Ограбена Агенцијата за вработување
Шест куќишта, тастатури и седум монитори викендов биле украдени од Агенцијата за вработување во Струмица. Според полицијата, најверојатно станува збор за повеќечлена група крадци, кои во зградата на Агенцијата влегле преку еден од прозорците и незабележани од никого, успеале да ја извршат кражбата, а истата вчера во утринските часови ја забележал еден од вработените по што случајот бил пријавен во полицијата. Од Агенцијата вчера изјавија дека се попречени во извршувањето на работните обврски, но со кражбата не и' е нанесена штета на евиденцијата на невработените, бидејќи базата се наоѓа во Скопје. (Е.П.) |