Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Силна најава за „Нирвана“, но слаб ефект

Режисерот Ја��и Бојаџи и актерот Сенко Велинов најавуваа отворање важни прашања и осврт кон неодговорноста спрема ликови важни за нашата историја, но од тоа ни трага ни алузија во постановката во Драмски

Сунчица Уневска

Претставата „Нирвана“ на Јани Бојаџи, која ја имаше премиерата во Драмскиот театар во саботата, беше најавена доста бомбастично, но во суштина не понуди ништо. „Нирвана“ е историска драма на бугарскиот писател Константин Илиев, која се навраќа на настаните во Бугарија и во Македонија на почетокот на 20 век, но првенствено низ љубовниот однос меѓу поетот Пејо Јаворов (Сенко Велинов) и Лора Каравелова (Касиел Ашер). Оваа драма е многу поставувана во Бугарија, а текстот на Илиев е преведен на повеќе јазици.

Кај нас овој текст го преведе самиот режисер на претставата, Јани Бојаџи, кој на прес-конференцијата рече дека ова е документарна драма која се осврнува на бурните времиња за Македонија, дека текстот е современ и многу директно говори за настани и луѓе кои се многу важни за Македонија, нагласувајќи дека шеесетина години овие бели јагниња некој во Македонија се обидува да ги облече во црно руно. Самото тоа најави одредена провокација, па дури и редефинирање на некои настани и ликови.

На сето тоа се надоврза и актерот Сенко Велинов, кој во претставата го игра познатиот поет и прв биограф на Гоце Делчев, Пејо Јаворов, кој рече дека оваа претстава поставува многу важни прашања, а ја покажува и нашата неодговорност кон личности кои се значајни за нас и за нашата историја. „Се работи за не многу светла точка меѓу нашите две држави, иако Јаворов е Бугарин кој сонува за слободна Македонија. Нема никакви дилеми во поглед на овие историски ликови, а тоа може да се види и од фактот што овде Јаворов го викале војвода“, изјави Велинов.

Но, во претставата „Нирвана“, во која се зборуваше бугарски и македонски, воопшто не се проблематизираат овие прашања. Тие се само фон, а во преден план е љубовниот однос меѓу Пејо Јаворов и Лора Каравелова. Тоа е класична драма која се занимава со машко-женскиот однос, со вечните прашања меѓу половите, тоа е инспиративна и интересна пиеса (говорејќи за текстот) која на еден поинаков начин и пристапува на оваа многу обработувана тема. Дејствието се случува во ноќта пред самоубиството на поетесата Лора Каравелова, која доживува нервен слом.

Лора е слободоумна и напредна, за тоа време таа има дури и феминистички ставови и во односот со својот партнер го бара рамноправниот однос, респект и љубов. Во основата на сето тоа, пак, лежи стравот од својот загубен идентитет, додека целосно му се посветила и предала на големиот поет Пејо Јаворов. Обидувајќи се низ барањето на доказот за тоа дека е сакана и за сопственото место во таа бурна, жестока и спротивставена врска, Лора се' повеќе и повеќе паѓа во бездната над која виси, а во која го повлекува и Пејо Јаворов. Не случајно, бидејќи и самиот Јаворов се прашува за смислата на сето она за што во животот толку жестоко се залагал.

Всушност, тоа е она што го нуди текстот, додека претставата на Бојаџи е доста слабо и праволиниски водена. Текстот нуди можност за поголема жестокост, преиспитување, судир меѓу брачните партнери, нуди можност за вознесеност и очај, но авторот ја води доста безлично, особено ако се осврнеме на провокативниот и исклучително живописен однос меѓу Пејо и Лора во драмскиот текст.

Сценографијата на Тихомир Спировски и музиката на Горан Трајковски беа навистина интересни, но ни тие не се искористени за овој силен дијалог да ја добие вистинската тежина. Освен тоа, претставата во Драмски театар, која е поставена во внатрешноста на сцената, резултира со тоа да не можете многу да слушнете, особено кога зборува бугарската актерка Касиел Ашер. Се' на се' претставата не остава никаков впечаток, а уште помалку отвора или загатнува одредена тема.


#
Статијата е прочитана 728 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Замина Дадо - балканскиот Салвадор Дали
Лабораторија на модерниот танц
Македонска Агата Кристи
Концерт и ЦД на Страшо Темков, флејта
Изложба на бугарскиот графичар Иван Нинов
„Разговор со Спиноза“ објавен на бугарски јазик
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society