Бројки
 
  5,1 отсто
 
   
Статистика објави дека стапката на пораст на домашниот бруто-производ во првото тримесечје од 2011 година изнесува 5,1 отсто
 
  4,5 проценти
  Економијата во Македонија следната година ќе оди во нагорна линија за 4,5 отсто врз основа на зголемениот извоз и инвестиции
 
  30,9 отсто 
  Во Македонија невработеноста изнесува 30,9 отсто и се очекува годинава да забележи мал пад, поради повлекувањето на светската рецесија
 
 
  200 илјади жители 
  Податоците што ги објави Државниот завод за статистика во својот годишник во делот на пазарот на трудот покажуваат дека речиси 200 илјади жители на земјава веќе подолг период очајно бараат работа
 
 
  20.585 денари
  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2011 година изнесувала 20.585 денари, што е пораст за 1,2 отсто во однос на истиот месец минатата година 
 
 
  204 милиони евра 
  Странските директни инвестиции во земјава пораснаа до нивото од 204,1 милиони евра само за првите три месеци од годинава
 
 
  97. 900 сметки 
  Вкупната бројка на блокирани сметки во држав��ва, заклучно со мај достигна 97. 900
 
 
  744 милиони евра 
  Полска бележи пораст на обемот на инвестиции од 295 милиони евра на 744 милиони 
 
 
  17,5 отсто 
  Во Хрватска, каде што невработеноста изнесува 17,5 отсто во јуни годинава и расте во однос на минатата година. 
 
 
  20 отсто
  Невработеноста во Србија изнесува 20 отсто, а се смета дека таа ќе расте, освен ако земјата не обезбеди раст од над 6 отсто годишно
 
 
  8,87 отсто
  Во мај стапката на невработеност во Бугарија падна за 0,42 отсто до 8,87 отсто, а во јуни падна на нивото од само 8,7 проценти
 
 
  210 милијарди евра
  Земјотресот и цунамито што се случија во март годинава во Јапонија ја чинат земјата околу 210 милијарди евра
 
 
  91 долар 
  Нафтата на Берзата во Њујорк се продаваше за помалку од 91 долар за барел по зајакнувањето на американската валута
 
 
  48 часа 
  Грчките контролори на летови ќе учествуваат во 48-часовен генерален штрајк закажан за денеска и за утре
 
 
  110 милијарди евра
  Новиот спасувачки пакет ќе биде сличен на одобрениот пред една година што изнесуваше 110 милијарди евра во вид кредити
 
 
  1.100 евра
  Сојузот на овчари и козари во Малатија, централна Турција, нуди плата од 2.500 турски лири или 1.100 евра 
 
 
  40,75 милиони долари 
  Британската фармацевтска компанија „Глаксо Смит Клајн“ ќе им исплати отштета на 37 американски сојузни држави во износ од 40,75 милиони долари, поради продажба на антидепресиви и други медицински производи со лош квалитет
 
 
  59,1 милион евра
  Светска банка и' одобри кредит на Црна Гора во износ од 59,1 милион долари
 
 
  5 евра
  „Белгаком“ ќе им исплати на сите свои корисници отштета по пет евра затоа што нејзиниот мобилен оператор „Проксимус“ имал 45-минутен прекин на работата, односно вкупно над 20 милиони евра
 
 
  2 милиона евра
  Камен-темелникот за изградба на електрана на соларна енергија ќе биде поставен наскоро на планината Златибор, според процените, а изградбата на соларните колектори ќе чини два милиона евра
 
   |