Старец пронајден мртов на нива
ГОСТИВАР – Осумдесет и двегодишен жител од селото Врапчиште е пронајден мртов на нива откако претходниот ден заминал од дома. Безживотното тело на 82-годишниот Х.Х. било пронајдено завчера во месноста Вртач, атар на гостиварското село Дебреше. Во негова непосредна близина биле пронајдени и делови од неговата облека.
При извршениот увид, не биле пронајдени траги на насилство на неговото тело. Лекарот констатирал дека Х.Х. починал од природна смрт. Врз неговото тело е извршена обдукција. Починатиот Х.Х., според исказите на блиските дадени во истрагата, подолго време боледувал од склероза и неколку пати се оддалечувал
од дома. Последен пат излегол од домот на 6 ноември, а еден ден потоа бил пронајден мртов. (К.К.) |