Некои кошаркари незадоволни од минутажата ја нарушуваат атмосферата во репрезентацијата
Наум Котевски
Мина првата фаза од европскиот шампионат во Полска и време е да се повлече црта за она што е направено и што може да направиме во новоформираната група во Бидгошч. Доживеавме „грчка трагедија“ на стартот од натпреварите во Познањ. Се излажаа некои кошаркари, а мора да признаеме и ние новинарите, за што ете и се извинуваме на јавноста, дека ќе може да и парираме, ако не и да го победиме реновираниот тим на европскиот шампион од 2005 година, предводен од Литванецот Јонас Казлаускас. Разлика во класи, иако во микс-зоната нашиот центар Перо Антиќ со тажна гримаса на лицето ни кажа: „Ова не е реалната слика за овој тим“.
Грците потоа во вториот меч ја прегазија и Хрватска, со што покажаа дека се еден од главните кандидати за титулата. Оттаму и би се глупирале кога би влегле во некаква трка по заклучоци кога на пистата имаш „ферари и фиќо“. Во вториот натпревар на радост на околу 500 македонски навивачи во Познањ успеавме да го совладаме Израел, во клучниот меч за втората фаза, нашата базична цел пред доаѓањето на европската смотра. Чуден беше тој регенеративен македонски балзам, кој по само 24 часа, како ретко кога, ја посеа со влакна нашата избричена глава од јужниот сосед. Се надминаа себе си сите кошаркари. Делувавме импресивно и во нападот и во одбраната, покривавме, игравме крваво во одбраната, блокиравме шутеви, добро се отворавме и создававме вишок. За издвојување беше играта на нашите центри, Самарџиски, Антиќ, Гечевски, Мејси, кои по стратегијата на Арсиќ играат секогаш во ротација по двајца. Дополнителен квалитет внесе и Дарко Соколов, кој не настапи на првиот натпревар. Третиот ден дојде и мечот со Хрватска. Никој не се удираше во гради дека може да ги победиме „коцкестите“, кои се објективно посилен тим, и од тој аспект ајде да кажеме и дека не треба да очајуваме. Но, ја немаа таа сила која може да го спречи огромното разочарување од она што се случи на самиот терен. Импресивно прво полувреме и водство од дури 14 разлика, кое на крајот се претвори во 81:71 за Хрватите. Во првите 20 минути играа сите, а во вторите никој. Проблеми со психата, но и со одговорноста. Дознаваме дека на полувремето од мечот секогаш контроверзниот Перо Антиќ жестоко го нападнал селекторот Арсиќ, зошто човекот не бил задоволен од минутажата. Еден од најдобрите наши кошаркари против Израел (стрелец на 19 коша) си дозволи да ја наруши атмосферата во репрезентацијата и тоа види богати, кога неговиот национален ти�� има предност од 14 коша! Сето тоа очигледно влијаеше на останатите кошаркари, кои не постоеја на теренот во вторите 20 минути. Хрватите имаа отворени шутеви од сите позиции, а Планиниќ беше незадржлив. Го минуваше Тасовски со ефтини финти, одеше директно на Гечевски и поентираше со положување и од игра со грб. Како други луѓе да го облекле дресот на националниот тим, како сега да сме слетале од кондициските подготовки на Златибор.
Факт е дека и селекторот Арсиќ има своја вина за одредени лоши периоди во нашата игра. Посебно на нерви оди неговото безобразно инсистирање на ротација - дури и во моментите кога на некој кошаркар му „фаќа раката“, српскиот стручњак знае да го седне на клупа. Еклатантен пример за тоа е Мејси, единствениот разбивач на одбрани во нашиот тим, кој недозволиво, во овој лимитиран состав има мала минутажа (околу 20 минути). Но, и при така поделени карти на масата, не смее ниту еден кошаркар да се става над селекторот. Победата треба да биде се'. Тоа мора да биде ултимативниот закон на селекторот Арсиќ на кој треба да се придржуваат сите кошаркари. Кому не му се допаѓа нека го фати авионот и правец Скопје, а не во три по полноќ да се шета по улиците во Познањ со пиво и гиро во раката. Арсиќ и останатите одговорни луѓе во репрезентацијата не смеат да дозволат тоа да се случува и во Бидгошч.
