Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хроника

Тројното убиство во „Биг фиш“ било поради долгови

Обвинителството го лоцира мотивот за крвавата пресметка во нерасчистените должничко-доверителски односи

Љубиша Станковиќ


Трикратното убиство што се случи на втори септември оваа година во рибниот ресторан „Биг фиш“ во Трговскиот центар „13 Ноември“ во скопската населба Аеродром, во многу скоро време ќе добие и судска разрешница. Според предвидувањата, по поднесувањето на обвинитениот акт со кој обвинетиот Тони Денковски (47) се товари за трите убиства и за поседување огнено оружје, можно е судењето да биде закажано за многу скоро време.

Во веќе изготвениот обвинителен акт Денковски се товари дека ги убил Јордан Јорданов (36), со прекар ’Ркулот, Влатко Андреевски (26) и полицискиот работник Владо Милошев. Се' започнало кога обвинетиот од својот дом на улицата „Жегљане“ ја зел својата автоматска пушка и ја ставил во пластична бела вреќа. Потоа со возило „опел корса“ се упатил кон рибниот ресторан „Биг фиш“. Кога Денковски влегол во локалот, на една од масите ги забележал тројцата со кои седела и една девојка, која ќе се појави како сведок на судењето.

Тие седеле на две клупи поставени крај масата, а Денковски седнал на друга маса, близу нов. Во еден момент станал и на Јорданов му се обратил со зборовите: „’Ркул подигни ја главата“, по што уследил рафал. Од испуканите куршуми од „калашнков“ на Јорданов му биле нанесени седум рани. Само две повреди биле констатирани кај Андреевски, додека кај Милошев биле пронајдени шест повреди од куршуми. Од задобиените рани Јордaнов починал на самото место, а тешко повредените Андреевски и Милошев им подлегале на повредите во Ургентниот центар.

Откако го извршил тројното убиство, Денковски ја фрлил пушката пред Експозитурата на НЛБ Тутунска банка, односно на само неколку метри од ресторанот во кој се одиграл трагичниот настан.

Според Основното јавно обвинителство - Скопје, мотивот за тројното убиство треба да се бара во нерасчистени должничко-доверителски односи, но кој е вистинскиот мотив ќе се знае наскоро кога обвинетиот Денковски на главен претрес ќе ја даде својата одбрана. Тој во текот на истрагата одлучи да се брани со молчење. Зачудува и тоа што тој доброволно и' се предаде на полицијата, само еден ден по крвававиот настан во „Биг фиш“. Тој не побарал ниту правен застапник што ќе ги заштити неговите интереси пред судските истражни органи, туку ќе дозволи тоа да го направи судот на свој трошок.

Обвинетиот Тони Денковски е сопственик на фирма што се занимава со телекомуникации и друштво за вршење јавен такси-превоз.


#
Статијата е прочитана 2480 пати.

Испрати коментар

Од: boris
Датум: 10.11.2010 01:50:46
Не го оправдувам убиството воопшто и секако,тоа треба да се казни,но мислам дека човеков (убиецот) имал сериозни маки и проблеми со жртвите.Како и да е,многу лош епилог.

Најди! во Утрински
Хроника
Старец пронајден мртов на нива
Ја убила ќерка си во машина за перење
Арамии упаднале во дебарската парохија
Ограбена Агенцијата за вработување
Оружен грабеж во маркет во Охрид
Зелка предизвика масовна тепачка во Скопје






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis