Концерт и ЦД на Страшо Темков, флејта
Со концертот на флејтистот Страшо Темков и пијанистката Марија Вршкова, вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот, ќе се затвори манифестацијата „Есенски музички свечености“. Наедно, пред почетокот на концертот, професорот Стојан Стојков ќе го промовира новото ЦД на Страшо Темков, со што ќе се одбележи 25 години од неговата уметничка дејност.
На програмата се дела од Пуланк, Боца и Хиндемит. Како гости ќе настапат членовите на квартетот флејти „Аулос“: Катерина Бачевска, Ангелина Катмерова, Марија Јакимовска и Александра Тевдовска. |