Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт
Алонсо би сакал да ја заврши кариерата во Ферари

Двократниот светски првак во следните три години ќе вози за тимот од Маранело

Роберт Димитриевски



Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо се надева дека својата кариера ќе ја заврши во Ферари, за кого ќе вози во наредните три години, почнувајќи од 2010. Ден откако екипата од Маранело објави дека Шпанецот потпишал тригодишен договор со нив, со можност за продолжување на уште една година, Алонсо на армијата репортери на Јапонското гран-при им изјави дека се надева оти ќе остане многу повеќе.

„Навистина мислам дека Ферари ќе биде мојот последен тим“, убеден е 28-годишниот возач на Рено. „Да се замине од Ферари за да се премине во друга екипа секогаш е чекор назад, бидејќи Ферари е повеќе од тим и сакам да ја завршам кариерата кај нив“.

Алонсо, кој своите две титули ги освои како пилот на Рено под сега суспендираниот тимски шеф Флавио Бријаторе, додава дека трансферот за него претставува остварување на сонот.

„Крајно среќен сум и подготвен за предизвикот во 2010“, вели тој. „Сметам дека Ферари и јас споделуваме многу работи, како што е пасијата за натпреварување и стопроцентното давање себеси во секоја трка. Затоа мислам дека ова е најдобриот правец во мојата кариера“.

Алонсо, кој во 2007 возеше за најголемиот ривал на Ферари, Мекларен, ги отфрли извештаите во медиумите дека сака да поведе некои механичари и инженери со себе. Тој тврди дека се' уште не знае кој ќе биде негов инженер за трка и кога ќе стартува во Маранело. Дури и изборот на патнички автомобил на Ферари е далеку на неговата листа на приоритети.

„Не планирам да поведам никого таму. Сметам дека во Ферари има доволно професионалци, таму се најдобрите луѓе во Формула 1 способни да го конструираат најдобриот болид.

Првиот Шпанец што ќе вози за Рено по Алфонсо де Портаго во 1957 година, вели дека уште сега може да ја почувствува емоцијата од возењето за најстариот и најуспешен тим во историјата на овој спорт. Тој се надева дека ќе испорача и резултати соодветни на укажаната доверба.

„Се надевам дека ќе можам да дадам максимум за тимот и во болидот и надвор од него и ветувам дека ќе бидам колку што е можно попрофесионален“.

Шпанецот во Ферари ќе го замени шампионот од 2007, Финецот Кими Раиконен, а тимски колега ќе му биде Фелипе Маса. Тој вели дека неговиот однос со Бразилецот е многу добар и оти одвај чека да работи заедно со него.

„Обајцата сме Латини и мислам дека тоа ќе излезе на добро“, верува тој. „Фелипе е во тимот повеќе години и може доста да ми помогне во прилагодувањето на екипата колку што е можно побрзо“.

Алонсо изјави и дека останал во контакт со Бријаторе, кој имаше успешна Ф1-кариера до доживотната казна што ја доби од ФИА за својата вмешаност во лажирањето на трката во Сингапур минатата година.

„Зборував со Флавио неколку пати и тој беше многу среќен поради мене“, вели Шпанецот. „Тој знае што значи Ферари и е крајно среќен околу мојата кариера“.

Алонсо додава и дека Бријаторе не страда многу по изгонот од Формула 1.

„Од моите телефонски разговори со него можам да кажам дека не ми изгледаше премногу загрижен. Вчера беше опуштен на плажа“.

Новиот член на Ферари му даде и поддршка на Роберт Кубица да го замени во Рено следната сезона. Полјакот има лоша сезона со БМВ Заубер, кој објави дека се повлекува од Ф1 на крајот од сезонава, а новиот сопственик допрва треба да си обезбеди место на патеката во 2010. Истовремено, Рено соопшти дека наследникот на Алонсо ќе го објави следната седмица.

„Знаете колку го ценам Кубица“, вели Фернандо. „Тој ми е еден од најдобрите пријатели и мислам дека е еден од најдобрите возачи во светот. Па, ако имаат можност, им го препорачувам“.

Во Ферари не го кријат задоволството што ќе го имаат Алонсо една година порано од претходно договорениот трансфер за 2011. Договорот паднал летоска, но слабите резултати на Ферари сезонава ја зголемиле желбата на раководството на италијанската екипа да го доведат големото засилување колку што е можно порано.

„Среќни сме што склучивме договор со Фернандо“, изјави тимскиот шеф Стефано Доменикали. „Тој не е само возач со голем талент, туку и победник, како што покажа во многу наврати во неговата кариера и во тешки услови. Неговиот придонес ќе биде многу важен во враќањето на Ферари на нивото на кое треба да биде - борејќи се за врвот“.

Чекорот на Алонсо го означи стартот на возачката вртелешка во Формула 1. Покрај Кубица од БМВ Заубер, се зборува дека Рено ќе го доведе и Хеики Ковалаинен од Мекларен, кој ќе мора да му ослободи место на сонародникот Раиконен. Освен тоа, се шпекулира и дека Нико Розберг од Вилијамс ќе го заземе местото на Рубенс Барикело во Браун, а Бразилецот неговото во екипата на сер Френк Вилијамс.

 


#
Статијата е прочитана 316 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Четири града во трка за Олимијадата 2016
„Црвено-црната“ амбиција е топ-16
Против Катар со тројца дебитанти, отпадна Тасевски
Савевски повторно селектор на ракометарите
Катастрофа на Милан, на Леонардо не му се тресе клупата
Мечевите ќе се играат во вторник и во петок
Ватерполистите на Работнички бројат ситно до Евролигата