Брoj 2707  понеделник, 09 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Прилог ЕВРО 2008

Претходен број


Site Meter
Економија

Ниедна фирма не е целосно ослободена од банкарски гаранции за увоз

За намалување на банкарската гаранција, фирмата мора да биде добар даночен плаќач

Александрија Стевковска

Досега ниту една компанија нема добиено целосно ослободување од обезбедување банкарска гаранција при увоз. Според увозниците, причината за тоа се превисоките критериуми што ги поставува Царината за добивање на оваа погодност, додека, пак, според Царината, станува збор за инерција на компаниите и недоволната информираност за можноста за целосно ослободување од вадење банкарски гаранции, иако тоа ќе значи олеснување на нивната работа. За Царината, исто така, тоа значи дека фирмите не ги исполнуваат во целост обврските спрема државата, што е еден од основните фактори да се добие такво ослободување. Можноста за користење ослободување целосно покривање на банкарските гаранции треба да претставува можност за олеснето работење, со оглед на тоа дека претходно компаниите мораа да приложат банкарска гаранција за целиот износ на стоката, што цицаше голем дел од финансиската моќ на фирмите.

„Царината предвиде можност за стопроцентно намалување на банкарските гаранции, но тоа е невозможно да се постигне поради критериумите што треба да се исполнат за добивање на таа погодност“, велат увозниците.

Според директорот на македонската Царина Ванчо Каргов, не станува збор за строги критериуми, туку за неисполнителност на компаниите. „Нашите стопанственици како да не се заинтересирани за користење на оваа можност, иако тоа ќе им остави повеќе средства за работа, а не да ги врзуваат за банкарски гаранции. Сепак, изгледа фирмите не ги исполнуваат во целост критериумите, кои бараат тие да бидат редовни даночни плаќачи, да ги имаат платено сите придонеси, да имаат направено ревизорски извештаи“, објаснува Каргов.

Ослободувањето од обезбедување на банкарските гаранции може да биде во различен процент, од 10, 30, 50 и 100 отсто. Колку е поголем процентот на ослободување, толку се построги критериумите што се однесуваат на фирмите.

За добивање целосно ослободување од подигање банкарска гаранција фирмите треба уредно да ги исполнувале обврските во царинските постапки, во последните 12 месеци да немало решенија за дополнителна наплата на царински долг. Освен тоа, барателот треба да нема неплатен царински долг и други јавни давачки, неплатени активирани банкарски гаранции, навремено да ги намирува сите обврски кај царинските органи, кон УЈП и кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пред да се даде можноста за намалување на банкарските гаранции, тие се пресметувале врз основа на шестмесечниот просек на евентуалниот царински долг со обврска имателите на одобренија да го обезбедат царинскиот долг во целост. Намалувањето на банкарските гаранции може да го искористат фирмите кои увезените репроматеријали со преработка ги извезуваат во вид на готови производи.

 


Статијата е прочитана 115 пати.

Испрати коментар

Од: Петар
Датум: 09.06.2008 06:21:36
Го геледаш и го слушаш на “Македонскиот сервис“! Зборува ли зборува празно. Каков е тоа термин “0 гаранција“. Па човекот залутал во Царина - а не знае и “Ц“. Тоа е само во Македонија (и не само во царина, туку и во цела јавна администрација како најголемо ТД во земјава)!
Од: ??
Датум: 09.06.2008 07:32:16
..се е тоа убаво, но во пракса неостварливо! Зошто? Едноставно, затоа што НАШАТА (државната) АДМИНИСТРАЦИЈА НЕ ЧИНИ. Т.е. зависно од тоа во кој град бараш административни услуги, па дури зависно и од тоа кој е на смена. СЕКАДЕ РАЗЛИЧНО СЕ ТУМАЧАТ ЗАКОНИТЕ и за барателот на услугите никогаш не е сигурно која смена како ќе ги тумачи законите и условите!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Г-8 земјите, Кина, Индија и Јужна Кореја загрижени за скапата нафта
Албанската влада пред одлука за изградбата на ТЕЦ на јаглен
Грчките медиуми тврдат дека ќе се стави клуч на „Космофон“
МЕПСО првпат ги продаде сите ноќни вишоци струја
„Лукоил“ сака да се шири во Македонија
НБМ ќе продава 16 отсто од акциите на Стопанска банка - Битола