Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Лабораторија на модерниот танц

Деновиве почна со работа новиот Истражувачки танцов центар на Рисима Рисимкин

Тина Иванова

Во Драмскиот театар во Скопје, во неделата, беше презентиран нов истражувачки центар, насловен „Рисимкин истражувачки центар“ или накусо РИЦ. Станува збор за лабораторија во која ќе се истражуваат нови насоки во современиот танц, во која ќе се развиваат програми за размена од областа на културата и ќе се развива едукативна програма за деца и млади во областа на танцот.

Првиот проект на Истражувачкиот центар, кој почна со работа годинава, всушност, е буто-лабораторијата, која деновиве се одржува под раководство на еден од најпознатите светски буто-танчари, Катцура Кан. Првиот настан, со неколку кореографски епизоди, се случи токму во Драмскиот театар, на малата сцена. Во проектот учествуваа професионални уметници, како и студентите на „Скопје денс академи“, што е дел од Универзитетот ЕСРА.

Инаку, Кацура Кан, роден во Кјото, е уметник, мајстор за буто-техника од редовите на постарата јапонска генерација на Буто. Настапувал со машката буто-трупа „Byakkosha“ во периодот помеѓу 1979-1981 година, а потоа продолжил со истражување во Индонезија и Тајланд во наредните 20 години. Во 2001 година Кан почнал да работи во Балканскиот регион за новите комуникациски дела. Моментно ја истражува „Бекет БУТО-нотацијата“ во Њујорк, и „Пророштво и енигма“ како Танцов ораториум, проект во Атина.

Буто-техниката, пак, уште се нарекува и „Надреализам на Месо“. Во денешно време е позната како современа танцова форма, иако почнала како експериментален перформанс во 50-тите и во 60-тите години од минатиот век, како едно од јапонските авангардни уметнички движења.

„Сакаме да развиеме една нова истражувачка линија во областа на танцот. Ова е програма на ’Интер-арт‘. Нашата идеја е да каниме гости од надвор што ќе пренесуваат свои искуства. Во план ни е да правиме и резидент-артисти, да гостуваат и македонски танчари, актери, односно сите што сакаат да се занимаваат со изведувачка уметност. Наша цел е да има простор во кој ќе можат младите да се пронаоѓаат себеси, да наоѓаме нови форми, зашто ова е нешто што во Македонија го нема“, вели Рисима Рисимкин, уметничка директорка на РИЦ.

Нејзината идеја е да направи танцов театар, а на таа тема, „Нов танцов театар“, во декември ќе се одржи и конференција чиј организатор е „Интер-арт“. Рисимкин вели дека Истражувачкиот центар ќе развива и едукативна програма за деца, а која ќе почне од септември следната година и ќе биде специјализирана за едукација на млади во областа на современиот, класичниот танц и хип-хоп. „Сакаме да направиме кадар што ќе се едуцира во областа на модерниот и класичниот танц“, вели Рисимкин, чија неодамнешна идеја да отвори и Конзерваториум, се надева набргу ќе стане реалност.


#
Статијата е прочитана 479 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Силна најава за „Нирвана“, но слаб ефект
Замина Дадо - балканскиот Салвадор Дали
Македонска Агата Кристи
Концерт и ЦД на Страшо Темков, флејта
Изложба на бугарскиот графичар Иван Нинов
„Разговор со Спиноза“ објавен на бугарски јазик
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society