Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Берлин гради нов модерен аеродром

Новиот голем аеродром на јужната периферија на Берлин моментно е најголем инфраструктурен проект во источниот дел на Германија

Новиот голем аеродром на јужната периферија на Берлин е најголем инфраструктурен проект во источниот дел на Германија моментно. Тој треба да биде пуштен во употреба во јуни 2012 година. Новиот аеродром би требало да ги замени досегашните аеродроми „Тегел“ и „Шенефелд“, како и историскиот аеродром „Темпелхоф“, кој е затворен уште од 2008 година. Проектот се' уште предизвикува контроверзија. Застапниците велат - тој е исплатлив, функционален, модерен и отворен кон светот. Противниците, пак, сметаат оти е преголем и прегласен. Површина со големина како две илјади фудбалски игралишта - тоа се размерите на идниот аеродром „Берлин -Бранденбург Вили Брант“. Кога аеродромот ќе биде готов паралелно ќе има две писти за полетување и за слетување и зграда во форма на потковица, со вкупно 25 моста за патниците, најдобро е да се отиде во кулата за информации на маргините на градилиштето. Во кулата, на 32 метра височина, се добива впечаток колкав е, всушност, мамутскиот проект. Ерих Вурт, вработен во службата за односи со јавност на берлинските аеродроми, од почетокот ја следи изградбата и се' уште е фасциниран. Вели дека тука се гради најмодерниот аеродром во Европа, кој, според големината, по франкфуртскиот и минхенскиот, ќе биде трет по големина во Германија. „Онака како што сега е конципиран терминалот, тој може да опслужи околу 27 милиони патници годишно. Аеродромот може и да се проширува и да стигне до капацитет од 45 милиони патници, со што би се приближиле речиси до капацитетот на аеродромот во Франкфурт“. Изградбата на аеродромот чини 2,5 милијарди евра. На големото градилиште сега работат четири илјади работници, повеќе од кога било порано. Ако се дојде во цајтнот со времето, со оглед на тоа што отворањето на аеродромот е закажано за 3 јуни 2012 година, тогаш, како што се вели, ќе се работи во три смени, нонстоп. Досега се ископани 12 милиони кубни метри земја, вградени се 160.000 кубни метри бетон и 40.000 тони челик. Додека во главната хала веќе се работи на внатрешниот дизајн и се прави проба на лентите за транспорт на багажот, другите згради се' уште се во фаза на карабина. На местото каде што треба да има хотел, се гради деноноќно. Речиси се готови двокатните мостови за патниците што ќе овозможуваат влез и излез. Еден од нив е поставен така за да може да се приспособи за огромниот „ербас А-380“.

Доволно резервации ќе има само ако аеродромот „Берлин-Бранденбург“, кој чини 2,5 милијарди евра, стане меѓународна раскрсница со што се можни повеќе авионски линии и можности за прекачување. Само така аеродромот би можел да ја покаже својата вистинска стопанска сила и да ги понуди прогнозираните 40.000 нови работни места во регионот. Но, во моментов се полемизира околу раскрсницата, исто како што се спори и околу тоа колку часа ќе трае паузата во текот на ноќта и се дебатира околу бучавата. Жителите во регионот се спротивставуваат огорчено. Во почетокот на годинава на улица излегоа 12.000 граѓани на големи демонстрации. „Некои политичари во текот на изминатите недели се надеваа дека нашиот протест против рутите за полетување и слетување ќе стивне и оти ќе се задоволиме со неколку непрецизни предлози за решение на проблемот. Комисија за проверка на бучавата го приложи својот завршен извештај, во кој препорачува авионските рути, доколку е можно, да водат околу Берлин и Бранденбург. Последниот збор, сепак, го има Германската служба за безбедност на летање и Надзорниот одбор за безбедност на летање. Одлуката треба да биде донесена во почетокот на 2012 година. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 797 пати.

Испрати коментар

Од: pilot
Датум: 28.06.2011 10:13:09
bi bilo dobro vo nekoj nareden broj da go posetite gradilisteto na nasiot skopski aerodrom i da ne' informirate,nas chitatelite,kako i do kade se odviva izgradbata na nasiot aerodrom,so eden poobemen tekst...blagodaram

Најди! во Утрински
Економија
Текстилците шијат турбо
Не одете во Грција преку Богородица
5,1 отсто
Градежните фирми лани инвестирале 12,8 млд. денари
Луксембург со најевтини бензини
Производите на „Геопром“ на „Вита фудс“ во Женева
Србија ќе гради соларна електрана
Ќе се офајди ли туризмот од владините мерки?

"""