РФМ ќе побара од екс-спонзорот Јорданов да се изјасни за долгот во рок од 15 дена
Роберт Димитриевски
Љубомир Савевски доби втора шанса како селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, која ќе ја води во наредните две години. Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на својата вчерашна седница прво го разреши Иле Темелковски, а потоа со само еден воздржан глас од присутните 11 од вкупно 15 члена на Одборот го избра Савевски за негов наследник. Со тоа УО ја прифати сугестијата од репрезентативците популарниот Цевак да продолжи таму каде што застана во баражот за Европското првенство 2004, кога за два гола не успеавме против Унгарија.
Савевски беше селектор и пред две години, но на женскиот национален тим, со кого на СП 2007 во Франција го освои 12-тото место. По отказот од Кометал Ѓорче Петров минатата година тој е без ангажман.
„Темелковски постигна успех со 11-тото место на СП во Хрватска но кај сите присутни таму се стекна впечаток дека ракометарите со својот квалитет го надминаа селекторот. Играчите се за Савевски, чии стручни квалитети се неспорни, а и ветува дека со годините го надминал своето однесување што му создаваше проблеми во минатото“, објаснува претседателот на РФМ Михајло Михајловски.
На Јосиф Петковиќ, пак, УО му го отстрани префиксот вршител на должноста, па српскиот тренер и официјално како селектор ќе седи на клупата на женската репрезентација во претстојните квалификациски дуели за ЕП 2010 во Данска и во Норвешка. И Петковиќ доби поддршка од репрезентативките, и покрај неуспехот во баражот со Австрија за СП во Кина.
Управниот одбор констатира побарување од над 100.000 евра од поранешниот главен финансиер на машката репрезентација Минчо Јорданов со неговите фирми. За надминување на проблемот ќе се побара од него да се изјасни во рок од 15 дена со соодветен предлог, кој би бил разгледан на нова седница на УО. РФМ побарува и 19.000 евра од ЕХФ во врска со ЕП во Македонија.
Марјан Начевски останува генерален секретар, но на определено време. Негова желба е наскоро да биде наследен од Христо Бошковски, кој моментно работи во седиштетото на ИХФ во Базел.
Извршниот орган на Федерацијата ги усвои пропозициите за тековната сезона, во кои новина е воведениот бараж за пополнување на суперлигите во кој седмопласираниот ќе игра со освојувачот на второто место кај прволигашите.
Konecno, vistinskiot covek na vistinsko mesto !!!
So sreka !!!
Од: ace
Датум: 02.10.2009 08:40:10
fala bogu se opametija i ovie od rfm. Cevak, neka ti e so sreka i ne dve tuku 20 godini da bides selektor
Од: machak
Датум: 02.10.2009 08:44:27
Sekoja cest.....konecno Ljupco Savevski dobiva moznost kakva trebase da dobie mnogu poodamna......ne osporno e deka e nasiot najdobar strucnjak, harizmaticen, poln so znaenje za rakometnata igra, no i dobar psiholog......Respect za noviot selektor i zelba za mnogu uspesna rabota.......Napred Makedonija
Од: filip
Датум: 02.10.2009 08:45:32
vistinski izbor coek so renome i strucnos ne onoj temelkovski bas me e milo sto dobi otkaz so seta sreka za savevski
Од: Koljo
Датум: 02.10.2009 12:22:40
Dobar izbor,od srce mu posakuvame uspesi so maskata rakometna reprezentacija.Savevski e vistinski strateg i strucnjak . Ja imate podrskata od Makedoncite ,ljubitelite na sportot .Vase e da rabotite profesionalno a drugoto ostavete go na zolto crvenata falanga koja sto ke vi dade podrska vo sekoj natprevar MAKSIMALNO !
Од: tabak
Датум: 02.10.2009 12:38:07
konecno imalo gospod....
ama sakame da gi vidime na slednoto svetsko...
pozdrav
NAPRED MAKEDONIJA