Шарлин од Монако
Забрана за бившите девојки на принцот Алберт
Принцезата Шарлин му забранила на принцот Алберт од Монако да ги гледа своите бивши девојки, вклучувајќи ја и жената која во 2003 година родила негово дете.
Бракот на принцот Алберт и принцезата Шарлин почна со многу контроверзии, но сега поубавата половина на овој пар одлучила да се бори за нивната љубов. Принцезата му забранила на својот сопруг да одржува врска со Никол Кост, стјуардесата од Того, која ја родила неговата ќерка Александра. Шарлин ја тргнала бившата љубовница на својот маж од листата на поканети за балот во Монако. „Шарлин морала да го толерира присуството на Никол на балот на Црвениот крст минатата година додека била само свршеница на Алберт. Но, сега, кога станала негова сопруга, повлекла одлучен потег и ја избришала госпоѓицата од списокот на гости за годинешниот бал“, рекол извор близок на парот за „Пари мач“. „Таа не сака да и' подари статус на привилегиран гостин на официјална манифестација, ниту сака Алберт да одржува контакт со која било од своите бивши девојки или љубовници“, додал изворот.
Според законите на Монако, ниту едно од двете деца на принцот Алберт нема да може да го наследи на престолот зашто не се родени во брак. „Шарлин би требало да му подари наследник на Алберт, а ако нешто тргне наопаку, веројатно ќе добие развод со великодушен надомест“, открил извор за „Дејли мејл“.
Пред да ја запознае бившата пливачка од Јужноафриканската Република, принцот се забавуваше со многу убави жени, вклучувајќи ги и супермоделките Клаудија Шифер и актерката Брук Шилдс. |