Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Ненси Вејк

Завршена животната приказната на најгламурозната агентка

Додека ги постројувала, организирала и ги храбрела групите составени од мажи и бегала од непријателот во Втората светска војна, Ненси Вејк никогаш не престанала да биде дама. Се зборува дека Германците во еден од автомобилите во кој се возела пронашле нејзини работи – крем за лице, чај и сатенско перниче. Но, иако женствена, таа знаела да се однесува во машкиот свет на смели воини

Убава, гламурозна и смела – животот на Ненси Вејк бил обележан со возбудливост, поглавја од бестселери и сцени како од некој холивудски филм. Како поинаку да се опише сликата на убава девојка во пално од камилско влакно и чевли со високи потпетици како скока од забрзан воз и бега низ лозјата за да се скрие од нацистите, на чија листа била една од најбараните агенти?

Минатата недела, на 7 август, нецел месец пред 99. роденден, Ненси Вејк починала во Лондон, градот во кој ги минала последните неколку години од својот живот. Ни во десеттата деценија од животот Ненси не била обична старица. Персоналот на хоте��от „Стафирд“, близу до Пикадили, во кој живеела, секое утро ја дочекувал на шанкот на хотелскиот Американ бар, каде што денот го започнувала со џин-тоник. На чаша од својот омилен пијалак се враќала предвечер, раскажувајќи им на собраните интересни епизоди од својот живот. Малку е веројатно дека постоел некој што не бил импресиониран од приказните на возрасната госпоѓа, иако било тешко да се поверува дека не станува збор за фикција. Таа најотмена агентка што ја видел светот, еден нејзин колега ја опишал со следните зборови: „Најженствената жена што ја познавам до моментот кога започнува тепачката. Тогаш се претвора како петмина мажи“. Тоа е жена која со голи раце убила еден СС-овец за да го спречи да го вклучи алармот и да повика помош. Тоа е жена која во бегство од нацистите, со велосипед поминала речиси 800 километри, минувајќи низ окупираните подрачја. Не зачудува што Вејк била најбараната личност на листата на Гестапо, кој и' го дал името Белото Глувче, поради нејзината ненадмината вештина на криење од смртоносната рака на германските власти.

Родена на Нов Зеланд, како најмлада од шесте деца и порасната во Сиднеј, Ненси веќе на 16 години, водена од немирниот дух, ја напуштила јужната полутопка и талкала низ Њујорк, Лондон и Париз, каде што работела како дописничка од Европа за весниците на американската медиумска компанија „Херст“. Во Франција станала жена на богатиот индустријалец Анри Едмон Фјоси, кој и овозможувал омилени дружена со скапо шампанско и кавијар. Но, амбициите на Ненси не престанале со мажачката за богаташ и животот што го водела со него во Марсеј. Веќе неколку години порано, Вејк била сведок на растот на моќта на Адолф Хитлер. Имено, во 1933 година, таа го интервјуирала фирерот во Виена. Одговарајќи на прашањата на елегантната новинарка, Хитлер веројатно тешко можел да замисли дека таа ќе стане негов кошмар, за чиешто апсење ќе нуди пет милиони франци. Во Франција, што ја окупирале Германците, Вејк станала курирка на движењето на отпорот. Нејзината храброст и подготвеност на ризици наскоро им станале познати не само на сојузниците, туку и на германските власти, кои ја следеле, ја прислушувале на телефон и и' ја проверувале поштата. Животот на Ненси бил во немерена опасност. Но, тоа не ја спречувало да ги продолжи своите акции во кои пронаоѓала можности за бегство, саботажа на нацистичките планови и, како што пишуваат британските медиуми, „спасување стотици, ако не и илјадници животи“. Вејк вешто се извлекла и од апсењето од страна на француската полиција. Пуштена е благодарение на своето двојно државјанство и комбинацијата на шарм и лаги. Знаејќи дека е прашање на час кога ќе биде откриена лагата, Вејк преку Пиринеите побегнала во Шпанија, а оттаму преку Гибралтар во Британија, каде што станала една од најважните координаторки на британските специјални операции и завршила шпионска обука.

