|
Поглед
Менталитетот и животните
Билјана Ангеловска
Ако пред неколку години ви дојдеше гостин од друг град и посакаше да отиде да ја посети Зоолошката градина, ќе ве изедеше жив срам. Ќе немаше каде да го однесете, зашто таму немаше што да види. Поточно, ќе имаше што да види - очај и мизерија. Во кафезите по некој волк, или мечка, патки во езерцето, магариња. И едвај еден, два мајмуна. Се' што има во македонските села и планини, освен мајмуните, се разбира. За некакви егзотични животни граѓаните можеа само да сонуваат. Живеалиштата, пак, беа приказна за себе.
Не толку одамна сите фрлаа со дрва и камења по градските власти. Оправдано, зашто никој не водеше грижа за Зоолошката градина, а нејзиното обновување не само што им беше последно на агендата туку никогаш и не дојде на ред.
За среќа, сега Скопје може да се пофали дека има релативно добра ЗОО. Речиси од корен се обновени старите живеалишта, изградени се и наполно нови, донесени се многу нови животни. Одредени видови прв пат може да се видат кај нас. Ама сега пак се фрла со дрва и камења. Само што овој пат не по луѓето, туку по животните. Кај нас граѓаните очигледно не се за нормална, убаво уредена зоолошка градина. Ги тепаат животните, ги гаѓаат со дрва, со метални прачки, им фрлаат храна што не смее да ја јадат, им фрлаат пластични ќеси. Нормално, такво изживување не може да издржи ниедно животно, колку и да е големо и силно, ни нилски коњ, ни фока, ни, пак, лав.
Бадијала било се', и новите живеалишта и новите животни. Сите пари што се вложија досега очигледно не значат ништо додека не се постават камери на влезот, но и во внатрешноста на ЗОО. И не се вработат повеќе чувари што не само ќе смеат да казнуваат на лице место, туку и ќе пишуваат дебели казни. Можеби тогаш нешто ќе се смени во нашиот менталитет.
Не била работата до Зоолошката. До луѓето било. |
#
|
Статијата е прочитана 944 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Lazo Stefanov |
Датум: 16.08.2011 04:49:05 |
|
Do frustraciite na lugeto e . Zgazeni i nepocituvani, graganitem graganite svojta potrba za odlucuvanje ja iskazuvaat vrz zivotnite i rastenijata. Kolku se oni ,,golemi, i kolku se tie ,,presudni, , seto toa graganite go ,,izrazuvaat niz odnosot so zivotnite i rastenijata. Naogaat barem malku prostor kade ja izrazuvaat svojata ,,dominacija,,.Na vistinskite polinja na odlucuvanje gi nema, a zivotnite i rastenijata, gi potcinuvat na svojata ,,golemina,,.Vakvoto odnesuvanje, kazuva mnogu a site nas. Za zal takvi ni se sostojbite. Graganite se uste ne gledat deka vo nivni race e silata na odlucuvanjeto po site orasanje od zaednicata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 16.08.2011 08:40:51 |
|
Тоа што животните во зоолошката градина неможе да го издржат,македонскиот народ може да го издржи.Сите сакат да ја посетат зоолошката градина и да видат дали имат добри услови животните.А никој не ѕирнал како се однесуват работодавачите спрема работниците.Точно е дека во светот животните подобро се згрижени но таму и за човекот се грижат.Но работодавачите се однесуват исто како и владетелот.Новинарите треба да направат анализа,зошто граганите на РМ се толку исфустрирани.За време на лошиот социјализам,зооложки градини имаше во повеке градови низ РМ.Но денес цела држава ни е зоолошка градина со вистинската во Скопје.(едно кратко прашање ,дали некој има видено како е решено греењето и ладењето во некои производствени погони или болници и училишта) |
|
|
|
|
|
|
Од: Buntovnik |
Датум: 16.08.2011 10:18:03 |
|
Pac sto sakate be koga ste gi zatvorile pogresnite zivotni. Zivotinjite na dve nogi, toa treba da zatvorite i frlete go klucot. |
|
|
|
|
|