Број 3657  вторник, 16 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Иванов и грчките провокации

Гордана Дувњак

Во описот на работните задачи на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов како да е запишано дека во најголемиот дел од своето продуктивно време тој треба да се занимава со две работи. Со препукување со новинарите, или пак, со исправување „криви дрини“ објавени во медиумите.

И во зависност од неговата лична процена, или на некои други политички центри на моќ, седмата сила и она што го пишуваат новинарите, ги користи со различна намена. Како алиби за покривање на сопствените гафови, кои ниту се така мали, а уште помалку ретки. Во одредени ситуации, пак, го користи она што е објавено во медиумите и му одговара, како добар шлагворт за да искоментира. А, всушност да дискредитира некого или нешто.

Последен таков пример е пишувањето на еден дневен весник, кој на ден пред 10-годишнината од прославата на Рамковниот договор, објави „сензационално откритие“ дека документот, за кој што сите мислевме дека две недели се готвел во Охрид, бил спакуван во Атина.

Тезата се влече од интервјуто на првиот грчки амбасадор во земјава Александар Маљас објавена во нашиот весник, во ко�� тој кажува дека наводно новата преамбула на македонскиот устав (во која го нема „спорниот дел“), всушност се негово дело и на неговиот „соборец“ Рондос. Преговорите во Охрид, биле само техничка реализација на грчките идеи како уставно да се преуреди Македонија. А, Георгиевски, Црвенковски, Имери и Џафери, па и покојниот Трајковски, со своите потписи се ставиле во улога на слепи извршители на она што некој друг го смислил.

И тоа е доволно за Иванов без никаква задршка, а уште помалку некаква морална дилема околу тоа дали и колку тоа му приличи на еден татко на нацијата да се потпира на новинарски текстови и на грчки провокации, за градење политички ставови, да се распука и да обвини.

„Деновиве дознаваме работи кои само ги претпоставувавме. Особено тоа се однесува на иницијалната фаза на создавањето на тн. „нон-пејпер“ од кој што подоцна произлезе Рамковниот договор. Вистината кога тогаш излегува на виделината, а историјата е таа што ќе суди“, ќе рече во својот поздравен говор Иванов пред бројните странски гости и домашни политичари.

Малку недостигаше, па Иванов да почне да реди се' по список и да покаже со прст кои биле велепредавниците.

Но, не му е прв пат на претседателот Ѓорге Иванов да ги (зло)употребува новинарите и новинарството. Истото она, кое му беше резервна професија цели 7 години, додека работеше во Македонското радио.

Како тогаш кога ги (дез)информираше медиумите дека европарламентарката Дорис Пак му кажала оти во 1995 година на Македонија и' било понудено да почне евроинтеграциски процеси под привремената референца, што било одбиено од наша страна.

Иванов им делеше лекции на новинарите и што е тоа „разумен компромис“. Ќе разбереле ако прочитале, а не само да го прашуваат. Дрско ги обвини новинарите и за немање патриотско чувство, бидејќи нивните текстови ги користела Грција како главен аргумент во спорот пред Меѓународниот суд во Хаг.

Но, не е ни чудно! Лошо се разбираше со медиумите уште за време на изборната кампања, кога тврдеше дека никогаш не колнел, иако снимките го покажуваа тоа.

И наместо претседателот Иванов да се впушта во политички ингриги, можеби ќе биде покорисно и за него и за нацијата, доколку барем еднаш даде некаква иницијатива. Макар и лоша, неостварлива...Ама идеја!


#
Статијата е прочитана 1360 пати.

Испрати коментар

Од: Петар
Датум: 16.08.2011 02:32:34
Нешто не ми е јасно. Самиот творец на грчката политика спрема Македонија во интервју за вашиот весник изјави дека тој и Рондос го пишувале Рамковниот во форма на нон-пејпер. Сега не е крив Маљас, ниту Рондос, не е крив Утрински што објавил како што велите „грча провокација“, ама крив е Иванов што побарал историјата да суди за вистината? Заради политичка разлика на Дувњак со Иванов, немаме право да ја знаеме вистината или пак мора да и веруваме на Дувњак, а не на Маљас? Баш ми се допадна што Иванов покажа политичка храброст и национална гордост.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 16.08.2011 04:37:00
Pretsedatelot e vo skutot na Pastirot.
Од: koki
Датум: 16.08.2011 08:02:42
Do: Petar _ Petar, ako ne mozes da svatis cij stav iskazuva Ivanov, togas ili procitaj go komentarot pod tebe, ili javi se na psihijatar............
Од: Александар М.
Датум: 16.08.2011 08:51:09
Пази, бога ти. Демек, Претседателот Иванов им верувал на некои новинари што напишале и според тоа донесувал заклучоци. Та, нели вие новинарите сте тие што ја пишувате само вистината и се борите за вистината, така да според вас, треба да им се врува на новинарите. Точно, треба да им се верува, меѓутоа на НОВИНАРИТЕ, а не на вас кои единствено можете да бидете окарактеризирани како "новинари" 10-ка со кромидче. Па уште ако ви викнат пивце или сокче........
Од: Димитар
Датум: 16.08.2011 09:09:25
Темава навистина привлекува се поголемо внимание. "Гуглав" и најдов нешто многу интересно. Можеби авторкава на текстот ќе може да го искористи за некој следен текст. Но добро е и читателите да дознаат нешто повеќе за темава http://www.ohridsky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=516:2011-06-29-23-01-13&catid=38:2011-04-02-23-33-42&Itemid=121
Од: vlatce
Датум: 16.08.2011 09:34:43
do PETAR,pa treba da im veruvate na strancite,potocno na grcite,zosto "vie" ne veruvate vo Makedonci tuku vo stranci.Tie se poverodostojni.Vie ste pravi PATRIOTI.
Од: Трпе
Датум: 16.08.2011 13:14:07
Наш Ѓоле функционира како видео-рекордер со лош тон.Или повеќе наликува на радиоприемник Тесла.Тој си разбира од радиотехниката и може малку да се поправи.Само незнам дали се плаши или несака,така повеќе му одговара.

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Можат ли да дојдат дома парите на богатите
Почна уписниот рок, на државните универзитети има 30.011 места
Новите амбасадорки предаваа акредитиви
Цаноски не очекува ништо од опозицскиот фронт
Стојчев
Некои луѓе не треба да се занимаваат со љубовта
Менталитетот и животните
Америка и кај нас
Забрана за бившите девојки на принцот Алберт
Пред Собрание одбележан роденденот на Мартин Нешковски
Националистички кич или македонски одговор
Груевски и Рикер разговарале за името
Распишан конкурс за развој на филмско сценарио
Ослободени новинарите Милена Ѓоргиевска и Горан Момировски
Африканските автократи во милост на САД
Стил
Почина поранешниот словенечки премиер Андреј Бајук
Генерал Горанчо Котески нов началник на ГШ на АРМ
Работната недела во Грција од денеска се зголемува на 40 часа
Убиено 23-годишно момче во село Нова Брезница
Онлајн вести

"""