Истовремено, нацистите во окупирана Франција, го фатиле нејзиниот сопруг, го мачеле и на крајот го убиле, зашто не сакал да открие каде се наоѓа таа. За неговата трагична смрт Ненси Вејк дознала дури по завршувањето на војната во која имаше важна улога во операции како денот Д. Ноќта на 19 февруари 1944 година е испратена во Франција за да предводи 7.000 војници и да ги саботира нацистичките инсталации низ земјата.

Додека ги постројувала, организирала и храбрела групите составени од мажи и бегала од непријателот, Ненси Вејк никогаш не престанала да биде дама. Се зборува дека Германците во еден од автомобилите во кој се возела, пронашле нејзини работи – крем за лице, чај и сатенско перниче. Во своите скривалишта секогаш имала вазна со цвеќе. Но, иако женствена, таа знаела да се однесува во машкиот свет на смели воини. Кога нејзиниот падобран слетал во крошната на едно дрво, еден агент-сојузник коментирал дека се надева дека почесто ќе наидува на „такво прекрасно овошје на дрво“. „Престани со тоа француско срање“, му одговорла агентката Бело Глувче. До крајот останала верна на својот сопруг, одолевајќи на понудите на колегите-агенти. „Ако бев со еден од нив, ќе преминуваа планини сакајќи уште“, кажала Ненси еднаш, објаснувајќи зошто аферите не биле за неа.

Не зачудува тоа што нејзиниот живот го инспирирал славниот британски автор Себастијан Флукс, според чија приказна е снимен филмот „Шарлот Греј“ со Кејт Бланшет во главната улога. Кога „вистинската Шарлот Греј“ во 1985 година ја објавила својата автобиографија, книгата набрзо станала бестселер. По завршувањето на Втората светска војна, Ненси Вејк нек��е време работела во тајната служба на британските воздушни сили. На жената која покрај со својата храброст, била и најголемиот украс во борбата против нацистите, светот и' се заблагодарил со грст медали од Обединетото Кралство, Франција, САД и, конечно, во Австралија, меѓу кои и признанието Легија на честа и три Воени крста во Франција и британскиот медал Џорџ. Со Австралија некое време била во налутена откако отпрвин не сакале да и' дадат одликувања.

Кога подоцна и' понудиле, таа експлицитно ги одбила со прост речник. Австралија и Ненси, конечно, се „смириле“, па во 2001 година ги примила нивните одликувања. Некое време кокетирала со политиката во Австралија, каде што се вратила со вториот сопруг, нопоследните години од животот, сепак, одлучила да ги помине во Обединетото Кралство. Но, за вистинска татковина ја сметала Франција, што покажала и со последната желба, нејзините посмртни останки да се префрлат во таа земја.

Персоналот на хотелот „Стенфорд“ од почетокот на приказната тврди дека до последните денови Вејк не им била наклонета на Германците. Иако признавала дека имала „тешки денови“, се чувствувала благословена со интересен живот, кој наскоро ќе биде екранизиран. Австралискиот режисер Брус Бересфорд најавил снимање филм за нејзиниот живот веќе идната година. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1171 пати.

Испрати коментар

Од: civiliziranost
Датум: 13.08.2011 20:22:19
Drago mi e shto prenesovte statija za eden borec protiv fashizmot ,vo vreme koga kaj nas se plukaat antifashistite i nivnoto delo. Neka vidat revizionistite na istorijata kako vistinskiot demokratski i civiliziran svet znae da ceni i gi pochituva do kraj svoite borci za sloboda. Slava i'!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Драматични предвидувања на МКГ за Македонија
Македонец режисер во бугарската серија „Стаклен дом“
Да не го користат „Космос“ за дневнополитички поени
Мис на Македонија за мис глоуб 2011
Катерина и Гордана
Нов предизвик за Петар Стојчев
Јубилејна 10. победа на Бугаринот Стојчев
Пострамковна Македонија
Скромна зеленчукова понуда
Брејвик врзан со синџири се врати на Утоја
Приоритети во организацијата на една свадба
„Самсунг“ доби судска забрана да продава „Галакси таб“ 10.1 во ЕУ
Враќај на прва, враќај на ЈУ-носталгија!
Четворица загинати на концерт во Индијанаполис
Заразните болести поопасни од ракот
Нема потврда дека монструмот е Македонец
За менталното здравје на нацијата?
Не грижете се! ќе ви попаднат лисјата! скраја да е!

"""