Број 3657  вторник, 16 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

ПРЕНЕСЕНО

Националистички кич или македонски одговор

Скулптурата на Александар Велики, која е дел од градежната треска, се означува како крунисана гордост на проектот

Со чекор што ги вознемири Грците, Александар Велики направи огромен камбек во Македонија. Гигантска статуа со извонредна сличност со кралот воин - иако, официјално, никој не се осмелува да ја нарече така - се издигна во центарот на македонската престолнина Скопје. Поставен на неговиот омилен коњ, класичниот херој ја набљудува престолнината од поволната положба на плоштадот „Македонија“, централен плоштад во Скопје. Со висина од 22 метра, или осум ката, статуата ја засенува околината.

Но, тоа е идејата. Меѓу големите облаци прав, огромни булдожери постојано ја „глодаат“ земјата, додека оваа поранешна југословенска република спроведува еден од најголемите урбани планови за обновување во Европа. И сето тоа се случува во заднината на 20-годишниот спор со нејзиниот северен сосед Грција околу поседувањето на името Македонија. Скулптурата, која е дел од градежната треска со која се поставија готски зданија, грандиозни мостови и триумфална порта, се означува како крунисана гордост на проектот.

За отворено националистичката влада во Скопје, овој ремонт е поелоквентен отколку кое било друго пропагандно средство во долгата битка со Грција за името на земјата и правото да се тврди дека Александар е национален херој. Во услови кога Грција е во економска криза, не можеше да се случи во подобро време.

„Ова е наш начин да им кажеме ним што можеме ние“, изјави Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи во неодамнешно интервју за „Гардијан“. „Александар Велики, всушност, нема пасош ниту извод од матично“, рече тој во фоајето на владината зграда преполна со остатоци што датираат од времето на кралот воин. „Овој проект е за да се потврди идентитетот на Македонија во време кога е под закана поради спорот за името. Сите живееме во географска област каде што споделуваме заедничко минато, но нашиот став за историјата е вклучителен. Оној на Грците е исклучителен“.

Грција одамна тврди дека желбата на нејзините словенски соседи да се нарекуваат Македонци прикрива територијални амбиции кон нејзината соседна провинција Македонија. Статуата е најголема претензија на поранешната југословенска република за неговото наследство, иако последниве години Скопје, исто така, го нарече аеродромот и автопатот.

Никола Груевски, реизбран годинава на премиерската позиција, тврдокорен националист кој работеше како банкарски службеник пред да влезе во политиката, ја води градежната програма со ентузијазам, нарача нов Археолошки музеј, Национален театар, сала за Филхармонијата и голем број фасади на зградите во рококо стил и статуи што ќе бидат поставени со рекордна брзина. Се очекува статуата на таткото на Александар, Филип Македонски, со висина од 28 метри, да биде уште повисока отколку онаа на кралот воин. Но, администрацијата се двоуми околу објавувањето на трошоците за проектот, кои конзервативно се проценуваат на повеќе од 200 милиони евра.

Повеќето луѓе, според анкетите за јавно мислење, сметаат дека кампањата е премногу кич и покрај тоа што некои се согласуваат дека внесува малку радост во едноличноста, наметната во главниот град од комунистичките апартчиња откако Скопје беше срамнет со земјотресот во 1963 година.

„Намерата, велат тие, е Скопје да изгледа како Париз“, вели Даница Павловска, која се наоѓа на чело на Здружението на архитекти на Македонија. „Но, обемот на проектот за град со оваа големина е целосно погрешен и, искрено, темпото е застрашувачко“.

Кога невработеноста се приближува до 35 отсто и најмалку една третина од населението живее под границата на сиромаштијата, овој план предизвикува насилнички протести и спротивставувања кај обичните луѓе. „Мислам дека не е време за статуи. Луѓето треба да јадат, да работат и да живеат“, вели Минира Криванева, Албанка, која живее во централниот кварт Дуќанџик. „Никој во моето семејство не работи и често пати немаме пари да ги платиме сметките. Ние сме 14 луѓе и нашите единствени средства за опстанок се 30 евра што ги добиваме од социјалното осигурување секој месец“, вели таа.

За интелектуалците, кои се' повеќе се разгневени што нивниот главен град се претвора во мини Лас Вегас, овој план е отелотворување на „ретардиран национализам“ од една конзервативна влада што е наклонета да направи ремонт на метрополата, како и да ја смени историјата на нацијата. „Тоа не е само кич, го уништува општественото инженерство“, вели Сашо Ордановски, познат политички аналитичар. „Она што го гледаме е типичен популистички режим што гради националистичка супердржава. Обидувајќи се да го реформираат нашиот етнички идентитет, да кажеме не сме Словени туку се враќаме во постаро време, тие се впуштаат во процес на антиквизација“.

Петар Арсовски, исто така, коментатор, вели: „Никогаш не растевме слушајќи за подвизите на Александар Велики. Ако некогаш се спомнуваше, тоа беше многу нејасно. Груевски го претвора овој град во тематски парк, место што секој ден се' повеќе личи на Лас Вегас“.

Но, во градот, во седиштето на Македонската академија на науките и уметностите од комунистичката ера, професорот Блаже Ристовски не се согласува со тоа. Стариот академик го поминал животот изучувајќи ја историјата на неговата сакана земја и за него градењето на статуата е „многу корисно“. „Ние сме млада држава и пред 1944 година, кога ја презедоа комунистите, едноставно не можевме да градиме нешто друго освен цркви и џамии. Дури со создавањето на нашата сопствена држава, ние сме слободни да го презентираме нашето минато и култура и да ја покажеме нашата борба за македонската државност. Тие споменици, не само што пополнуваат јаз, тие се многу корисен начин да се претставиме како нација“, изјавува тој.

На меѓународен план оваа минидржава се' уште е принудена да се нарекува „Поранешна Југословенска Република Македонија“ - името и' е дадено од ОН кратко време по стекнувањето независност - иако 120 земји ја признаа под нејзиното уставно име Република Македонија. Грците го нарекуваат својот сосед БЈРМ, а нејзините граѓани ги нарекуваат скопјани, иако има знаци дека Грција го менува ставот.

„Грција направи големи чекори по ова прашање“, вели Ставрос Ламбринидис, грчкиот министер за надворешни работи. „Јасно ставивме до знаење дека сме подготвени да прифатиме компромис, компромис што не навредува никого, согласувајќи се со комбинирано име со географска определба. Цела сторија со статуите не е корисна“.

Неодамна, Владата на Груевски престана да ја нарекува статуата Александар Велики и наместо тоа преферира „воин на коњ“.

Можеби тоа е напредок. Она што е сигурно е дека Грците следат - внимателно. (Гардијан)


