Мечевите ќе се играат во вторник и во петок
На состанокот на Извршниот одбор на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во Рио де Женеиро, усвоен е предлогот кавлификациските мечеви за европските и светски првенства од оваа есен да се играат во вторник и во петок. Одлуката е усвоена по многу анализи и жалби од клубовите кои напоменуваа дека фудбалерите по десетодневните подготовки со репрезентациите им се враќале тотално исцрпени, поточно неподготвени за националните првенства.
Рајан Гигс во „клубот 150“
Велшкиот ветеран во Манчестер јунајтед Рајан Гигс стана деветтиот фудбалер во клупската историја кој постигнал 150 гола.
Тој јубилеен гол извонредниот 35-годишен фудбалер го постигна во 2. коло во групата Б, во кое Јунајтед со 2:1 го совлада дебитантот Волфсбург. Гостите и поведоа со погодокот на Џеко, а Гигс израмни во 59 минута од слободен удар. Конечните 2:1 ги постави Керик во 78 минута.
„Искрено, слободниот удар не беше добро изведен, но имав среќа, топката удри во живот ѕид и го изненади голманот“, кажа Гигс.
Платини: Украина е подготвена за ЕП 2012 година
Претседателот на Европската фудбалска федерација Мишел Платини изјави дека Украина е подготвена за организација на ЕП 2012 година, иако има уште проблеми.
Како што е познато, УЕФА годинава му се закани на коорганизаторот на турнирот заедно со Полска, Украина дека ќе остане без домаќинството, бидејќи ги проби роковите за изградба на хотели, реновирање на стадиони и сообраќајната инфраструктура. Платини најави дека ќе ги посети градовите, но кажа дека се' уште не е познато во кои градови ќе се игра. Засега единствено е сигурен Киев.
|