Ја убила ќерка си во машина за перење
Дваесет и шестгодишна Американка ја згрози јавноста откако си ја уби ќерка си стара само десет дена, ставајќи ја во машина за перење. Агенциите известуваат дека злосторството се случило во американската држава Оклахома. Од тамошната полиција претпоставуваат дека мајката Линдзи Фидлер била под дејство на наркотици и најверојатно по грешка го ставила бебето во машината за перење.Таа била мајка на уште два сина на возраст од три и четири години. (Х.Р.) |