Промоција на Мизар и хорот „Хармосини“
На албумот, чиј работен наслов е „Детето и белото море“, ќе треба да се најдат девет композиции
Вчера, во просториите на КИЦ се одржа промоција на видеоклипот за песната „Бело море“ што треба да го најави новиот албум на групата „Мизар“, кој ќе биде остварен во соработка со хорот „Хармосини“. На албумот, чиј работен наслов е „Детето и белото море“, ќе треба да се најдат девет композиции, од кои шест се преработки на македонски песни од Егејскиот дел, додека останатите три се авторски.
Инаку, спотот претставува инспирација на културните вредности од историјата на Балканот, за кои се користени материјали од грчката и од македонската кинематографија, како и од архивата на МТВ. Момците потенцираа дека спотот не треба да се сфати како политичка провокација, туку како израз на револт по одлуката во Букурешт за непоканувањето на Македонија за членство во НАТО. (И.С.)
|