Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Катастрофални грешки за нов пораз

Македонија поразена и во последниот меч во квалификациите за СП од Норвешка во Осло 2:1 (2:0)

Миодраг Мицковиќ

Каков студен туш за фудбалерите на Македонија на последниот квалификациски меч за настап на светското првенство во Јужна Африка идната година против Норвешка во Осло. Мечот речиси и не беше започнат, веруваме дека и повеќето гледачи на стадионот „Улевал“ и не го видоа голот на своите миленици. Не минаа ниту две минути од судискиот свиреж кога Норвежаните дојдоа во водство по еден подарок на голманот Пачовски. Тоа беше негова прва катастрофална грешка на овој натпревар. Педерсен нафрли од левата страна, топката не беше силна, но нашиот голман несмасно интервенираше, кусо ја одби топката, таа непречено дојде до Хелстад на кого не му преостана ништо друго туку да ја упати во празната мрежа.

Овој гол делуваше како шок за нашите играчи, кои долго време не можеа да се соземат, играа неповрзано, не можеа да состават две-три додавања. И Норвежаните не прикажаа кој знае каква игра, немаа шанси, но затоа за да дојдат во водство од 2:0 се погрижи одново голманот Пачовски во 25 минута. Зарем е можно да прими таков гол, иако беше во тој агол каде што одеше топката испратена од косо од А. Рисе. Речиси сам ја уфрли во својата мрежа.

Беше јасно дека нашите репрезентативци тешко ќе се соземат по овие евтино примени голови. Во тој прв дел немаа ниту една шанса, ниту пак удар кон голот на Каудсен.

Се разбудија во вториот дел кога Јонуз направи неколку измени, во игра ги уфрли Ибраими, Алими и Ивановски. Се ослободија од притисокот на Норвжаните, кој не беше толку силен, почнаа да создаваат шанси. Во 71 минута Алими имаше чиста ситуација, можеше да тргне неколку чекори кон голот на Норвежаните, но веднаш биеше право во домашниот голман. Една минута подоцна Седлоски од непосредна близина биеше над голот на Кнудсен, за да конечно го постигнат толку очекуваниот прв гол во гости. И тоа кој - одбранбениот играч Грнчаров кој од непосредна близина најдобро се снајде и го совлада норвешкиот голман. По овој погодок Норвежаните се повлекоа, почнаа да се бранат, но фудбалерите на Македонија не ја искористија таа нивна збунета игра.

Тие последни дваесетина минути беа најдоброто издание на македонските фудбалери на стадионот во Осло. И нова шанса, прекрасна за Филип Ивановски, влезе во шеснаесетникот и од десеттина метри, кога веќе сите ја видоа топката во мрежата, го погоди голманот.

И на крајот, во последните секунди од трите минути продолжение, Милдстрем, од една безопасна ситуација ја погоди пречката.

Се' на се' катастрофални грешки, евтино примени голови, слабо прво полувреме, многу подобра игра во вториот дел, но без резултат. Тоа е епилогот на средбата со Норвешка.

„Многу рано примивме гол и тоа го измени нашиот план за играта во Осло. За да биде нашата несреќа поголема брзо примивме и втор евтин гол. Тоа беа катастрофални грешки кои го решија овој меч. По подолга пауза видовме едно добро второ полувреме, секогаш играме подобро во првиот дел. Иако, имавме негатива од два гола, со малку среќа можевме да останеме непоразени“ изјави селекторот Јонуз.

Норвешка-Македонија 2:1 (2:0)

Стадион „Улева“. Гледачи 15.000. Судија Паиксао од Португалија. Стрелци Хелстад во 2 и А. Рисе во 25 за Норвешка, а Грнчаров во 79 минута за Македонија.

Норвешка: Кмудсен, Хојланд, Вилер, Хангеланд, А. Рисе, Б. Рисе, Хаугер, Гриндвајн, Педерсен, Кару (Братен), Хелстад.

Македонија: Пачовски, Седлоски, Грнчаров, Митревски, Попов, Шумуликоски, Георгиевски, Тасевски (Алими), Наумоски (Ивановски), Пандев, Стојков (Ибраими).

Конечна табела

Резултати, последно коло: Норвешка - Македонија 2:1, Шкотска - Холандија 0:1

Холандија 8 8 0 0 17:2 24

Норвешка 8 2 4 2 9:7 10

Шкотска 8 3 1 4 6:11 10

Македонија 8 2 1 5 5:11 7

Исланд 8 1 2 5 7:13 5

 


#
Статијата е прочитана 561 пати.

Испрати коментар

Од: stefan
Датум: 11.09.2009 02:36:07
ne vie sram go izbrukavte pacovski.oti ne spomnite deka imase nekolku dobri odbrani i spasi dva do tri cisti golovi.dokolku razbiravte od sport nemase da zborate tolku niski i ponizni zborovi bidejki poveke vinata e na odbranata koja dozvoli norvezanite da caruvaat vo nea.a vie barate eden vinovnik.mizerno i neprofesionalno od vasa strana
Од: Ognen Belicanski
Датум: 11.09.2009 02:56:42
zuti za selektor!!!!
Од: sase
Датум: 11.09.2009 15:32:05
velice sumolikoski (najslab igrac sto nekogas igrak za reprezentacija) sedloski i ilco naumoski dosta im e vo reprezentacija

Најди! во Утрински
Спорт
Тимскиот дух мора да се поправи за Бидгошч
Франција - импресивно физички силен НБА- тим
Англија ја демолира Хрватска, Португалија се враќа во игра
Нов рекорд на Федерер
В недела Септемвриски турнир
МЗТ Скопје ќе игра во Првата кошаркарска лига и во новата сезона
Јосифоска во второто коло во Сараево
Димовски остана без медал на СП
Надежите и натаму се надеваат