Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Замина Дадо - балканскиот Салвадор Дали

Црногорскиот сликар Миодраг Ѓуриќ-Дадо почина во Франција каде што живееше и твореше

Катерина Богоева

Големиот мајстор на платното Миодраг Ѓуриќ-Дадо, ликовниот уметник со светско реноме кој беше нарекуван и „балкански Салвадор Дали“, почина на 27 ноември во Париз, градот во чија близина се беше закотвил во 1965 година и до крајот на животот неуморно твореше.

Македонската публика со чудесните светови на овој, по потекло црногорски уметник, за последен пат се сретна во септември минатата година на изложба во Културно - информативниот центар во Скопје, каде што доследниот претставник на фигуративното сликарство презентираше цртежи со гротексни, надреални и фантастични претстави. И тие дела како и останатото негово творештво моќно ја привлекоа, а истовремено и ја вознемируваа публиката, а тој уште еднаш се потврди како „мајстор на новата хуманизација“.

Миодраг Ѓуриќ-Дадо својот животен пат го започнал од Цетиње, Црна Гора каде во Херцег Нови завршил уметничко училиште. Дипломирал на Академијата на ликовни уметности во Белград, во класата на Марко Челебоновиќ, а за прв пат во 1958 изложувал во Риека со француски сликари. По кратко членување во уметничката група „Медијала“ заминал во Париз и работел со таткото на асамблажот, Жан Дибифе.

Освен по маслата на платно и цртежите, беше познат и по графиките, асамблажите, колажите, инсталациите, а во неговата богата биографија се забележани и кратките престои во Њујорк и Африка во 70-тите години на минатиот век. Таму создавал серија цртежи, меѓу кои и познатата серија „Пигмејци“.

„Дадо, универзум без одмор“ е насловот на монографијата која посветена на неговото творештво, пред десеттина години ја објави познатиот историчар на уметност Алан Боске. Дадо беше познат и како слободоумен и отворен автор за критика на глобалните процеси, секогаш оригинален во коментирањето на случувањата од областа на историјата, политиката, технологијата. Велеше меѓудругото, дека затоа што живее во Франција, француското сликарство го смета за најголемо.

Делата на Миодраг Ѓуриќ - Дадо, кој се смета за еден од најзначајните ликовни појави на денешнината, чие творештво силно влијаеше на развојот на надреализмот во сликарството, се наоѓаат во голем број музеи, галерии и приватни колекции во светот.

Во престижните светски аукциски куќи, делата на овој црногорски автор досега се продаваа и по цена од над 100 000 евра, а британската критика неодамна истакна и дека сликите на Ѓуриќ „се исполнети со халуцинантна енергија, со темница на црногорските пештери и париските визби“. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 1058 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Силна најава за „Нирвана“, но слаб ефект
Лабораторија на модерниот танц
Македонска Агата Кристи
Концерт и ЦД на Страшо Темков, флејта
Изложба на бугарскиот графичар Иван Нинов
„Разговор со Спиноза“ објавен на бугарски јазик
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society