Минатата година Познањ беше домаќин на конференцијата за климатски промени, а деновиве домаќин на нашите промени во главата. Пласманот во четврт-финалето во групата од Бидгошч е сон, а реалноста треба да биде тимското заедништво.
Конечни табели
Група А
1. Грција 6, 2. Хрватска 5, 3. Македонија 4, 4. Израел 3
Група Б
1. Франција 6, 2. Русија 4, 3. Германија 4, 4. Летонија 4
Група Ц
1. Словенија 5, 2. Србија 5, 3. Шпанија 5, 4. В.Британија 3
Antic pred nekoj den kaza selektorot ne naucil makedonski.Ako bese trener vo anglija ?
Pobeda nad se ama i selektorot neka ne misli deka e povazen od reprezentacijata.
Toj sto go izbral da ne go plaka od svoj dzep?
Od totalen anonimus stana selektor na reprezentacija
Neka odi od kaj sto dosol i toa sto pobrzo.
Од: Riste
Датум: 11.09.2009 09:55:03
apsolutno vistinito! Arsic potfrli sosema, los izbor na igraci (mladite sedat doma, starite bozem ce ja nosat igrata), slaba koordinacija medju igracite, Nemanje na sens za igra. Baj, baj ... samo toa e za arsic
Од: Saso
Датум: 11.09.2009 10:15:45
Malku se komentira vodenjeto na timot od klupata. Na Arsic moze mnogu da mu se zabelezi, neka go potsetat barem tamosnite izvestuvaci na slednite natprevari deka vo odredeni situacii treba da se koristi tajm-aut, da se organizira ekipata za da se igra posigurno.
Од: Todor
Датум: 11.09.2009 10:30:33
Sekoj obicen ljubitel na kosarkata moze lesno da zabelezi deka Arsic neznae da ja vodi reprezentacijata. Od nebo se gledaat nesoodvetnite zameni, startni petorki so najslabite igraci, dozvoluvanje protivnikot da napravi 12:0 bez da povika time-out, taman razigran igrac go vadi, ama ne na 5 min tuku do pred kraj na natprevarot...So dobar selektor ovaa nasa najdobra generacija ke imase sansa za odlicen rezultat. No, kako i sekogas-neznaeme kako da gi isterame rabotite uspesno do kraj!
Од: Ti si Makedonija
Датум: 11.09.2009 13:09:37
Arsic esnostavno ne veruvashe vo pobedata i toa beshe poveke od ocigledno.
Vo vtoriot del nemavme nikakov gameplan, a jasno beshe deka Repesha ke im nametne na negovite igraci da trgnat mnogo poagresivno i da gi zatvorat obidite od 6.25 metri.
No nie nemavme odgovor za toa (vsushnot ne se ni obidovme da napravime takticka promena) i izgubivme vo ocajna igra.
Tocno e deka Hrvatska e mnogu pokvalitena reprezentacija od nas, no tocno e i deka + a4 e ogromna prednost vo kosarkata i deka trener od visok profil ke znaeshe da ja zadrzi i deka nemashe da dozvoli takov ocaen performan vo vtoriot del.
Drzenjet na ubedlivo najdobriot kosharkar vo reprezentacijata Mejsi na klupata, e posebna prikazna koja treba i posebno da se analizira.
Ovde samo ke spomenam edka nacinot na oj Mejsi beshe koristen vo utkmicata so Hrvatska e katastrofalen i za toa Arsic treba da ja ponese odgovornosta.
Од: ljube
Датум: 11.09.2009 14:23:32
Gi citam "strucnive"komentari i ne mozam da se iznacudam.Se prasuvam,kade se toa go naucija i kade toa znaenje go prezentiraat.Za uspeh na sekoj tim ili reprezentacija najosnovna e disciplinata.Igracite ne se tie sto trba da kazuvaat koga treba da igraat a koga ne.No vo nedostatok na "pogolem"igracki kvalitet i onie malce sto "vredat"se postavuvaat dominantno pred i site.Odlika na zvezdite e suprotna od odnosot na nasite takanareceni zvezdi.Vistinskite se primer vo sekoj sostav.Zatoa nema sto da se krivi selektorot.