#
Статијата е прочитана 4005 пати.

Испрати коментар

Од: toni
Датум: 16.08.2011 00:12:17
Dali avotort pravi razlika megju terminite " nacionalizam" i " patritizam " ?
Од: P.
Датум: 16.08.2011 00:24:14
Gardijan! Ziv ti Boga isfrli gi S.O i P.A. ako sakas makedoncite da veruvaat vo tvojata dobronamernost!
Од: Itar Pejo
Датум: 16.08.2011 00:40:14
Bravo za Blaze Risteski. Najposle nekoj da kaze deka komunistite vo Makedonija gradea samo crkvi i djamii.
Од: cile
Датум: 16.08.2011 00:58:54
skopje sakal da nalikuva na paris....a sto so getata okolu centar kako madzar maalo,debar maalo,gazi baba,cair,ciganite pozadi kale.....
Од: caro na HUNZITE
Датум: 16.08.2011 01:01:59
.....a mene spomenik, koga ?...aj Blaze od MANU neka raboti poveke, neka se razburicka malku niz istorijata, ke vidi deka makedoncite mi se pobliski mene otkolku na aco golemio,,,nepravda e ova...pod itno spomenik baram, ....okolu 44m visok da e, dovolno ke bide..abe vie izgleda mnogu .imate pari, MAKEDONCINJA...
Од: konsternirani
Датум: 16.08.2011 01:19:14
Za toa li se frlaat stotici milioni evra, za inat na Grcite? Za da im pokazhele sreden prst? Kakva "inteligentna" zamisla, toa li se nashite argumenti?....sosedite se stresoa, ama, od smeenje
Од: Aleksandar
Датум: 16.08.2011 03:00:15
kako sto gledam mnogu sum razocar i uvreden od nerzbraniot narod vo makedonija ce go izgubite i toa posledno parce zemja so go imate zatoa sto gradite drzava so dusmani i spioni ako uste ne znaete sto ste odete obesetese na edno suvo drvo
Од: Beti
Датум: 16.08.2011 06:08:55
Е тоа е Македонија - земјата на чудата, земја во која најголемо трг.друштво е владата, земја со буџет од 2.7 милијарди евра годишно.... Стануваш секој ден и од џебот ти зимаат 230 денари или 7.000 денари месечно по глава на жител....се за дизнилендот во Скопје...
Од: Goran
Датум: 16.08.2011 06:45:16
Kakov glup artikl... Ne mi se veruva kakvi prosaci ima a svetot...
Од: flying monaco
Датум: 16.08.2011 07:34:09
Se nadevam deka avtorot e GRK-GRKINKA bidjki Makedonija za niv e (SEVEREN)sosed.Isto taka nastroenosta uzasno kritichki mozi samo klasichen antimakedonec-ka vakvi izjavi da dava.
Од: Nikola
Датум: 16.08.2011 07:46:52
Ludilo! Vo denesna Makedonija nikogas ne se zivele anticki makedonci - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html
Од: kris
Датум: 16.08.2011 08:08:48
I severniot ni sosed go vodese eden bankarski sluzbenik......i vidovme kaj gi odnese.............statijata e realna, za zal nasata surova vistina.........
Од: Трпе
Датум: 16.08.2011 08:09:04
Камилата сакала рогови,на крај и без уши останала.Инаетот глава крши а не ја прави попаметна.Забавниот парк кој се ��ради во центарот на Скопје,покажува дека Македонија не постои,дека имаме република Скопје.Арачот се собира од сите а се вложува само во Скопје.Некому му одговара народот да го држи изолиран во резерват.Стварајки го народот како дивеч за отстрел или како храна на мршојадците.Народот (исто и животните во резерватот)се учат да ти јадат од рака и така да биде по дисциплиниран.А нашиот голем патриот многу го обожава комунизамот и затоа живе во обичен стан,да покаже дека е близок со народот.А сепак не се откажува од пералната за пари од марката Скопје 2014,испраните пари да ги инвестира надвор од државата.На човек не му требат пријатели само во клозет.Без пријатели си како риба на суво.Но некому тоа му одговар илузионистички врбувајки го својот народ и вракајки го повеке од 20 века назад.Овие проблеми сам човек неможе да ги направи мора да има подршка и од недораснати.
Од: Зевзекмен
Датум: 16.08.2011 08:45:30
ако Аце големиот и земал хеленски пасош,букефал не земал, си останал македонски коњ, а тој е доминантен на плоштадот... б.т.в., правиот одговор ке биде скулптурата на Филип, најомразената личност во Елада, ај да видиме дали некаде во Грција ќе му постават споменик.. а тука е и Антипатар кој итро повторно ги освои хелените и го егзекутира Демостен, најголемиот непријател на античките македонци... да сум некој фактор би донирал нему да се направи некој споменик :)
Од: Regan
Датум: 16.08.2011 09:50:58
