Оружен грабеж во маркет во Охрид
Околу 54.000 денари биле украдени во оружен грабеж што се случи завчеравечер во маркет на улицата „Туристичка“ во Охрид. Маскираниот разбојник влетал во продавницата околу 20 часот и и' се заканил на вработената дека ќе ја убие ако не му ги даде парите од дневниот промет. Откако ги зел илјадниците денари, побегнал, а полицијата отвори истрага. (Г.А.) |