Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Поглед

Катерина и Гордана

Љупчо Поповски

Кога словенечката министерка за внатрешни работи Катерина Кресал во ноември 2009 година беше во Скопје настана вистински метеж во МВР. Сите сакаа да бидат поблиску до убавицата на денот, до русокосата министерка која во 2010 година беше прогласена за „Жена на годината“ во Словенија. Нашата дама, Гордана Јанкуловска, се разбира, беше добар домаќин, а беше и презадоволна што на една прес-конференција со колега од странство имаше толку многу новинари и камери.

Што ли прават сега нашите полициски функционери кои потскокнуваа околу убавата Катерина, настојувајќи да и' се допаднат што е можно повеќе. Нивната Катерина, омилената Катерина, поднесе оставка во владата затоа што, замислете, антикорупциската комисија се сомнева оти не била правилно извршена постапка за изнајмување простории за Националната истражна комисија.

Какви дребулии, одмавнуваат со главите нашите полициски функционери. Да се поднесе оставка заради извештај на државен ревизор за кој потоа расправаат антикорупционерите? Па уште и Катерина Кресал, која �� и претседател на либералните демократи, коалициски партнер во владата, да вели дека поднесува оставка оти „комисијата за борба против корупцијата ја стави под сомнеж мојата работа и таа на мојата екипа“.

Зарем е можно тоа? За кирија за некои простории? Па, на нашата министерка Гордана нејзините специјалци и' убија дете ноќта кога славеше партија, па никому ништо. Нашата Гордана е политичка личност, таа нема потреба да се обѕрнува на јавноста. Мислевме, си ја чешаат главата нашите полициски функционери, дека Катерина е вистинска жена од мрамор, убава и студена, но види, нејзината чесност се растревожила. Чудни некои луѓе овие Словенциве, поднесуваат оставки за банални работи поврзани со совеста.