И “Гардијан“ нашол кого да прашува!Петар Арсовски,Сашо Ордановски,фали уште Бранко Героски.Да се зборува за национализам кај Македонците,а да се премолчува например кај Грците, е “non sens“
Од: Gargamel
Датум: 16.08.2011 09:51:07
Otkako ja navestija "ilustracijata"na akademcite našiot Blaže zazede cvrst stav okolu gradenjeto na crkvi i đamii od strana na komunistite.Vidi,vidi,ne sum znael,a Blaže sigurno ima i podatoci koj,kolku i kade gradel,so ili bez gradežna dozvola.Prezentiraj brat,da ti e čest što vaka ti se obrakam.A gospodata Toni,Aleksandar,Filip ii i ostanatite nacional patrioti neka gi vidat "patriotskite"sliki na Milošoski vo B*lgarijata mu,"kato blagonadežen b*lgarin" i visokoškolskoto mu obrazovanie so "podignat sreden prst".Može on tova v*v družbata mu,ama ne kako moj,na moite deca i vnuci služben pretstavnik.Reprezentacijata na Nikolčo vo zemjata na čudata i bedata vo sekoj pogled.Kompleksite na identitetot vo genot na troa bugari,troa egejski makedonec so grčko vo dušata.Za makedoncite nema dilema koi se,koi sme,otkade sme i žošto sme pa i bez visoki spomenici i "akademsko istraumatizirani Blaževi" teorii.
Од: до Зевзекмен
Датум: 16.08.2011 10:14:16
Прво научи историја,па после пишувај.Филип не можел да биде „најомразената личност во Елада“,затоа што Елада НЕ ПОСТОЕЛА во времето на Филип.Постоеле градови-држави на разни грчки племиња,а едно од тие грчки племиња биле и античките македонци.Во науката не постои никаков доказ дека тие биле различни од другите грчки племиња.Освен што биле најзаостанати од сите други.Биле неписмени,прости,сиромашни.Нема од ант.македонци ниту еден научник,филозоф,историчар,уметник,за разлика од другите грчки племиња,посебно Атињаните.
Од: samo napred
Датум: 16.08.2011 10:23:11
Samo napred i samo prodolzete da si ja navreduvate i omalovazuvate sopstvenata nacija. Prodolzete samo. Nikogas nema da se vratite nikogas. I site vasi argumenti, kolku i da gi povtoruvate milion pati narodot nema da gi prifati.
Од: Dragan
Датум: 16.08.2011 11:01:55
Ova so ovie "umetnicki" tvorbi mu doadja kako "decata nemaat sto da jadat a tatko im kupuva umetnicki sliki i gi kaci na zid za da vidat komsiite". Zalosno!
Од: vlado
Датум: 16.08.2011 11:51:25
ova e nas nacin da im pokazeme nim sto mozeme nie.pobolno nesto ne sum cul ili procital.a da im pokazevte nim sto mozete vie,so domakinsko rabotenje,so sreduvanje na zdravstvoto,pacijenti umirat po hodnici,so sreduvanje na obrazovanieto,najloso vo evropa bez somnenie,so ubrzuvanjeto na procedurite za izdavanje licni dokumenti,so sozdavanje ekonomski ambient za vrabotuvanje na 35% na sopstvenata populacija,itd.covekov ne znae sto kazuva,minister za nadvoresni raboti,sramota.alal da mu e na gruevski sto go izbrka
Од: Ајван Доктор®
Датум: 16.08.2011 12:39:07
Нашиот народ најчесто употребува аугментативи кога ги опишува другите и соседните народи!Така,најчесто се во употреба: „Турчишта“„Србиштана“„Грчиштана“„Шиптаришта“…За себе,секогаш говори во деминутив користејќи го изразот: „Македонче“!Дали се работи за комплекс на помала вредност на одреден број наши граѓани?!Очигледно,како и во случајов со „Воинот на коњ“и со проектот „Скопје 2014п.н.е.“,се работи за лажна аугментација,па споменикот и градбите мораа да бидат огледало на мегаломанија на искомплексираните ситни душички!Смислија и сосема нов стил во уметноста,кој не постои никаде во реалноста – националсоцреалистички идиотизам,во кој се обидуваат да нè вкалупат!Во таквиот обид за имагинарно зголемување на народните вредности нема ама баш ништо патриотско!Величината,претставена преку големината и бројот на јарболите и знамето,и преку истакнувањето на величината на освојувачот од минатото во метри,ја покажува сета заблуда дека овие минорни личности некогаш можат да станат големи Македонци!
Од: ОНУФРИЈЕ
Датум: 16.08.2011 13:51:11
Од овој споменика полза има само неговиот креатор кој си ставил добра пара в џеб. А гавранот и да стави пауново перо на себе , гласот и умот ќе сведочат дека пак си е гавран, како што и лисицата и да се облече во лавовска кожа не ќе може да јаде месо од див бивол, оти него само лав може да го удави.
