Двајца повредени и петмина приведени е билансот на масовна тепачка што се случи во неделата попладне во скопската населба Кисела Вода. Како што соопшти полицијата, приказната започнала околу 17,30 часот на улицата „Пушкинова“ кога Ф.М. (33) од Скопје и неговата мајка Р.М. (56) започнале расправија со браќа од скопски Чифлик, кои продавале зелка натоварена на мотокултиватор пред зградата во која живееле мајката и синот. Откако не успеал да ги разубеди да си заминат, Ф.М., според полицијата, физички ги нападнал продавачите, по што тие се разбегале.
„Мислејќи дека се упатиле кон салата ‘Расадник‘, каде што, исто така, имало продавачи на зеленчук, натоварени на камиони, скопјанецот отишол таму и почнал да се расправа со еден од нив“, велат од полицијата.
Во еден момент, тој зел една од вагите со тас и ја фрлил на земја, а со тег го скршил ветробранското стакло од камионот на З.А. од струмичкото село Баница. Веднаш потоа, повеќе продавачи физички ги нападнале скопјанецот и мајка му, удирајќи ги со стапови во главата и по телото. Додека траело тепањето, случајно минал С.Г. (34), инаку пријател на нападнатиот скопјанец, кој се обидел да им помогне, но и тој бил физички нападнат од толпата.
„Мајката телефонски го повикала другиот син, А.М. (39), кој пак, вербално ги омаловажувал полицајците што пристигнале“, тврди МВР.
Двајцата повредени скопјани биле префрлени во Градската болница, а полицијата ги приведе А.М. (39) од Скопје и И.В. (29), Ж.В. (27), М.В. (58) и З.А. (19) од струмичка Баница. Полицијата го расчистува случајот, утврдува кои други лица учествувале во инцидентот, по што ќе бидат поднесени соодветни
Napisov podsetuva na Hronika od 1929 godina -29 Oktomvri Detroit News/SAD, sto e vremeto na golemata finansiska depresija vo Amerika. Da znam ova da mi se slucuva niz drzavata, jas ne bi mozel mirno da spijam koga bi bil covek sto ili e vo vlasta ili pak ne daj boze e Premier...jas vaka ne mozam da spijam sto gledam, slusam i citam sto se se slucuva vo mojata Makedonija, a kamoli da sum povikan da storam nesto za toa. I vaka "nepovikan" sepak mislam zaedno so drugi "nepovikani" ke pocneme da prevzemame merki ova ednas za segogas da stane minato vo nasata drzava!
Од: ?
Датум: 09.11.2010 17:54:14
E...gospodine od Detroit ..ova e najmalce sto ni se desava ..da znaete sto ni se desava vo semejstvata ...takov horor nema nitu vo najakcionen Amera film...
Од: kitka
Датум: 09.11.2010 20:05:02
оф оф оф кутриот ти нема да можеш да спиеш леле... Што е толку голем проблем што човекот продавал пред зграда со мултикултиватор, или сигурно е срамно во Скопје да се шетаат трактори со зелки.АЛООООООО продавал зелки човекот не дрога. Кој е проблемот на дечкото што почнал да тепа, и проблемот на мајката што тргнала да гледа како син и се тепа ?
Од: patalec
Датум: 09.11.2010 22:12:16
Nekako i slabo gi natepale, da bev jas tamu poloso bi pominale.
Znam, mnogu grdo izgleda koga vo "ubavo sredena naselba" ke vidite nekoj SELJAK ili ZEMJODELEC, neizbricen, nebanjat, maslosan, i negoviot trakotor ili kamionce Zastava od pred 30godini, kako moli da kupite za bez pari malku zarzavat. E, da prostite, ama i toj ne e budala da sedi na ova vreme tamu i da go dava izrabotenoto so pot za bez pari, ako ne mu dojdeno jajceto na gazot! I na seto toa, da ti dojde nekoj ufilmovan fraer i da ti soli pamet kaj trebalo da prodavas?! Koj ne videl ne znae kako e. Jas ja znam makata na tie lugje, i za toa iskreno zalam sto ne sum bil tamu, ili pak, barem listata na povredi da bese malku pogolema!
Од: cede
Датум: 10.11.2010 01:59:21
ne e do fraerite do zelkata e problemot.Kupusot ovaa godina ne stasue kako sto treba.Moze samo da ocekuvame pogolemi tepacki i bezredija okolu kupusot.bas kako vo k - 15