#
Статијата е прочитана 3009 пати.

Испрати коментар

Од: nikola
Датум: 13.08.2011 00:21:58
imashe eden grafit "Mamo mamo najubav sum na fakultet"-Ljupco najubav si od novinarite!
Од: Здра
Датум: 13.08.2011 00:36:46
Попе, абе ај те молам. Уште ли си во филмот на БЦ? Кога ќе престане, а одамна е кај вас престанато, да говори рациото, запчнува глупоста и омразата.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 13.08.2011 00:41:37
Gordana bi go ubila i sopstveniot tatko za sopstvenata partija.
Од: граѓанин
Датум: 13.08.2011 00:52:53
Ма овие пуштиле нокти во фотељите, нема шанси да остапат од слатката им власт. Каква морална одговорност - тој термин го нема во македонскиот речник.
Од: macor
Датум: 13.08.2011 00:55:24
....a i nasata gordana e mnogu poubava od Katerina...
Од: Виктор
Датум: 13.08.2011 03:41:02
Ај воздра и до тебе Здра и прашај се од тебе што говори, партиската директива, љубомората или и тебе Б.Ц. ти крадел сливи па го спомнуваш и кај што му е место и кај што не му е.
Од: respekt
Датум: 13.08.2011 03:52:06
Ке потсетан само на два(од низа),,бисера,, на Јанкуловска. На прашања на новинарите:1.Кako тоа,Латас во еден ден извади потврда дека не бил кодош,одговори :,,,министерството за внатрешни работи по сите барања од граѓаните, постапува согласно законите на РМ....,,,2.,,Како тоа МВР молчи за 800 000евра најдени во шише кај наш граѓанин на маѓарска граница, одговори:,,делото се случува на странска територија...,,,Во Македонијја, најреално е да очекуваме,НАРОДОТ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА..
Од: Zvonko
Датум: 13.08.2011 04:24:34
ne se zalazuvajte tolku so pricinata za ostavkata,toa e samo fasada,kojznae sto e vo pozadina,ne se ni slovencite "Deva Marija",pa verojatno nitu ovaa Katerina.Nema pominato mnogu vreme od kako nivniot funkcioner vo EU bes faten na delo za korupcija.inaku i kaj nas se otkazuvaat od ministri eve na primer Milosovski se otkaza vo ime na roditelskata obvrska,e pa aj sega nekoj neka dokaze deka e toa vistinskata pricina.
Од: klient
Датум: 13.08.2011 08:32:54
Vasata prekrasna i "precesna" Katerina imase obvinuvanja i deka se drogirala, pa ne sakase da dade primerok od prekrasnata i kosa za da se utvrdi od koga upotrebuva narkotici. Pa ne dade ostavka. Nejzinite policajci nekolku pati ja imaat sopreno so nejziniot ministerski avtomobil kako vozi okolu 300km/h, pa ne plati ni kazna, a za ostavka ic na pamet ne i padna... Deka bas od mnogu cesnost si dala ostavka za nepravilno iznajmuvanje na nekakvi prostorii, nesto ne e za veruvanje. Aj sto e Slovenka, ama e i drugarka na Gordana, neli!
Од: mene
Датум: 13.08.2011 08:36:12
Kakva ostavka kakvi bakraci,pa koj bi ja zamenil Gordana?
Од: Neoantikus
Датум: 13.08.2011 08:56:48
Sovesta, politickata i moralnata odgovornost se nepoznati raboti vo Neoanticka Makedonija. Pa kaj nas od odredeni vraboteni vo MVR za malku nce go zabosotea ubistvoito na Martin, ako ne bese fejbuk Twiter i nekoi novinari, i nikogo vlakno od glavata ne mu fali.A onaj "macor "ako toa navistina go misli , pod itno neka odi kaj ocen lekar
Од: Itar Pejo
Датум: 13.08.2011 09:32:26
Nas ne ni e ideal truliot Zapad. Novnatot da kaze kako se slucuva vo Turcija ili Zimbabve.
Од: Mapkoc
Датум: 13.08.2011 12:30:15
Браво за г. Поповски. Најпрвин што така промптно реагирал на оставката на госпоѓа Кресал (поднесена е на 11 август). И што така вешто посочил на разликите во сфаќањето на политичка одговорност кај двете министерки. Разликите, јасно, произлегуваат од нивото на политичката култура. За жал - не само во Македонија - не забележувам некои исчекори. Како ништо да не се сменило од несреќата во рудникot Какањ 1965-та (128 загинати рудари), по која се „прославил„ надлежниот министер со изјава дека најлесно било да се даде оставка, затоа и не ја дал.
Од: stara VMRO-vka
Датум: 13.08.2011 14:11:23
Znaete kolkava razlika ima od Katerina do Gordana,kako Bog i sesirdjija.Nema nikakva sporedba,taka da nema mesto za muabet.I taka taa e samo stavena da figurira tuka ,se znae koj manipulira so nea.Ama koga ke dojde vreme ima koj da odgovara za mnogu raboti.A vie sto gi branite,pazete si gi svoite deca,da ne gi ubie uste nekoj od nivnoto obezbeduvanje,ionaka vladee anarhija.
Од: zoki truba
Датум: 13.08.2011 17:53:09
Koga partijata i licnite interesi se stavaat pred coveckite osobini kako Moral i Principi sto za visoko obrazovana licnost kako Gordana ne gi prepoznava vo sebe , mozebi imala traumi od detstvoto i ne podlegnuva na nikakvi pritisoci . Bravo Gordano samo taka , treba da drzis predavanja na nasata mladina kako covek treba da se drzi za sviote principi . VMRO i se drugo vo vtor plan .
Од: toni
Датум: 14.08.2011 10:28:03
krizata ima edno ime" nikola"-hail nikola!!!
Од: Tomislav
Датум: 14.08.2011 14:40:29
I vo London policijata ubi mlad covek na ulica, pa ministerot ne podnese ostavka, a niti pak nekoj pobara ostavka od nea(i tamu e dama minister). Nemase protesti so politicki baranja kako kaj nas. Eve vcera i vo San Francisko isto ima slucaj na policiska brutalnost, ubien e covek od policijata...i cudo...niti ministerot podnel ostavka, niti pak nekoj pravi protesti za da pobara politicka odgovornost. Samo kaj nas nekako cudno se svakaat demokratijata i covekovite prava. Niti Anglicanite, niti Amerikancite nisto neznaat za toa...kako tie da pobaraat ostavki zaradi policiska brutalnost,koja sekade se slucuvala,se slucuva i ke se slucuva...a ministerot e najmalku vinoven. No...kaj nas opozicijata ne moze da ostane mirna, mora nesto da napravi sto pobrzo da dojde na vlast...pa makar toa bilo i so zloupotreba na smrt na mlad covek.
Од: Boki
Датум: 14.08.2011 15:52:24
Ne se brukajte so tnr. ecenata micisterka na mvr. Taa ne e nisto, taa samo gi slusa sefovite.Zatoa nikoj ne ja broi Mk, a toa e tolku vidlivo.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Драматични предвидувања на МКГ за Македонија
Македонец режисер во бугарската серија „Стаклен дом“
Да не го користат „Космос“ за дневнополитички поени
Мис на Македонија за мис глоуб 2011
Нов предизвик за Петар Стојчев
Јубилејна 10. победа на Бугаринот Стојчев
Пострамковна Македонија
Скромна зеленчукова понуда
Завршена животната приказната на најгламурозната агентка
Брејвик врзан со синџири се врати на Утоја
Приоритети во организацијата на една свадба
„Самсунг“ доби судска забрана да продава „Галакси таб“ 10.1 во ЕУ
Враќај на прва, враќај на ЈУ-носталгија!
Четворица загинати на концерт во Индијанаполис
Заразните болести поопасни од ракот
Нема потврда дека монструмот е Македонец
За менталното здравје на нацијата?
Не грижете се! ќе ви попаднат лисјата! скраја да е!

"""