Од: Turcin
Датум: 16.08.2011 13:58:47
Do nekoi sto mislat deka e ova PATRIOTSKI cin. Za nekoi (poveketo) "umovi" da se zeme puska vo raka i vo copor da se ubivaat LUGE (deca, zeni starci odnosno civilno naselenie) e patriotizam. Isto taka gradenjeto crkvi , dzamii, konji, magarinja, figuri na raznorazni homoseksualci i slicno e patriotizam. Gospodo, PATRIOTIZMOT denes se meri samo preku EKONOMIJATA. Ako ovoj narod ima dovolno rabota vo svojata zemja, koja bi imala svoi fabriki "brendovi" so koi ke se gordeat vo svetot ke go svatat vistinskiot PATRIOTIZAM. Razmislete za ova "patriotcinja".
Од: dedo dimo
Датум: 16.08.2011 14:12:25
Mnogu losha statija protiv svojata drzava i protiv svojot narod. Vie kako shto pishuvate pogore znachi ,nie morame drugite od okolu dagi slushame t kako da se vikame i kojsne .Ova navistina e zalno za Makedonija i Makedonskiot narod shto imame vakvi luge koj rabotat protiv nas.Ne mi e chudno shto Grcite se bunat tuku me boli shto po nekoj zalutan od vnatre vo drzavata vakvi gluposti da pishuva..
Од: PredatorMk
Датум: 16.08.2011 14:21:24
А Ајванот засекогаш ќе си остане ајван во сите системи и времиња.
Од: George
Датум: 16.08.2011 14:42:56
Во оваа статија, Гардијан (за жал) тргнува од негативна страна, од национализам. Зарем не е национализам ако јужниот сосед гради споменици или пак ако во Англија се градат (или граделе)? Само ние ли сме криви што порано (заради војни, делби, окупации, ...) тоа не сме можеле да го чиниме, додека другите истото го правеле на секој чекор? Гледам дека пријателот Ајван одие предалеку. Но ако тој навредува други народи, не значи дека секој тоа го прави. Ама пак кога веќе тоа го прави, се прашувам зошто ги заборави 'Бугариштана'? Случајно или намерно?
Од: k2
Датум: 16.08.2011 16:14:34
Gord sum sto sum "nacionalist" a sto mislat Grcite voopsto ne mi e gajle.....konecno Skopje zalici na Grad...Ulicite obnoveni prosireni osvetleni.....Ednostavno koga Makedonija trgnuva napred odma se javuvaat dezurnite plackovci koj ser zalat deka ne bilo vreme....Citiraat nekoj Albanka kade nikoj ne raboti a se 14 clenovi...pa sto ste pravele deset deca koga ne ste sposobni da gi ranite....zarem treba da odam po ulici polni so dupki za taa da dobiva pogolema socijalna pomos.....Ednostavno Gardijan moze da pisuva sto saka i da ne narekuva nacionalisti (mene toa me pravi gord) no bi sugeriral da se zafatat malku so problemite vo VB i nivnata mizerija mesto da filozofira za "nacionalizam"
Од: do neinformiranite
Датум: 16.08.2011 17:02:43
Antickite Makedonci sekako deka ziveele na teritorijata na denesna Makedonija,no verojatno ne ziveele vo gradot Skopje ili bile vo malcinstvo.Polno e so arheoloski dokazi deka antickite Makedonci ziveele vo nasata drzava.Antickite Makedonci ne bile pleme,kako drugite vo polisite,tuku narod so svoja drzava,odnosno kralstvo.Nivniot jazik bil apsolutno razlicen od gragjanite na Atina,Sparta.Duri i vo vikipedija na kartata se gleda deka jazikot na Antickite Makedonci e poseben i razlicen od drugite.Makedoncite nemale gradovi drzavi kako Helenite,imale kralstvo,drzava sto e uste eden dokaz deka bile razlicni od pleminjata i Ant,Makedonci ne bilo pleme,tuku narod.

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Можат ли да дојдат дома парите на богатите
Почна уписниот рок, на државните универзитети има 30.011 места
Новите амбасадорки предаваа акредитиви
Цаноски не очекува ништо од опозицскиот фронт
Иванов и грчките провокации
Стојчев
Некои луѓе не треба да се занимаваат со љубовта
Менталитетот и животните
Америка и кај нас
Забрана за бившите девојки на принцот Алберт
Пред Собрание одбележан роденденот на Мартин Нешковски
Груевски и Рикер разговарале за името
Распишан конкурс за развој на филмско сценарио
Ослободени новинарите Милена Ѓоргиевска и Горан Момировски
Африканските автократи во милост на САД
Стил
Почина поранешниот словенечки премиер Андреј Бајук
Генерал Горанчо Котески нов началник на ГШ на АРМ
Работната недела во Грција од денеска се зголемува на 40 часа
Убиено 23-годишно момче во село Нова Брезница
Онлајн вести

"""