Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт
Франција - импресивно физички силен НБА- тим

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Бидгошч против Франција (21 часот) го игра првиот меч од новоформираната група Е, во која се наоѓаат и Германија, со која играме в недела, како и Русија со која ќе се сретнеме во вторник.

Покрај нив во оваа група партиципираат и Грција и Хрватска, но како што велат правилата со нив нема да играме бидејќи веќе се сретнавме во првичната група А. Токму поразите од овие две репрезентации се виновни што кошаркарите на Јовица Арсиќ стартуваат како последни, без бодови во групата Е, од која во четвртфиналето ќе се пласираат првите четири репрезентации.

Вечерашниот наш противник, со кога се судривме во нашиот прв натпревар на едно европско првенство (кое се одржа 1999 година токму на „триколорската“ почва) во кој загубивме со тесни 71:67, изгледа моќно на ова ЕП. Славеше во сите три натпревари во групата и тоа против Германија со 70:65, против Летонија со 60:51 и Русија со 69:64.

Да, потсетиме Франција беше последната селекција која успеа да избори пласман на оваа европска смотра по успешните игри во дополнителните квалификации со Италија и Финска, а потоа и со победата над Белгија во финалето. Секако, чудно затоа што тоа е дефинитивно состав, кој спаѓа во самиот врв на европската кошарка. Иако, слетаа во Полска како „последни Мохиканци“, веднаш станаа потенцијален кандидат за медал. Французите се исклучителни атлети, со одлични физички предиспозиции и моторика, но како што вели селекторот Арсиќ не располагаат со кој знае каков шут. Колку за илустрација триколорите на првите три меча во групата имаа 14/53 за три, што е околу 26 отстотна успешност, а за два беа подобри и имаа 56/115, или 47 процентна реализација. „На прв поглед изгледаат страшно. Тоа се силни кошаркари, против кои е тешко да игра во рекет. Но, и надворешната линија им е силна. Тоа е чуден тим, ако има свој ден никој не може да ги победи, но знаат и да потфрлат“, посочи Арсиќ.

Прва ѕвезда на тимот е плејмејкерот на Сан Антонио Тони Паркер, кој засега е втор стрелец на првенството со 19,7 коша по натпревар, зад Елијаху од Израел со 21,3 коша по меч. Тој освои веќе две титули во НБА лигата и беше МВП на големото финале. Човек на одлука и главен организатор. Се се врти околу него, но не е единствен со НБА искуство. Тука е Рони Туријаф од Голден Стејт. Поседува импресивна сила, која знае да ја искористи, но може да влезе и во серија добри шутеви. Голема минутажа има и играчот на Шарлот, Борис Дијао - уште еден урнебесен скокач. Квартетот НБА кошаркари го затвора 201 см. високиот играч на Портланд Николас Батум. На нив фино се надополнува и Флорен Пјетрус постариот брат на Михаел од Орландо, кој моментно игра за Ортез. Од младите најголемо внимание привлекува плејот на Ле Ман Антоин Диот, кого го нарекуваат Џон Стоктон.

Франција, чија убиствена контра мора да се спречи, ако се сака успех, на последното ЕП беше осма, а пред четири години бронзена.


#
Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Тимскиот дух мора да се поправи за Бидгошч
Катастрофални грешки за нов пораз
Англија ја демолира Хрватска, Португалија се враќа во игра
Нов рекорд на Федерер
В недела Септемвриски турнир
МЗТ Скопје ќе игра во Првата кошаркарска лига и во новата сезона
Јосифоска во второто коло во Сараево
Димовски остана без медал на СП
Надежите и натаму се надеваат