Број 3657  вторник, 16 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Стојчев: Сонувам да освојам медал во Лондон

Бугарскиот пливачки маратонец има освоено многу трофеи, освен олимписки медал

Миодраг Мицковиќ

Пријатно е да се разговара со Петар Стојчев, еден од најдобрите светски маратонци во пливање, стар познајник на љубителите на пливањето во Охрид, бидејќи од 2001 година, кога првпат настапи на Охридскиот маратон, само во 2005 година не беше победник. Зад него со завчерашната трка останаа 10 победи, кои во блиска иднина тешко дека некој маратонец ќе успее да го собори овој рекорд. „Охрид е како мој град, тука се чувствувам одлично, пријатно, опкружен со многу пријатели, не само маратонци, туку и со граѓаните на Охрид, кои на секој чекор ми посакуваат добредојде во нивниот град, ме викаат на гости, и оние што ги познавам, па дури и оние што ги гледам првпат“, беа првите зборови во телефонскиот разговор со Петар Стојчев наредниот ден по трката кога се подготвуваше со својот тренер Красимир Тиманов и неговиот сонародник, исто така, маратонски пливач, Цветан Јорданов да замине од Охрид.

„Годинава беше мојата мошне успешна сезона, победив на четири маратони: во Аргентина на маратонот во Санта Фе, потоа во Канада на езерото Сен Же, и Магот и еве сега во Охрид. Тие четири победи ми овозможија да го освојам првото место на конечниот пласман за светската серија на маратони што ги организира ФИНА. Задоволен сум, особено по оваа последна победа во Охрид, бидејќи е задоволство да се плива во бистрите води на Охридското Езеро.

Годинашнава маратонска пливачка сезона заврши, какви се Вашите планови за идната година?

- Не кријам, моја голема желба е да освојам олимписки медал во Лондон. Тој трофеј единствено ми недостасува во мојата колекција на медали. Бев и светски првак, победник на многу маратони, но олимписки медал е нешто што најмногу посакувам и морам да го имам во мојата колекција на трофеи. Олимписки медал, сепак, е нешто највредно за секој спортист.

Учествувавте досега на три олимпијади, но немате медал.

- За жал така е. Во последната во Пекинг бев шести на 10 километри, пливав и во квалификациите за Бугарија на 1.500 метри, но не успеав да се пласирам во финалето. Во Пекинг на свеченото отворање го носев и бугарското знаме, што беше голема чест за мене како спортист.

На Светското првенство во Шангај во далечинско пливање на 25 км освоивте златен медал. Го надополнува ли тоа отсуството на олимписки медал?

Освен тој медал, на Светското првенство во Монтреал 2005 година освоив два бронзени медала на 10 км и на 25 км. Но, сите тие медали и трофеи што ги имам освоено на маратонските трки би ги менувал за еден олимписки.

Кои се Вашите планови за блиска иднина?

- Сите мои наредни подготовки се насочени кон Олимпијадата во Лондон. Во неа ќе се плива на 5 км и на 10 км, делници што мене не ми одговараат многу, бидејќи сум навикнат да пливам на подолги патеки. Меѓутоа, со напорни тренинзи најпрво ќе се обидам да обезбедам настап на Олимпијадата во Лондон преку квалификациите во португалскиот град Сетубал, па потоа ќе пливам за медал.

Вработени сте во Софија, моментно живеете во Берлин, Германија. Како функционирате на таква раздалеченост?

- Вработен сум во Министерството за одбрана на Бугарија, но благодарение на моите претпоставени, можам почесто да отсуствувам од работното место и да се подготвувам за трките. Сега сум на привремен престој во Берлин каде што најмив куќа и тренирам заедно со еден од најпознатите германски маратонци на покуси патеки, Криштоф Лурс. Од него можам многу да научам и да се подготвам. Со мене е и мојата сопруга и ќерката.

Вози најнов „мерцедес“, луд е по брзи автомобили

Петар Стојчев е еден од најпопуларните спортисти во Бугарија. Роден е во градот Момчилград на југот на Бугарија на 24 септември 1976 година. Вози најнов „мерцедес“, купен пред две години, и љубител е на брзи автомобили. Тренира секој ден по два пати, многу внимава на својата исхрана и никогаш не јаде пред тренинзите. По утринскиот тренинг, задолжително јаде банани и еден портокал и мора да се напие еспресо-кафе. Дури по попладневните тренинзи јаде пообилно, најмногу печено телешко месо и многу салата. Инаку, Петар Стојчев го држи рекордот во препливувањето на каналот Ла Манш, кој изнесува 6 часа и 57 минути постигнат на 25 август 2007 година.

 


#
Статијата е прочитана 1186 пати.

Испрати коментар

Од: Ivan
Датум: 16.08.2011 00:54:04
Bravo Petar, bravo Stojcev, bravo B'lgarski junak!
Од: Mitko
Датум: 16.08.2011 08:35:37
Na Petar baba mu bila makedonka
Од: Blagoevgrad
Датум: 16.08.2011 13:12:58
Petar Stojcev e polu Makedonec i toj zboruva i cisto Makedonski treba da mu se dade pasosh na R.Makedonija
Од: До Митко
Датум: 16.08.2011 13:40:49
На Петар баба му била Македонка, дедо му бил тракиец што следува дека тој е Бугарин. Митко не те разбирам што сакаш да ни кажеш. (Утрински, забрани ги коментарите напишани со латиница)

Најди! во Утрински
Насловна
Печатено
Можат ли да дојдат дома парите на богатите
Почна уписниот рок, на државните универзитети има 30.011 места
Новите амбасадорки предаваа акредитиви
Цаноски не очекува ништо од опозицскиот фронт
Иванов и грчките провокации
Некои луѓе не треба да се занимаваат со љубовта
Менталитетот и животните
Америка и кај нас
Забрана за бившите девојки на принцот Алберт
Пред Собрание одбележан роденденот на Мартин Нешковски
Националистички кич или македонски одговор
Груевски и Рикер разговарале за името
Распишан конкурс за развој на филмско сценарио
Ослободени новинарите Милена Ѓоргиевска и Горан Момировски
Африканските автократи во милост на САД
Стил
Почина поранешниот словенечки премиер Андреј Бајук
Генерал Горанчо Котески нов началник на ГШ на АРМ
Работната недела во Грција од денеска се зголемува на 40 часа
Убиено 23-годишно момче во село Нова Брезница
Онлајн вести

"""