Јосифоска во второто коло во Сараево
Првата носителка Александра Јосифоска без проблеми ја прескокна првата пречка на тенискиот фјучерс во Сараево, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 10.000 американски долари. Јосифоска, која оваа седмица е 575. на ВТА-листата, славеше со 6-2, 6-1 против Бистра Оташлиска (809.) од Бугарија. Противничка на најдобрата македонска тенисерка во второто коло синоќа требаше да и' биде српската квалификантка Дуња Сункиќ. (Р.Д.) |