Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

Стил

„Еј-Би-Си“ - дваесет години инвестиција во генерациите

Покрај редовните ангажмани, „Еј-Би-Си“ постојано приредува и забави и прослави по повод големите празници

Ивона Саздовска



Модерното живеење и обидите да се приклучиме кон европското семејство интензивно ја наложуваат потребата за совладување на англискиот јазик и за подобрување на меѓународната комуникација.

Институцијата за изучување на англискиот јазик „Еј-Би-Си“ годинава слави 20 години од своето постоење, што преставува интересен податок земајќи предвид дека понудата на пазарот е се' поголема.

„Со влегувањето на земјата во транзиција се јави потребата за обезбедување егзистенција врз принципот на самовработување. По дипломирањето и враќањето од Лондон, во рамките на семејството одлучивме да го отвориме првото приватно студио во кое се изучуваше англискиот јазик. Несебичната поддршка и поттик беа доволен показател дека успеавме да направиме навистина нешто добро“, вели Елизабета Младеновска, раководител и сопственик на „Еј-Би-Си “.

Од своите почетоци, па се' до денес, низ нивните групи поминале безброј генерации, меѓутоа грижата за нив отсекогаш значела квалитетно и современо опремени простории, компјутерски видеонадзор, врвна и современа технологија (аудио, видео, ДВД, прожектори), а од 1995 година првпат во наставата е воведена и мултимедијалната технологија што им овозможува на учениците интерактивно да учествуваат во наставата.

Покрај редовните ангажмани, „Еј-Би-Си“ постојано приредува и забави и прослави по повод големите празници, како што се Велигден и Божик, при што секој јубилеј е одбележан со посебна пригода.

„Традицијата вели дека прославувањето е период кога луѓето и децата најмногу се радуваат. Годинава, бидејќи имаме навистина значаен јубилеј, ќе организираме пригодна свеченост на 24 и 25 декември во просториите на училиштето, а за сите читатели на ’Утрински весник‘ ќе приредиме и едно мало изненадување“, најавува Елизабета Младеновска, раководителка и сопственичка на „Еј-Би-Си“.

Како новитет во рамките на „Еј-Би-Си“ од 2002 година егзистира и спортско-рекреативниот центар што се наоѓа во Катланово, кој е наменет, пред се', за слушателите кои ги посетуваат курсевите, а потоа и за редовните гости кои го посетуваат центарот.

 


Статијата е прочитана 195 пати.

Испрати коментар

Од: Lile
Датум: 20.12.2008 11:11:20
Ubav "oglas" na skolata Ej Bi Si. Neka se pozanimava novinarot/novinarkata so tretmanot na profesorite vo skolata koj vo letniot period rabotat kako '"spasiteli" i "vratari" zasto gazdite na Ej Bi Si se nenasitni za pari...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Рокерите У2 не запираат, нов албум во март
Промоција на Мизар и хорот „Хармосини“
Подобра опција за „Бетмен“ од Џони Деп
Гола пред камерите
Кенедиеви не го напуштаат „тронот“
Начинот на исхрана е многу погрешен кај денешниот човек
Нов светски копнеж по словенска убавина