Рокерите У2 не запираат, нов албум во март
Претходниот албум на „У2“ е продаден во повеќе од девет милиони примероци,
Ирските рокери, конечно, го одредија времето на излегување на новиот албум „No Line On The Horizon“, на кои нивната публика чекаше четири години. Дванаесеттиот албум на „У2“ треба да излезе на 2 март идната година, објави групата. Првично, албумот требаше да излезе на крајот од годинава, но бендот во септември реши уште да поработи на песните и да го одложи објавувањето. Групата почна да работи на албумот со американскиот продуцент Риг Рубин, најпознат по работата со „Ран Ди-Ем-Си“, Џони Кеш, „Бисти бојс“ и „Ред хот чили пеперс“, но неговите снимки на крајот ги отфрлија и работата им ја доверија на старите соработници, Брајан Ино и Дени Лано. На прашањето како звучи новиот албум, Еџ одговара: „Звучи како ’У2‘, но не е ништо слично на досегашните албуми и на она што може да се слушне во овој момент“. Претходниот албум на „У2“ е продаден во повеќе од девет милиони примероци, награден е со осум награди „Греми“, вклучувајќи го и оној за албум на годината и најдобра рок-песна.
|