Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

Еди Марфи подобра опција за „Бетмен“ од Џони Деп

Најверојатно, работниот наслов на филмот ќе биде „Готам

Низ Холивуд деновиве се шушка дека режисерот на култниот „Бетмен“ Кристофер Нолан одлучил во новата сага за енигмата на човекот-лилјак да го најми Еди Марфи, а во улогата на жената-мачка наместо Анџелина Џоли, ќе заигра Рејчел Вајс.

Иако до неодамна обожавателите на „Бетмен“ се надевале дека во новото продолжение ќе ги гледаат Анџелина Џоли и Џони Деп, се чини дека планот е целосно пропаднат. Како подобра опција се споменуваат Еди Марфи и Рејчел Вајс.

Според најновите информации, под капата на режисерот Нолан ќе заигра и ѕвездата на филмот „Трансформери“ Шија Лабоф, и тоа во улогата на Робин.

Но, иако имаше најави дека Марфи повеќе нема да глуми во филм, по се' изгледа актерот е подготвен да ја смени одлуката и да се појави во улогата на човекот-лилјак. Најверојатно, работниот наслов на филмот ќе биде „Готам“, а во светските киносали неговата премиера ќе се очекува во 2010 година.


Статијата е прочитана 253 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Рокерите У2 не запираат, нов албум во март
Промоција на Мизар и хорот „Хармосини“
Гола пред камерите
„Еј-Би-Си“ - дваесет години инвестиција во генерациите
Кенедиеви не го напуштаат „тронот“
Начинот на исхрана е многу погрешен кај денешниот човек
Нов светски копнеж по словенска убавина