Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Ќе се офајди ли туризмот од владините мерки?

Најавеното намалување на ДДВ од 18 проценти на пет, субвенционирањето на каматите за изградба на мали хотели и инвестирањето во инфраструктурата ќе придонесе за развој на туризмот, оценува Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија. Оттаму истакнуваат дека ги поддржуваат сите најавени мерки на Владата што се во насока на поттикнување и развој на туризмот.

„По долги години станавме атрактивна индустрија за Владата и, конечно, сфатија дека туризмот е голем потенцијал како за нови работни места, така и за привлекување странски инвестиции и промоција на културните ресурси што ги имаме. Со новите можности, односно новите факултети и младиот образован кадар, како и со тоа што Владата не' стави во главните приоритети, сметаме дека годинава ќе имаме фидбек“, рече Снежана Јовановска-Трајковска, претседателка на Здружението за туризам и угостителство на денешната прес-конференција во СКМ.

Според неа, треба да се реформира Агенцијата за поддршка на туризмот и да се направи Национална агенција за промоција на туризмот што во соработка со локал��ата самоуправа, бизнис заедницата и Владата. Таа смета дека Македонија има многу слаба понуда имајќи ги предвид природните ресурси со кои располага, а бањскиот туризам е еден од можностите што може да привлече странски туристи. Туризмот учествува со 1,5 проценти во БДП и вработува околу 15.000 луѓе. (МИА)


#
Статијата е прочитана 473 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Текстилците шијат турбо
Берлин гради нов модерен аеродром
Не одете во Грција преку Богородица
5,1 отсто
Градежните фирми лани инвестирале 12,8 млд. денари
Луксембург со најевтини бензини
Производите на „Геопром“ на „Вита фудс“ во Женева
Србија ќе гради соларна електрана

"""