, продадена е целата понудена електрична енергија. Како што соопштуваат од МЕПСО, скопската цементарница „Усје“ купила 490 мгвч., а српската трговска компанија „Руднап“ од Белград - 1.960 мгвч. енергија. Од оваа последна продажба на вишоци струја МЕПСО инкасира повеќе од 80.000 евра.
Инаку, ноќните вишоци струја досега беа интересни само за „Усје“, која учествуваше на три аукции и купи малку повеќе од 2.000 мегават-часа струја, за што на МЕПСО му плати над 50 илјади евра. (М.Т.) |