Албанската влада пред одлука за изградбата на ТЕЦ на јаглен
Тирана - Албанската влада е во голема дилема дали да ги избере Атина или Рим за да гради ТЕЦ на јаглен на нејзина територија, пишува албанскиот весник „Шќип“. На маса се два проекта. Едниот доставен пред повеќе месеци од страна на италијанската компанија ЕНЕЛ, а вториот деновиве од грчко-германскиот конзорциум, составен од РВЕ, ППЦ и „Титан“.
На средбата со претставниците на конзорциумот кои лобирале да им биде дадена таа можност, премиерот Сали Бериша им рекол дека албанската влада ќе ги разгледа двата проекта и ќе ги оцени врз основа на еколошките, технолошките и другите критериуми. Непобитен е фактот дека во Албанија ќе се гради само една ТЕЦ на јаглен и сега владата се наоѓа во дилема дали да го избере грчко-германскиот или италијанскиот проект. (МИА) |